verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Странски служби на сите страни – најмногу таму кај што ги нема

on 29 - 03 - 2015       

Zaev-stranski sluzbi-111111-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала]

 

Крајно неточен материјал во кој селективноста ја игра главната ролја во, филмски кажано, дело чиј режисер треба да се бара надвор од една новинарска редакција. Недозволиво политичко спинување и извлекување изјави од контекст, а сето тоа спакувано во наводно легитимно медиумско четиво. Ама не секогаш и секаде важи изјавата на главниот пропагандист од темните 1930-ти дека „илјада пати повторена лага станува вистина“.

11111Линк до оригиналниот напис: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала

Датум и време на објавување: 24.03.2015, 13:13

Датум на рецензирање: 26.03.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ТЕКСТ КРОЕН НАДВОР ОД НОВИНАРСКА РЕДАКЦИЈА, ПО КООРДИНИРАНА ШНИТ-МУСТРА

Само површен поглед на насловот и на првиот пасус наговестува, демек, огромна промена во курсот и во изјавите на опозицијата. Ако првиот човек на СДСМ навистина рекол дека „постои можност странска служба да прислушувала“, како што се тврди во написот, тогаш тоа во најмала рака значи дека самиот си се посипал со пепел. Но, токму ваквата неочекувана формулација тера да го побарате оригиналното интервју на лидерот на опозицијата и целото да го прочитате. Е, тогаш доаѓаме до главниот проблем: тоа што некој тука напишал, нема ама баш никаква врска со вистинитоста. Основната информација што ѝ се сервира на јавноста е класична манипулација. Доказ:

„Не заборавајте дека јас ги имам сите информации. Странски служби нема. Тоа му е јасно на Груевски, бидејќи јас ги имам доказите кој го правел тоа, како го правел, колкав период, на кој начин, кој се бил задолжен, сите протоколи, процедури, комплетно сѐ!“, Зоран Заев, интервју за „Дојче веле“ (24 март 2015 година)

Значи, лидерот на опозицијата не остава отворен простор за тоа кој прислушувал, како што се тврди во написот. Ептен наликува на текст кроен надвор од новинарска редакција, по претходно координирана шнит-мустра.

Спинот што се прави со неговата изјава „Јас не можам да коментирам дали и зошто евентуалните матерјали на Верушевски биле на англиски јазик“, станува очигледен откако ќе се прочита целото прашање и одговорот на тоа прашање:

„ДВ: Власта тврди дека има непобитни докази дека сите презентирани разговори се снимани по нарачка и за потребите на странска служба, а како доказ за тоа се посочуваат материјали на англиски јазик, најдени во компјутерот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски. Од вашата партија следеше одговор дека ги имате истите материјали. Зошто се тие на англиски јазик?

Јас не можам да коментирам дали и зошто евентуалните матерјали на Верушевски биле на англиски јазик. Јас знам дека кога ние ги објавуваме материјалите, мораме да ги титлуваме на македонски и да ги преведеме на англиски за да ги запознаеме амбасадите. Оттука можам да извлечам некои претпоставки. Но, само претпоставки. Ако постоела странска служба, власта тоа требаше веднаш да го објави и да упати демарш до амбасадорот. Тоа е така секаде во светот.“

Значи, селективноста пак доаѓа во преден план.

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите – Кодекс на новинарите на Македонија.

 

„КОПИ-ПЕЈСТ“ ТЕКСТОВИ ПО СЕКОЈ НАСТАП НА ПРВИОТ ОПОЗИЦИОНЕР

Натаму во текстот упорно се врти „водата на своја воденица“ со тоа што продолжува „развивањето“ на анализата дека првиот човек на СДСМ „прифаќа дека е можно странски служби да стојат зад целата приказна“, иако е јасно дека тој тоа не го вели. Интересно во написот на само едно место како извор на информации се користи оригиналното интервју, но само со сегменти извлечени од друга сестринска информативна страница. Навистина, (не)покажаната професионалната ангажираност не е под неопходниот минимум, туку е подолу од нулата. Очекувано, ако еден зел само мал, селектиран дел од разговор, а потоа друг искористил само тоа што веќе претходно е земено, тогаш за каква содржајност зборуваме? Одговорот е силно корумпирана и нагризена од сите страни. Самиот факт дека во наменски „осакатена“ форма се пренесува интервју, кое дополнително е „надградено и проширено“ со елементи кои не го запазуваат принципот на објективност, јасно е дека имаме работа со пристрасен материјал што е евидентно и од применетите коментари:

„Соочен е и со две признанија и цврсти докази кои ја обелоденија неговата крајна цел, па Заев со срамни одговори се дозаплетка себеси на очиглед на целата македонска јавност.

Опозицискиот лидер кој доживеа дебакл со неуспешните бомби, мораше да потврди дека постојат такви писма и дека истите се на англиски јазик. Зоран Заев прифаќа дека е можно странски служби да стојат зад целата оваа приказна. Неговата соработка со странски разузнавачки центри, е она што најмногу беше осудено од јавноста изминатиов период.“

А каде е т.н. јавност во овој текст? Ја нема, ама на неа некој пак се повикува. Пример за опасна медиумска игра, ама во туѓо име.

Овој паранапис е само модерна интерпретација на народното „никнат како печурки по дожд“. Во овој случај би рекле „текстови кои во исто време како „копи-пејст“ се појавуваат по секој настап на првиот опозиционер“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести