verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сите луѓе се Македонци – и тоа не само денес, туку отсекогаш

on 28 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Covekot nastanal vo Makedonija ne vo Afrika - 001 - crop-resize

 

Излезе Македонија најголемо царство било кога што постоело, прва цивилизација, а Грција мора да признае… дека и самиот Господ од Македонија го создавал светот и човекот и животните“. Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи во регионот, по пренесувањето на веста од нашите медиуми дека човекот е создаден во Македонија (на пример, овде), што служи за масовна подбишега. И не е пријатна и за нашата наука, а секако и за медиумите кои малку би требало да ѕирнат во првиот прирачник за темата пред да пренесат сензации од најлош вид.

Covekot nastanal vo Makedonija ne vo Afrika - 001Линк до оригиналниот напис: Човекот настанал во Македонија, а не во Африка?!

Време на објавување: 27.04.2015, 19:01

Датум на рецензирање: 28.04.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Фосили од праисториски животни, постари повеќе од 10 илјади години, што денес живеат само во Африка, беа пронајдени во близина на градот Делчево, 200 километри источно од Скопје. Македонски научници и палеонтолози укажуваат дека на локалитетот Стамер кај Делчево, источна Македонија, судејќи по сè, се наоѓа тајната на настанувањето на човекот и алка во синџирот еволуција, која до денес не била пронајдена. На тоа место е откриена единствената праисториска масовна гробница на животни.“

Оваа вест најнапред е „македонска салата“ во однос на времето кое го третира археолошкото сознание – кога настанал човекот, зошто е тоа поврзано со скелет на мамут и на жирафа, од кога 10.000 години е период битен за одредување „еволуциска алка“? Потоа и во однос на тоа што се смета еволуциска алка според која наоѓалиштето во Источна Македонија би била битна за хомо сапиенсот, да речеме.

„Секој пат кога се појавува одредена мутација кај дадена единка (еднонуклеотиден полиморфизам) и се предава на потомството, се формира хаплогрупа која ги опфаќа сите потомци на единката кои исто така ќе бидат носители на таа мутација. Со споредба на митохондриската ДНК која се наследува само од мајката, генетичарите заклучиле дека последниот женски заеднички предок чиј генетски маркер се наоѓа кај сите современи луѓе (т.н. митохондриска Ева) би требало да живеел пред околу 200 000 години.“

Ова е сегмент од најпристапниот текст за тоа кога настанал човекот на „Википедија“ за најмеката варијанта на еволуцијата, бидејќи, според некои теории, првиот човек како скелет има старост од 7,2 милиони години. Во 2000 година, Мартин Пикфорд и Брижит Сену во Туген Хилс во Кенија откриле 6 милиони години стар двоножен хоминин, кој тие го нарекле Orrorin tugenensis. Во 2001 година, тимот предводен од Мишел Бруне пронашол череп на Sahelanthropus tchadensis кој се испоставило дека е стар 7,2 милиони години и за кој Бруне кажувал дека е двоножец, а со тоа и хоминин.

И каква е, значи, врската на тие милиони години или макар и 200.000 години од прабабата Ева со наодите најдени во близина на Делчево пред седум години?

Впрочем, во една од изјавите на еден од научниците од Природно-научниот музеј стои „со право очекуваме да најдеме и остатоци од прачовек“, ама таков не е најден! Ама го има во насловот и тоа, секако, е проблем на медиумот, бидејќи за дел од конфузијата секако е заслужен и непотпишаниот автор.

Можеби оваа редица неправилности и небулози се иницирани за да се добијат средства за понатамошни истражувања, ама вака, како што сета оваа материја е пренесена, во некаков македонски „мегалостил“ на кој сме навикнати по појавата на „александринците“ во нашата средина, преизвика голем потсмев. Засега во регионот, а потоа…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

Измешани се фактите со заклучоците за нив, тие се ставени во неточен контекст

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

Информациите се измиксани без некаква хронолошка и научна логика

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Има непознавање на материјата, можеби тоа не е наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

Има илустрација од железното доба

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести