verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каде е границата на спинот со користење истомислечки соговорници

on 5 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Каде е границата на мешање во внатрешнополитичките проблеми-crop-resize

 

[Рецензија: Каде е границата на мешање во внатрешнополитичките проблеми?]

 

Како по команда, во речиси сите македонски медиуми се појавија коментари за тоа колку „далеку одат“ оценувањата на странските дипломати за состојбите во земјава. Тоа е донекаде логично поради фактот што оценувањето на состојбите во земјата, која е во политичка „кома“, од луѓето кои ги претставуваат странските држави, кај нас навистина веќе значи вадење на дипломатските ракавици. И, секако, тој интерес на медиумите мора да подлегнува на извесни критериуми. Најголем дел од тие текстови првин се потпираат на едни те исти експертски имиња и, што е поважно, не ги објаснуваат околностите во кои доаѓа до „зголемување на тонот“ кај дипломатите и, што е уште поважно, доброволно одбраната позиција на земјата постојано да биде предмет на оценување како кандидат за влез во евроатлантските структури!

Каде е границата на мешање во внатрешнополитичките проблемиЛинк до оригиналниот напис: Каде е границата на мешање во внатрешнополитичките проблеми?

Време на објавување: 29.04.2015

Датум на рецензирање: 01.05.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Пораките на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер и на американскиот амбасадор Џес Бејли, за тоа дека според западните стандарди би требало да има оставки во Македонија за да има транспарентна судска разврска на политичката криза и аферите ’Пуч’ и ’Прислушување’, предизвикаа низа реакции во јавноста. Некои аналитичари сметаат дека воопшто не е во согласност со меѓународните конвенции и практики дипломати да даваат такви изјави, што може да се протолкува како мешање во внатрешната политика на државата“

Авторот на почетокот прифаќа дека во однос на ситуацијата – ние и странските дипломати, постојат две различни толкувања. Едното е дека имаме недозволиво мешање во внатрешни работи, а второто е дека дипломатите само подучуваат што треба да се стори во овие настани.
Но, во текстот постојат две изјави (едната е на неизбежниот Ристо Никовски, кого, што се вели, можеме да го најдеме „и во фрижидерот дома“, како и на ексдипломатот Драган Јањатов), кои бараат остра реакција на државата и тврдат дека се работи за недозволиво мешање во внатрешните работи. Третото мислење е на Ивица Боцевски, исто така, еден од коментаторите од арсеналот на „адвокатите“ на сите владини политики, кој вели дека на овие мислења не треба да им се обрнува внимание!

И токму кога ќе помислите дека сега им е редот на оние кои имаат спротивно мислење или став, пред сѐ, оние што ја респектираат нашата позиција на земја-кандидат за НАТО и за ЕУ, експертите „пресушуваат“.

Но, затоа имаме додавки во форма на рамки кои отвораат споредби со експратеникот во земјава Фровик и неговата „зла улога“ на афирматор на ОНА, односно Али Ахмети (коалиционерен партнер на Груевски веќе седма година!), потоа се зема примерот на чешкиот политичар Земан, кој наводно му ја затворил вратата на американскиот амбасадор и слично. Идејата од воведниот дел е целосно загубена, а текстот од намерата да биде еден вид трибина за прашањето од насловот, се претвора во памфлет против американската дипломатија, особено против дипломатот Бејли, можеби создавајќи некаква алтернатива на сѐ уште молчаливото и енигматично МНР!

Ова е текст кој нималку не внимавал на избалансираноста и кој користи недозволиви аргументи. На пример, Фровик и неговите дејства беа прифатени и од ВМРО-ДПМНЕ, која ја водеше владата во приодот 1998 – 2002, Чешка е член на НАТО и на ЕУ и има обврски да ја усогласува својата политика со таа на тие две организации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести