verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Продолжува фабрикацијата на измислени вести кај случаjот „Пуч“

on 15 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Verusevski-098765-0987-crop-resize

 

Рецензија: Адвокатот на Случај „Пуч“: Верушевски не го негира, туку го призна делото

 

Една од вестите што покажуваат колку страшна може да биде фабрикацијата на невистината во земјава се однесува на наводното признавање на Зоран Верушевски на делото за кое е осомничен, во рамките на аферата „Пуч“. Оваа вест, доколку би била точна, секако би ја помрднала оваа афера од мртвата точка, бидејќи се покажа дека по најавувањето на овoј случај од страна на премиерот (31 јануари годинава), предметот што го достави МВР до истражните органи стои во место. Од неодамна се зголеми времето што осомничените шестмина го минуваат во канацелариите на истражните органи, ама, сеедно, дали постоеше основ да се тврди дека првообвинетиот Верушевски го признал делото?

Verusevski-098765-0987Линкуван наслов на анализираниот напис: Адвокатот на Случај „Пуч“: Верушевски не го негира, туку го призна делото

Време на објавување: 08.04. 16:16

Датум на рецензирање: 11.04.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Зоран Верушевски даде изјава на суд со која го потврди делото на својот клиент. Адвокатот Ангеле Илиевски го застапува првообвинетиот во случајот ’Пуч’, Верушевски. Во негово име изјави дека не е негова вина што МВР не го обезбедиле системот. Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не е грешката кај него, туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита – ја пренесе изјавата ТВ „Канал 5“.“

Ова е, можеби, најважниот сегмент од текстот, кој потоа беше пренесен во повеќе медиуми. Што ви останува како читател во таква ситуација? Некои ќе поверуваат и ќе продолжат да читаат понатаму други наслови, некои нема да поверуваат и ќе свртат друга страница или ќе минат на друг медиум, а веројатно трети ќе се обидат да ја проверат веста.

Па, ако таа вест навистина ја проверите на посочената телевизија „Канал 5“ како дел од веројатното малцинство на нелековерни читатели, ќе видите дека нема ниту трошка вистина во повикувањето на оваа телевизија како извор на вистинитоста.

Дури таму, во телевизиската вест, се констатира најдиректно негирање на вина кај неговиот клиент од посочениот адвокат!

Ако пробате да ја проверите невистината на „Република“, ќе видите дека е пренесена во барем 20-тина други медиуми. Таа ја остварила својата цел – таа фабрикација едноставно ги охрабрува сите оние кои се обидуваат да ја бранат власта и да вршат натамошен притисок врз целото правосудство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

Постои посочен извор кој не ја потврдува точноста

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Нема вистина во веста

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести