verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст во транс отвори војна со новинарските стандарди

on 6 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Англиски

Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО ДПМНЕ-crop-resize

 

[Рецензија: Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО-ДПМНЕ]

 

Деновиве бевме сведоци како во еден текст објавен во дневниот печат, два, можеби клучни, во секој случај непознати факти за просечниот читател за разбирање на кризата кај нас, по објавување на „бомбите на Заев“, се заплеткуваат во дидактичкиот стил на авторите, кои, место да ги осветлат новините – како класичен новинарски рефлекс – се обидуваат со тие новоосознаени нешта веднаш да полемизираат, касапејќи ја формата и жанрот, дури и нарушувајќи ја пристојноста во обраќањето со еден дипломат на земја од највисок ранг.

Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО ДПМНЕЛинкуван наслов на анализираниот напис: Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 31.03.2015, 19:17

Датум на рецензирање: 02.03.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Прашање за можност за формирање  преодна влада треба да биде дел од преговорите меѓу двете страни“, рече Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Република Македонија. „Не е до мене како амбасадор на Велика Британија да коментирам кое решение за оваа криза Македонија треба да го најде, но јасно е дека за тој конкретен пристап многу се зборува а треба да биде тема на разговори во процесот во кој двете страни ќе работат за наоѓање на решение.. Токму стигнувањето о решение ќе бара многу креативност, трпеливост, напорна работа, многу компромиси од двете страни и секако искрени разговори“ – додаде Гарет.

Коментарот на британскиот амбасадор за настаните во земјава како да „брцнуваат во око“ со две работи и предизвикуваат жестока реакција. Најпрвин со прифаќањето на идејата за преодна (техничка влада) во земјава и, второ, со туркањето на прашањето за прислушкувањето во преден план во целата ситуација, како факти и сознанијата со кои се дошло преку тие разговори, се нешта со кои оваа влада, сепак, мора да се соочи.

Текстот не е објавен на страниците каде се поставуваат коментари, ама има силен коментаторски белег и жанровски не е јасен: обелоденува факти за кои просечниот читател не знаел (изјавата на амбасадорот, на пример), што го рангира како вест, но веднаш ја спротивставува информативната оптика, додека веста уште „не легнала“ во свеста на читателот, со жанровско миксирање на слободно толкување дека резултатите од изборите за парламентот се тие кои не дозволуваат формирање на никаква преодна или слична на неа влада. Како посебна рамка на текстот или како текст број два, но залепен за рецензираниот, одново се повторува дел од еден од говорите на премиерот, каде тој се спротивставува на таквиот предлог на СДСМ за излез од кризата. Небаре говорите на Груевски се некоја форма на „оче наш“ и поставени каде било во печатот се фактор кој не смее да се порекне или да се полемизира со него.

Но, тоа не е сè – во текстот, кој никако да се определи околу својата форма, имаме нова сензација, која, сосема непрофесионално, ја нема никаде во најавата на текстот (наднаслов, наслов, поднаслов, пролог) и треба да ја барате, заплеткана во многуте реченици и објаснувања, а тоа е дека Велика Британија е таа западна земја која била нарачател на шпионирањето! И тоа на оваа сензација, белки за да се отапи шокот кај читателот, ѝ се приоѓа како на ноторен факт (!), како на нешто што се знаело, иако како вест секако бара многу, многу повеќе факти и објаснувања?! Поинаку речено, авторите како да велат: ние ништо не откривме и не треба да се правдаме, тоа се знаеше!

Впрочем, најголем проблем за авторите на текстот, според системот „вест-коментар-вест-коментар“, бил како да се прескокне „вината“ на поранешниот американски амбасадор Пол Волерс, бидејќи излегува дека Гарет можеби не сакал „да го поддржува Заев“, туку градел сојуз на мислења со својот угледен колега од дипломатскиот кор, кој, исто така, рече дека техничката влада не е така лоша идеја!? Разликата меѓу ставовите на амбасадорите се наоѓа во вториот дел на изјавата на Волерс, небаре разликата е толку важна или е пресудна за (не)прифаќање на сугестиите кои за владата на Груевски доаѓаат од надвор, па читателите може потоа, кога сепак разлика имало, мирно да легнат во постела таа вечер.

Секако, посебно спорен е насловот на текстот, како и наднасловот („Британскиот амбасадор во транс!“) со кои, на многу непримерен начин, дури и тешко споредлив во историјата на новинарски релации со странските амбасадори досега, ако се иземе Миленко Неделковски, му се „спротивставува“ со наводната волја на половина милион гласачи, како некаков „casus belli“ на „дрскиот“ претставник на меѓународната заедница во земјава. Без, се разбира, да се сфати дека кризата доаѓа и од тие наводни резултати на изборите, кои со „бомбите“ се откриваат како валкана операција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Фактите не го градат тектот, туку служат за полемика

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

за некои тврдења нема извори, се користат „ноторни факти“

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

текстот не ги „обработува“ добиените сознанија

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести