verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Овој напис покажува што е класично креирање

on 13 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Zaev Rilkovski Duma-09876-098-crop-resize

[Рецензија на написот „Нов скандал: Заев, Рилковски и Дума на тајна средба“]

Во рамките на актуелната и отворена пропагандна војна меѓу големите партии, која во најголем дел од медиумите наликува на „општа практика“, дури и нешто како утринска гимнастика или рутина, се издвојува и овој прилог каде се тврди дека опозиционерското водство имало тајна средба со членовите на ДИК. Не се кажува целата листа на учесници, местото на таа тајна средба, нејзиното траење. Иако во наднасловот се става она „фото“, што треба да значи дека пред себе имаме фотовест, текстот полека се претвора во коментар кој го надминува поводот на посетата на фоторепортерот на таинствената кафеана.

Инаку, се покажа веднаш потоа, дека поводот за написот е комплетно измислен, а фотографијата е стара!

Zaev Rilkovski Duma-09876-098Линкуван наслов на анализираниот напис: Нов скандал: Заев, Рилковски и Дума на тајна средба

Датум и време на објавување: 03-03-2015, 13:19

Датум на рецензирање: 09.03. 2015 13:55

Рецензент: Љубомир Костовски

„Нов скандал, тајна средба меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ДИК Никола Рилковски и членот на ДИК Виолета Дума. Вчера вечерта тие на периферијата на Скопје одржаа средба во кафеана. По ваквата средба, паѓаат во вода изјавите на СДСМ дека декларативно се залагаат за департизација. Тие го покажуваат токму спротивното со ваквите средби, дека директно се партизираат и дека лидерот на СДСМ е тој што им дава насоки и инструкции.“

Текстот е објавен на денот кога требаше да се одржи седница на ДИК по повод елементите од објавените телефонски разговори (т.н. „бомби“ на Заев), кои се однесуваат на груби кршења на законот на дел од изборите во земјава. Состанокот е потоа одложен, заради фактот дека на 10 март вечерта беа обелоденети нови детали битни за согледување на неодржливоста на изборните резултати во Македонија и постоењето, де факто, на нелегитимна власт. Дури, се оди во шпекулација дека „по синоќешнта средба, претседателот на ДИК, Рилковски ја откажа најавената седница на ДИК за денес, најверојатно играјќи по музиката која му ја свири Заев. Коментарите на социјалните мрежи каде кружат фотографии од оваа средба говорат дека токму ова е врвот на лицемерието на Зоран Заев“.

На социјалните мрежи навистина имаше многу реакции, ама во обратна насока, дека се работи за класично подметнување – стара снимка се појавува со „освежен датум“. За ова, впрочем, поопширно е напишано овде. Во написот лагата се потврдува, а средбата се случила во година кога и немало избори и кога не можел да се прави притисок за ништо. Впрочем, присутните Дума и Рилковски се членови на СДСМ и нема ништо лошо во тоа што лани седнале некаде и тоа на лаф-муабет.

Ваква лажна „монтировка“ (ова се вика класично креирање, постапка која власта инаку ѝ ја припишува на опозицијата), потоа се користи за претворање на наводната фотовест во подол коментар за тоа дека СДСМ „зборува едно, а прави нешто друго“, што потоа е само отворање на некаков капиџик кон цела лепеза теми – се преминува на тезата дека СДСМ делел расипано месо на изборите (што нема врска со насловот и со темата), па се споменува локумот и кафето како „рушвет“ и што уште не, до тоа како СДСМ ослободувал од затвор насилници и се оди наназад дури до 2005 година… Ова е само уште еден доказ до каде паѓа диригираното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

изворите се стари, тие се апдејтувани

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

лажна вест

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести