verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Ајде“ на протест пред МРТ, Бојаровски не спречил штетен договор!

on 3 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

bojarovski-MTV-crop-resize

 

Ова е прилог кој Македонската телевизија го објавува во првата информативна емисија во 17 часот, веднаш по перформансот на платформата за граѓанска политика „Ајде“, со кој ѝ порача на МТВ дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон. Прилогот почнува коректно и е така сѐ до средината, кога со спин се извртува целата причина за перформансот. Со тоа се спинува настанот подалеку од причината за протестот, која е едноставна – да му се порача на јавнот сервис дека тој е на сите граѓани.

(Напомена: Во име на целосна транспарентност, Ве известуваме дека во прилот кој овде е рецензиран, се спомнува и колегата Зоран Бојаровски, инаку соработник во „Сервис за проверка на факти во медиумите“)

bojarovski MTVЛинк до оригиналниот напис: „Ајде“ на протест пред МРТ, Бојаровски не спречил штетен договор!

Датум и време на објавување: 28.02.2015, 17:30

Датум на рецензирање: 02.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ФАКТИТЕ ПРОТИВ СПИНОТ

Точно е дека членови на граѓанското здружение „Ајде“ излегоа на протест пред МРТ.

По кратките изјави на двајца учесници на перформаност, прилогот продолжува со одбрана, цитирајќи заклучок од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми за следењето на изборната кампања. Веднаш потоа почнува и спинот во кој се напаѓаат Бојаровски и директорот на Фондација „Отворено општество“, Владимир Милчин.

Насловот е целосно невистинит, а притоа дезинформира и е тенденциозен. Иако Бојаровски и во изјавата тврди дека „тоа го правеа стручните служби, а Советот нема улога да ги води тие процеси“, сепак прилогот продолжува со спинот:

„Тогаш се реализира една матна зделка од која МРТВ и денес трпи последици. Во директна спогодба и без тендер, е склучен договорот со словенечката компанија ТСЕ за набавка на студиска опрема, кој потоа се покажа како  штетен за ЈП. МРТ го загуби судскиот спор и сега треба да плати околу 1,5 милион евра.“

Според документот од Државниот завод за ревизија, страница 21, тој договор е склучен на 1 јули 2008 година. Тогаш Бојаровски не бил член на советот на МРТВ. Тој е претседател на Советот на МРТ до 1 април истата година.

Тој тоа го потврдува и во изјава за „Плусинфо“ во која вели:

„Од 2006 година, од кога станав член на Советот на МРТ, и потоа, како претседател, до април 2008 кога поднесов оставка поради конфликт на интереси, бидејќи добив работа во приватна телевизија, јас и членовите на Советот водевме жестока битка со УО и директорите на МРТ поради некои нивни одлуки во деловното работење, кои се одразуваа негативно на спроведувањето на програмските содржини. Нашите интервенции не завршуваа само на укажувања, туку, неколкупати, за поголема ефикасност во работењето правевме промени во составот на УО.“

Со документот од ДЗР (која, патем, е државна институција) е потврдено дека во посоченото време Бојаровски не бил член на Советот на МРТВ. Притоа, Советот на МРТВ нема ниту надлежности за тендери, со што паѓа во вода оваа теза.

Но, и покрај овие податоци, прилогот упорно сака да го омаловажи Бојаровски како човек кој направил штета на МРТВ. Со тоа се крши и членот 16 од Кодексот на новинари, во кој се вели:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Тоа не е сторено, со што му е нанесена штета на колегата Бојаровски, иако целата вистина е на негова страна. Поради тоа, може да се заклучи дека прилогот има друга намера, а таа е очигледна и се гледа уште од насловот – да се оцри колега само за да се оправда немоќта да се биде објективен и непристрасен.

Во делот, пак, каде се напаѓа Милчин, премолчено е дека тој бил избран за член од Советот на МРТВ од Собранието на РМ, а предложен од Факултетот за драмски уметности. Тоа значи дека тој не станал член на Советот по предлог на невладина организација, како што тенденциозно се спинува во прилогот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести