verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев ја објави четвртата „бомба“

on 3 - 03 - 2015       

ALFA-TV-httwwwalfa_mk_NewsaspxID90091VPBljvnF9qV-crop-resize

 

Материјалот што е пред нас нема цел објективно да ја информира јавноста за четвртата „бомба“ што ја обелодени претседателот на СДСМ, според кого, УБК прсислушувала повеќе од сто новинари. Во овој прилог воопшто не се пренесуваат главните поенти од прес-конференцијата на СДСМ, на која беа презентирани  аудиоснимки, кои, според лидерот на опозицијата, „ја разобличуваат спрегата премиер – УБК – медиуми и сведочат како биле уредувани вестите во дел од мдеиумите“.

ALFA TV - http___www.alfa.mk_News.aspx_ID=90091#.VPBljvnF9qVЛинк до оригиналниот напис: Заев ја објави четвртата „бомба

Датум и време на објавување: 25.02.2015, 18:14

Датум на рецензирање: 27.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ОСАКАТЕН ИЗВЕШТАЈ

Прилогот само бегло соопштува дека се „прислушувани над сто новинари “, пуштено е едно тонско парче од Заев, и толку.

„Ова е силен удар врз сите општетствени процеси во Македонија, за коишто после ова денеска веќе никој веројатно нема да има минимум дилема под каков режим живееме години наназад за време на владеењето на Груевски. Ова е уште едно мало парче од потресувачката вистина за Македонија , во каква држава живееме  и со кого си имаме работа“ (Заев, 0,40 минута од видеозаписот)

Тоа е сè што им се нуди на гледачите како информација од прес-конференцијата на опозицијата на 25 февруари 2015 година.

Од ваквиот осакатен извештај не може да се рабере дека СДСМ обвини оти се прислушувале и новинари кои ги бранат владините политики и оние кои критички ја опсервираат власта.  Не се кажува ниту дека, како што соопшти Заев, критичките новинари биле посебно следени и педантно анализирани во писмени извештаи –  посебен документ на УБК насловен: „ Извор од интересот и комуникациите на опозициски настроени новинари за работата и заклучоците на Комисијата за настаните во Парламентот од 24 декември 2012 година“.  А, за некои новинари, меѓу кои и загинатиот уредник на „Фокус“, Никола Младенов, се правени и досиеја!

 

ЦЕНЗУРИРАНИ СНИМКИ

Во овој непрофесионален прилог не се посочува ниту еден од шесте аудиозаписи, кои беа обелоденети на прес-конференцијата.

Во интерес на вистината треба да се каже дека првата снимка, според опозицијата, се однесува на разговор меѓу министерката за внатрешни работи и шефот на кабинетот на премеирот, во кој министерката, наводно, кажува како и со кои одбрани новинари да биде покриен конкретен настан.

Вториот тонски запис, според Заев, е меѓу министерката за култура и главниот уредник на „Сител“. Наводно, министерката нарачува прилог што треба да оди на вестите, а уредникот на „Сител“ нервозно одговара дека „од кај премиерот има толку многу порачки што вестите станале пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ“.

Третиот разговор, според Заев, е меѓу министерката Јанкулоска и портпаролот на МВР, во кој министерката, наводно, кажува  дека „емисија на МТВ нема да оди, а ако новинарката инсистира на тоа, тогаш може да летне од работа.“

Четвртиот разговор, според Заев, е меѓу директорот на УБК и уредникот на „Сител“, во кој, според Заев, шефот на тајната полиција, наводно, бара од уредникот во кој термин на бидат емитувани вестите, посочувајќи дека тој „го средил Велија на свој начин“, а „Сител“ и „Канал 5“ „пуштале музика сред кампања“.

Петтиот разговор, според Заев, е меѓу  шефот на УБК и министерката за внатрешни работи, во кој, наводно, тие разговараат како да „се средат“ весниците на МПМ.

Шестиот разговор, како што рече Заев, е меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски, а во кој, премиерот, наводно, бара АЕК да префрли 500.000 евра за некаков документарец  со работен наслов „За македонската борба за слобода и независност“.

Сите овие важни информации поради кои, всушност, беше свикана прес-конференцијата на СДСМ и кои даваат поинква слика за нештата, се премолчени во прилогот. Едноставно, ставена е брана тие да допрат до публиката, па таа самата да донесе оцена за настанот и за изнесените податоци.

Па, наместо коректна и чиста информација – необременета со коментари, на гледачите им  се нуди наменски конструиран напис, со изместен фокус. Оваа спинерска конструкција „водата ја врти на друга воденица“. Имено, преку виртуелни експертски мислења, се турка тезата дека прислушувањето е дело на странски служби, а во заклучокот, од нигде-никаде, се споменуваат снимките кои се појавија на „Јутјуб“ како крунски доказ дека „Бошковски нелегално зема пари за предизборна кампања“. Со што прилогот се става на браникот на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести