verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цела Македонија да гласа за ГТЦ? Како што цела Македонија гласаше за „Скопје 2014“?

on 29 - 03 - 2015       

cela-makedonija-gtc-odluciva-centar-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Цела Македонија плаќала за ГТЦ, само Центар ќе одлучува]

 

Во написот што е предмет на рецензија, испоровоциран од идејата на градоначалникот на Центар за спроведување референдум околу изгледот на ГТЦ, не се гледа кој е изворот на информациите за тоа како се собирале средства за ГТЦ и кои се тие субјекти што го изградиле. Постои ли некаков напис од тоа време, документи или слично? Или некој кажал нешто. Ама кој? Можеби е тоа запишано на некоја плоча, која е составен дел од објектот?

Вториот проблем со овој текст е што постои јасен обид уште во насловот во име на „сопствениците“ (кои поголем дел веќе не постојат, се „фалименто“, ако се тие) да се продолжи со промената на комплетниот урбан пејсаж, во рамките на „барокизацијата“ и на ГТЦ.

cela-makedonija-gtc-odluciva-centar-09876-0987Линкуван наслов на анализираниот напис: Цела Македонија плаќала за ГТЦ, само Центар ќе одлучува

Датум и време на објавување: 19.03.2015

Датум на рецензирање: 23.03.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Професорот доцент на Европскиот универзитет Максимовски смета дека евентуално треба да се распише референдум на државно ниво.’Јас сум за глобално решение на ниво на Македонија. Значи ако има референдум треба да се распише референдум на глобално ниво, бидејќи, се работи за објект од стратешко значење. А од друга страна, Општина Центар припаѓа на град Скопје, а Скопје не само скопјани, тоа е дел од Македонија. Апсолутно не треба да ги цепкаме работите. Дали ќе ја цепкаме Македонија или ќе ја гледаме како целина. На ваков начин нема само град, туку само парцијализирани општини’ – вели Максимовски.“

Избраниот цитат, кој е клучен за тезата на текстот, секако не содржи експлицитна потврда врз основа на која фактот дека цела Македонија „го градела ГТЦ“ добива „право на граѓанство“, па тој факт треба да изроди општонационално изјаснување. За волја на вистината, тој цитат е многу тешко да се разбере, освен она дека е од стратегиско значење, што, пак, исто така, треба да биде засновано на некаква додатна дескрипција, инаку дибидус збунува.

Да се вратиме на првата аксиома на која се потпира текстот. Што е вистина? ГТЦ е граден во најголем дел со пари кои ги доби градот Скопје (да не го заборавиме ова), во рамките на меѓународната солидарност, по земјотресот и кои потпираа еден цел процес на обнова и на изградба на градот. Познато е дека имаше меѓународен конкурс каде Јапонецот Кензо Танге го стави ГТЦ во централниот дел на својот концепт. Значи, се работи за концепт на голем објект, со одредена габаритност и со широка отвореност на сите страни (никако затворен), бидејќи имаше јасно назначени релации кон културниот центар, денешен МОБ и Транспортниот центар, каде се сега желзничката и автобуската меѓуградска станица, поврзан со него со затворен висечки мост, од каде требаше да се развива градската железница!

Фирмите кои се споменати, даваа преку своите пари-влогови само еден вид на резервација, која им овозможуваше бесплатно користење на објектот во одреден број години. И по истекот на тие години, фирмите кои „здружуваа средства“ го изгубија тоа право. Сите до една од споменатите компании во текстот тоа право го изгубија некаде пред 1980 година! За ова нешто може да се прочита во трактатот на актуелната претседателка на ААМ – Сања Раѓеновиќ. Нема ни говор за некакви акционери, особено не во општество кое беше барем деценија и пол далеку од користењето на поимот акција и акционерство!

Значи, правото на оцена на валидноста на измената, ако ја прифатиме основната логика на авторката, ја имаат, пред сè, оние кои дале пари (тогаш тоа е меѓународната заедница, односно конкретен број земји), потоа оној кој го дал проектот на градот (Танге), а на трето место е, секако, авторот на ова архитектонско чудо (кој не е жив, ама оваа власт не прашува никако од наследниците, нели). Тие двајца архитекти и урбанисти го имат одобрувањето на финансиерите да го вградат своето авторство. Oд тоа, пак, произлегува и нивното право да стават панцир кон измената на ГТЦ. Ова е поврзано и со нивното авторско право.

Да не говориме, бидејќи би излегле од рецензијата, за фактот дека според таа логика, која ја презентираат авторката и споменатиот Максимовски, веднаш и неизоставно требалo да се распише референдум за проектот „Скопје 2014“, бидејќи, за него, тука ништо не е финансиски спорно: цела земја, преку својот придонес во буџетот, би требала да одлучи дали требало да се дадат половина милијарда евра, сега секако и повеќе, а се предвидуваат уште објекти, а тие „ги користат“ само скопјани и се наоѓаат на територија на Општина Центар. Одлуката за нивна изградба, да се потсетиме, главно ја носеа советниците од Општина Центар и во тоа време, на актуелните заложници за републички референдум ова не им пречело!

Или не им пречел само градоначалникот?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Има обид за дискредитација на градоначалникот Жерновски

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести