Вестите бараат потпирање на повеќе извори
Објавено во Рецензии
on 11 - 05 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Путин: Русија е подготвена да го финансира гасоводот во Грција]
Веста е дека Русија е подготвена да ѝ помогне на Грција така што кај неа ќе го изгради делот од гасоводот „Турски тек“. Прва ја објави „Република“, а потоа ја презедоа речиси сите други медиуми и таа, секако, има своја актуелност и за нас. По пропаста на проектот „Јужен тек“, за нас проектот за гасификација остана без реален извор на суровина! И, секако, ова би требало да биде една скромна порција „оптимизам“ во ова темно секојдневие. Тука имаме едно „ама“, кое бара истите вести да се одмеруваат од повеќе страни. Резултат: голема грешка во датумирање на крајот на проектот!
Линк до оригиналниот напис: Путин: Русија е подготвена да го финансира гасоводот во Грција
Време на објавување: 07.05.2015
Датум на рецензирање: 09.05.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
Проблемот на оваа вест е дека таа не е комплетна. Најпрвин дојде до заострување на односите Москва-Анкара по изјавата на Путин за масакрот на Турција врз Ерменците. Зад тоа стои, веројатно, и нерасчистен интерес околу „провизија“ која Турција треба да ја добива од гасоводот (за што пишува „Политика“). Значи, во прашање е целиот проект, особено, откако дополнително, деновиве, Србија не го прифаќа проектот „Турски тек“ (комплетното соочување со оваа вистина може да се види и овде), што значи дека без неа не ќе може да стигне гасот до крајната одредница – Унгарија. Со ова, веста дека Москва ѝ помага на Атина е целосно бесмислена! Тоа значи и дека ефектот од евентуалната изградба на „Турски тек“ за нас веднаш треба да падне на „ниски копја“.
Потребата од поврзување на актуелни вести, секако, во вакви случаи е неопходна, бидејќи така ќе дојдеме и до вистинскиот датум – „Турски тек“ не би бил завршен за две години (би било завршено премостувањето на Црно Море) како што гласи објавената вест, туку во 2022 година. А, тоа е голема грешка. Тајмингот е важна причина што и Белград се откажа од овој гасовод!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
Веста е изолирана од другите факти за ов а тема и создава погрешни надежи
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови