verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: За ЗНМ не е проблем што се прислушкувале новинари, ако е за потребите на СДСМ

on 3 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ZNM-Zaev_puc-prislusuvanje-crop-resize

Потребата од заштитата на екслузивноста на нечија политика кај нас е толкава што може да се случи некоја вест место за настанот или за мотивот за известување, веднаш да почне да коментира и да не дознаете ама баш ништо за она што е предмет на текстот. Таков е и овој пример.

ZNM-Zaev_puc-prislusuvanjeЛинкуван наслов на анализираниот напис: За ЗНМ не е проблем што се прислушкувале новинари, ако е за потребите на СДСМ

Датум и време на објавување: 26.02.2015, 14:20

Датум на рецензирање: 01.93.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Кога е за потребите на СДСМ, за новинарското здружение на СОРОС и опозицијата нема проблем да се прислушуваат новинари. Претседателот на ЗНМ во оваа скандалозна изјава вели дека доколку новинарите не направиле криминал, нема потреба да се грижат за тоа што приватноста ќе им се врти по телевизии“.

Ова е целиот текст, но има како анекс и кус видеозапис, во кој еден член на претседателството изразува страв дека евентуалниот негов телефонски запис, ако хипотетички е прислушуван (не е меѓу нив, патем речено, признава и самиот), може да биде злоупотребен, а во таа слободна дискусија има и кус одговор на претседателот на ЗНМ.

Од тој видеозапис никаде не произлегува дека некој прислушувал за сметка на СДСМ, ниту за Сорос или за кој било друг! Значи, насловот е слободно креиран, како и кусата содржина што подолу се лепи за седницата на ЗНМ. Впрочем, ЗНМ од својата седница излезе со јасно соопштение, во кое стојат сите детали за расправата и за темата. Во веста, или како веќе да се наречат тие две-три реченици од кои е составен овој текст, нема ни збор за заклучоците, како и за тоа што медиумот го интересира:

„Здружението на новинарите на Македонија изразува сериозна загриженост и најостро го осудува прислушувањето на новинари, со што брутално е суспендиран правниот поредок на земјата и масовно се кршени основните човекови права и слободи. Прегазено е правото на слобода на изразување, приватност на новинарите и правото на тајност на изворите на информации кои се предвиден во македонскиот Устав.“

Ваквото информирање сака да покаже некаква активност, да содржи некаква реакција на настан, но не знае како навистина да му пријде и на настанот и на формата, во крајна линија – на темата! Оттаму, немаме ниту вест, ниту коментар, ниту цитат на нешто суштинско од седницата на ЗНМ.

Основниот тон во текстот како да сака да биде коментаторски, но, тој, пак, исто така, „не е замесен“, дури ни поставен како што треба, бидејќи и коментарот бара некаква сентенца, „маса“, зборови и аргументи… Ова е само замена на тезата: не е виновен оној кој прислушувал, не се бара одговор што значи тоа како долгогодишна постапка, ама сега сите во власта се обидуваат да реагираат, ама тоа да нема никаква логична и издржлива теза. Добиваме конфузија, при што, секако, има и емотивни проблеми – неволјата со ЗНМ за власта е што јасно и отворено од последната седница се побара отставка од премиерот Груевски и од Владата:

„Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и директорот на УБК Сашо Мијалков мора да дадат оставка, без разлика кој го нарачал прислушувањето. Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај.“

Во однос на стравот на новинарите од злоупотреба на прислушувањето, Зоран Заев порача дека клучен проблем е што прислушуваните материјали, нивната оригинална верзија, си седат во УБК и што може да се користат каде и кога се сака. Тие, впрочем, можело и да се користат претходно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

има само една секвенца од подолга расправа

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен пристап кон насловот, ама тоа во последно време не се сфаќа позитивно

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести