verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулации, дискредитации, измислици и невистини

on 6 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО ДПМНЕ-crop-resize-final

 

[Рецензија: Скандалозното барање на Ангелов за сојузништво со УЧК наиде на остра осуда од народот]

 

За овој текст не е потребно големо познавање на новинарските стандарди за да се прочита спинот и манипулација со граѓаните. Медиумот се обидува да каже нешто во „име на народот“ иако народот воопшто не е прашан што мисли за темата која новинарот ја отвора. Во текстот се пласирани уште две многу опасни тези. Првата, со која цела една структура граѓани на Република Македонија се етикетира како радикални исламисти, и втора, која подгрева дискриминација по национална основа, двете можат да имаат лоши последици по меѓуетничките односи.

FireShot Screen Capture #088 - 'Скандалозното барање на Ангелов за сојузништво со УЧК наидеЛинк до оригиналниот напис: Скандалозното барање на Ангелов за сојузништво со УЧК наиде на остра осуда од народот

Датум и време на објавување: 01.04.2015, 11:31

Датум на рецензирање: 02.04.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ВО ИМЕ „НА НАРОДОТ“

Само судот, а не медиумот, донесува пресуда во име на граѓаните на Македонија, а нородот единствено на референдум може да се изјасни дали со нешто се согласува или е против тоа. Во овој случај тоа не е направено. Целата приказна е измислена, базирана на неколку коментари на социјалните мрежи, кои, во овој случај, се идентификувани како „народ“. Медиумот со неверојатна леснотија во целата интрига што ја шири, ги вплеткува сите граѓани на Македонија- целиот народ, ставајќи го во улога на судија кој донел пресуда без и да знае дека го направил тоа.

Неколку пренесени коментари од социјалните мрежи со кои се напаѓа претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, не можат да се сведат под мислењето на народот, ниту можат да бидат валиден извор врз основа на кој медиумот тврди дека е тоа мислење на народот. Од статусот на Ангелов, кој го парафразира медиумот, некои делови се извадени од контекст, а некои едноставно допишани или преправени. Сменето им е значењето, што е недозволиво според етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија, бидејќи се работи за измислување факти и за фалсификување документи.

„Скандалозниот статус кој пред два дена го објави претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, во кој вели дека сака заедно со УЧК да оди против власт на ВМРО-ДПМНЕ, наиде на остри критики и осуда од народот.“

Ангелов во својот статус води полемика со новинарот Драган Павловиќ-Латас, при што ни со еден збор не спомнува ВМРО-ДПМНЕ, ниту именува некои команданти на УЧК, туку зборува генерално за власта и за неговиот личен однос кон припадниците на УЧК. Веројатно поради обидот да се скрие вистината, неговиот статус ЛАТАС БЕ! не е пренесен во целост.

 

ИЗМИСЛЕНИ СОЈУЗИ

Авторот на текстот, кој не се потпишал, извртува факти и злонамерно, за да ги мобилизира читателите во хајка против Ангелов и опозицијата, вклучително и против претседателот на опозициската партија, Зоран Заев, лансира многу опасна теза и измислува некакви сојузи против власта. Ги обвинува дека сите тие склопиле сојуз со радикалните исламисти за да ја дестабилизираат Македонија. Дури, според медиумот, тоа и самите го „признале“ на што и другите медиуми, од иста провениенција, веќе предупредиле.

„На овој начин, Ангелов самиот потврди дека се основани написите во дел од медиумите во кои се наведуваше дека постои сценарио во кое Ангелов е подготвен заедно со Заев и со помош на радикални исламисти да предизвика обид за дестабилизација на Македонија.“

 

ПОВИК ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Манипулациите, дискредитациите и невистините не би биле целосни да не е направена и пресметка со медиумите кои се на спротивната страна, што не е дозволиво со Кодексот на новинарите. Тие се ставени во многу опасен контекст кој заговара дискриминација по национална основа и може да има негативна рефлексија на етничките односи во државата. Отворено се спротиставува на идејата и го сатанизира медиумот кој на Албанците, како рамнопрвни граѓани на Република Македонија, им дава право да конкурираат за највисоките државни функции или за раковдните места во јавните институции.

Притоа, неделникот „Фокус“ се обвинува за учесник во сценариото за дестабилизација на државата со тоа што се осмелил јавно да предложи можност премиер на Македонија и директор на јавниот сервис да бидат Албанци.

Прекршен е основниот принцип на етичките вредности кои произлегуваат од членот 1, 4, и 10 од Кодексот на новинарите на Македонија:

Член 1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 

Член 4. Новинарот ќе го назначи изворот на информации.

 

Член 10. Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазик на омраза и нема да поттикнува на дискриминација по која било основа (национална,верска, расна, полова, социјална, политичка…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести