verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пустец со 3.200 гласачи виновен за поразот на опозицијата со 200.000 гласа разлика

on 15 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Pustec-09876-098-0987-crop-resize

 

Ова е текст кој е целосно извртен. Се спинува огромниот криминал со изборите за да се минимизира со теза која воопшто не е битна. Во целата процедура со замајување, се употребуваат и математички и географски информации кои само го одвлекуваат вниманието од главната вест.

Pustec

Линк до оригиналниот напис: Пустец со 3.200 гласачи виновен за поразот на опозицијата со 200.000 гласа разлика

Датум и време на објавување: 06.03.2015, 22:11

Датум на рецензирање: 12.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДЕФОКУСИРАЊЕ

Текстот упорно се труди да дефокусира и да ја измести главната теза. Таков пристап е присутен од почетокот до крајот. Таква е, на пример, изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој учествувал во прочистување на изборниот список.

„Ние настојуваме на нашите заложби за фер и демократски избори кои ќе се одвиваат според правилата и препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Можеме да заклучиме дека Избирачкиот список е прочистен, рече тогаш Дамјан Манчевски, претставник на СДСМ.“

Оваа изјава воопшто не докажува дека немало криминални избори. Разговорите што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се потврда за тоа што се случувало. Избирачкиот список е само дел од проблемот. Од тоа што досега се слушна во јавноста, а кое текстот упорно го крие, се местенки со избирачи од Пустец, барање нови лични карти, манипулации со пензионерите, социјалците, децата без родители. Сето ова текстот го премолчува.

Вистинитоста, пак, е многу проблематична во овој напис. Сè што се наведува во него е чиста шпекулација. Текстот прибира читатели поради сензационалистичкиот пристап, но кога внимателно ќе се прочита, се гледа дека содржината е релативно празна, повеќе жолта, неинформативна и неточна.

Инаку, тоа што, исто така, е пропуштено, а е важно е дека според Кривичниот закон, член 158 став 1 предвидува:

„Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку 3 години.„

Членот 165, пак, вели:

„Член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повсќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатиге од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.“

Ова е уште еден текст кој од петни жили се труди да ги минимизира „бомбите“ на  опозицијата. Тоа се прави неумесно, па дури и повеќе штета се прави на владејачката партија отколку што има некаква корист. Од дрга страна,  ова е неупотребливо четиво во смисла на информации затоа што тие се невистинити. Како и да е, освен што написот нема врска со новинарство, тој не се ни труди да биде тоа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести