Важен и комплексен историски процес со пропагандистички пристап
Објавено во Рецензии
on 29 - 03 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски
[Рецензија: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО)]
Датумите зад кои стои одреден настан од особено значење во историјата, се добар повод за новинарска реминисценција. Временската дистанца овозможува студен, рационален пристап, без премногу емоции, иако не мора да бидат сосема исклучени, а професионалната дистанца и непристрасност на авторот му дава комодитет да напише сеопфатен новинарски текст. Ако успее да открие уште некоја нова нијанса во тоа, дотолку подобро.
Линк до оригиналниот напис: Еве како НАТО ја бомбардираше Србија и убиваше деца! (ФОТО + ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 24.03.2015, 14:16
Датум на рецензирање: 26.03.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
За жал, во однос на текстот што го рецензираме, напишан по повод денот кога пред 16 години почна операцијата на НАТО во она што остана од поранешна Југославија (Србија и Црна Гора), под кодното име „Сојузничка сила“, пропуштена е можност да се направи една посеопфатна ретроспектива на тие настани. Дури ниту кодното име не го знаел авторот на овој, инаку, непотпишан „текст“.
Наместо тоа, се нуди една импровизација, без никаква суштинска содржина, сосема непропорционален на тој настан, на тој историски момент, кој во голема мерка ќе влијае на идните општествено-политички процеси во регионот, особено во земјите што произлегоа од поранешната СФРЈ.
Навистина, таа интервенција имаше многу, сè уште докрај нерасветлени аспекти и околности, но многу е непрофесионално да се втурнете во „одбележување“ на толку важен и комплексен историски процес и да го констатирате со една-две пристрасни и еднострани реченици.
Дури и фокусот на цивилните жртви, исполнет со две реченици, е навредлив за трагедијата што се случи, а која ја предизвика еден диктаторски режим кој сосема изгуби контакт со реалноста и со тоа ја предизвика реакцијата на меѓународната заедница.
Велам, не е толку едноставно, а најмалку е монодимензионален овој настан. Токму затоа тој заслужува многу потемелен пристап.
Секако не еден пропагандистички пристап, со исто толку пропагандистички видеоматеријал.
Во една таква рамка, насловот на овој текст „вришти“ на празно.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови