verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики

on 9 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Грчките-медиуми-ги-земаат-за-пример-нашите-економски-политики-crop-resize

 

Напумпан наслов и текст кој нема никаков допир со реалноста. Се наведуваат замислени заклучоци, кои не се поткрепени со никакви факти и наводи. Со еден збор, авторот на овој текст од  „мравкка направил слон“.

Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политикиЛинкуван наслов на анализираниот напис: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики

Датум и време на објавување: 03.03.2015

Датум на рецензирање: 06.03.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и најверојатно се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано, пренесува МИА.

Ова денеска го пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти  и во исто време ја пренесуваат изјавата на директорката на Фондот Кристин Лагард.“

Грчките медиуми, наводно (велиме „наводно“, бидејќи тие не се цитирани, ниту линкувани, поради што лесно може да се заклучи и дека пренесената вест е измислица), ја пренеле информацијата дека Македонија предвреме го отплатила својот долг кон ММФ и изјавата на Лагард која го поздравила ваквиот потег. И тоа е сè. Од пренесување на една информација не може да се изведе заклучок дека грчките медиуми ги зеле за пример македонските економски политики. Ова оттаму што поимот „економски политики“, кој е употребен во насловот, е доста широк и не подразбира само враќање на еден долг.

Оваа вест ја пренесоа и некои босански медиуми, а, сепак, авторот не напишал дека тие ги земаат за пример нашите економски политики.

Факт е дека Македонија го отплати својот долг кон Фондот предвреме, но факт е и дека парите со кои Владата го врати овој кредит се, исто така, од странски кредитори – еврообврзницата. Имено, Владата одлучи да отплати евтина кредитна линија со пари од поскап извор на финанасирање.

„Сега ние имаме состојба во која поефтин кредит се враќа со задолжување што го направија со повисока камата, односно преку Еврообврзницата. Односно, кредитот што беше земен со ниска камата, Владата го врати со кредитно задолжување со повисока камата. Според пресметките што ги направив, ефективната каматна стапка на последната Еврообврзница изнесува 5,1%, и со вакво задолжување ние раздолживме кредит со камата нешто повисока од 1%, вели екс гувернерот Гошев во изјава за порталот Фактор.“

Оттука, нелогично е некој ваквиот потег да го зема за пример. Поради тоа, лесно може да се каже дека авторот на овој текст имал цел да го изманипулира читателот дека Владата направила одличен чекор, за што „капа ѝ симнала“ Грција, земјата со која сè уште не сме го решиле спорот за името на нашата земја, не пренесувајќи ги целосно сите факти поврзани со отплатата на долгот кон ММФ. Во тоа му помогнале и наводните грчки медиуми.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести