verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка!

on 23 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Diva Alternativa Stojance Angelov-09876-0987-crop-resize-001-final-002

„Дон Кихотот“ на македонската политика, полицискиот генерал Стојанче Ангелов, постојано е деновиве присутен со своите обиди да анимира интерес кај граѓаните за работата на Владата, Обвинителството, МРТВ… Поканата да гостува во една емисија во живо на „Канал 103“ предизвика скандал поради „проширувањето на ингеренциите“ на обезбедувањето на зградата, чиј претставник направи упад во програмата, што беше снимено без екипата таму тоа и да го посакува. Овој прилог покажува дека еден прилично голем текст не треба да ја содржи другата страна во целиот тој случај, а згора пласира тези кои се многу сериозни без да има каков било извор.

Diva Alternativa Stojance Angelov-09876-0987Линкуван наслов на анализираниот напис: „Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка!

Датум и време на објавување: 14.03.2015, 13:04

Датум на рецензирање: 18.03.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Откако претходно се обиде апансас, ненајавено и неповикано да се меша во уредувачката политика на Македонската радиотелевизија, генералот Стојанче Ангелов, вчеравечер се обиде на измама шверцерски да се протне во програмата на Радио 103. Точно е дека беше повикан од поединци од, како што тие се нарекуваат, ’дечките од радиото’ да гостува во нивната програма. Дечките и девојките кои, како што самите изјавуват: ’…им е непријатно и се срамат што работат во вакво политичко опкружување, вакви услoви и слично’, а се уште седат во истото тоа радио на истата локација кои не им го купиле ниту родителите, ниту некој им го подарил.“

Значи, да бидеме рационални – текстот се потпира на изјава на еден чувар на зградата од агенцијата „Бранител“ и тој покрива девет десетини од просторот, во кој има место и за една општа изјава на МРТВ. Нема изјава од генералот Ангелов, од оние кои ја правеле програмата во тој миг во „Канал 103“, од кој било што работел во овој канал, кој произлезе од Втората програма на Радио Скопје и чија поставеност во зградата на МРТВ не е така лесна за објаснување, како што некој сака да го направи тоа.

Рецензираниот текст прогласува еден од најстарите медиуми во земјава за „дива алтернатива“, без за тоа да има изјава или документ од кој било орган, па и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која се споменува, ама не се цитира!

И каков извор има толкав текст, освен некој човек од портирницата? Ниту еден. Но, затоа се користи овој настан за да се нападнат оние кои ја прават програмата како деца на познати опозиционери и од тоа се разврзува сторијата која ја знаеме како мантра (Соросови пипала, во текстот кој тешко може да издржи лекторска проверка – напишано е пипци, на пример, се шират и отвораат простор за гласот на оние кои не се согласуваат со власта, иако кога би ја слушале програмата на „Канал 103“ би сфатиле дека се работи за музичка програма!).

Насловот, инаку, треба да го заборавите по првите редови на текстот. Како и Стојанче Ангелов.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

Има многу нерелевантни инфомации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести