verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Цензурата врз Шекеринска претставена како нејзин – спин!

на 24. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Спин на Шеќеринска за вчерашната седница на ДИК]

  Првиот состанок што требаше да се одржи меѓу претставниците на четирите големи партии, а како резултат на т.н. Договор од Пржино, потпишан на 14 јули, се одложи откако половина час пред почетокот од ВМРО-ДПМНЕ стигнало известување дека нивниот преговарач, министерот за надворешни работи, е службено отсутен. Ова веднаш ги отвори сомнежите кај опозицијата и кај граѓанските организации дека власта има стратегија на одолговлекување на преземените обврски. Текстот што е предмет на рецензија се обидува да оствари повеќе цели – да го искоментира тој став на опозицијата, потоа да го правда одложувањето во името на власта и, конечно, да прикаже што требало да се работи на првиот, а одложен состанок

Извонредна фото-репортажа, директно сведоштво за мигрантите

на 21. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тешко некој да остане рамнодушен откако ќе помине ноќ со мигрантите]

  Има сè почесто реакции, пренесени и во медиумите, кои се дел од нараснат анимозитет кон бегалците во нашите краишта. Народот, кој врз основа на солидарноста во меѓунaродни рамки е „нето-должник“, покажува дека има во своите редови протагонисти на расна и на верска омраза. За оние кои им помагаат на кутрите бегалци, неодамна на еден доста посетуван блог им се упати закани со безбол-палки. Сè поретки се директни сведоштва за мигрантите, за тоа кои се навистина тие, што е нивната цел, од каде бегаат, како поминуваат толку илјадници километри. Деновиве, сепак, имавме извонредна фото-репортажа од Табановце, граничниот железнички премин. Така, за оние кои поставуваат многу непријатни прашања

Македонија и руската пропаганда: „Турски тек“ заменет со бегалската криза

на 19. 07. 2015 | |
Кој за што, Eлена Гускова за црни сценарија во и околу Македонија. Фото: Webtribune

 

Москва кон Скопје применува „штедлива пропаганда“ – само го проширува ареалот на користење на името на нивниот академик Елена Гускова, односно прави место во веќе воспоставеното „словенско братство“ – по Белград и Бања Лука, добивме и ние столче во тој клуб. И користењето на медиумите во тие операции е слично – текстовите примарно се пласираат

Грешка во преводот како основа на новинарска оцена

на 18. 07. 2015 | |

[Вечер: Заев го продаде СДСМ за да се спаси од судење]

  Уште „неоладен“ т.н. договор од Пржино за надминување на кризата во земјава, што го потпишаа лидерите на четирите големи партии, веќе се јавија обиди за селективно читање на истиот или за негово реконструирање, за преговорите да се прикажат како „пораз на другиот“. Клучна точка кај провладините медиуми и пред да дојде европратеникот Хан беше дека на лидерот на опозицијата му е важна „сопствената кожа“, односно двете обвиненија во јавното овинителство против него, а дека сето друго за него, околу излезот од политичката криза е второстепено. При тоа, имаме комплетно „тумбање“ на споменатиот акт за да се пријде кон артистичко толкување на текот на преговорите со извртени резултати. Линк

Провидна игра со кибритчиња

на 17. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ заминува во историја, членовите масовно преминуваат: разочарани и исфрустрирани, членови на СДСМ преминуваат во Гром!]

Медиумската кампања против опозицијата со месеци, главно, е насочена кон ликот и кон активностите на Зоран Заев, претседателот на СДСМ. Овој текст е еден од ретките исклучоци кои треба да говорат за целата партија, односно за падот на нејзината популарност. Овојпат се пишува за наводното масовно отчленување од партијата на „сината роза“ и нивно преминување во партијата на Стевчо Јакимовски. Тоа е текст во кој ниту еден доказ за такво тврдење од низата кои би ви паднала на ум не постои, но затоа постојат неколку обиди од типот на „шибицарите“ на Камениот мост, преку долгиот наслов и приложените фотографии, кои ставени една

Најважната вест – најкуса

на 10. 07. 2015 | |
Најважната вест во 25-та минута. Претходно фалби и пропаганда. Фото: скриншот колаж   [Осврт на централниот ТВ-дневник на МТВ 8 јули 2015 година во 19.30]

 

Редоследот и траењето на прилозите во централните вести требаше да ја релативизира целосно одлуката на СДСМ за прекин на преговорите, која се очекуваше. Требаше да се прескокнат непријатните настани – извештајот на Прибе во Собранието на РМ и посетата на Меркел, која очевидно го

Купи билет за Штип, ќе те однесат во Тетово

на 9. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: При неколку правни факултети, се дисперзираат правни студии]

  Во време на главно политички теми, сторија од областа на високото образование секако привлекува внимание поради отклонот од дневното клише на медиумите. Особено зашто низ насловот и наднасловот се посочува појавата на „нелојална конкуренција“ и тоа не меѓу државни и приватни факултети, туку меѓу оние кои се „бунарот“ на државата. Интересно и недопрено! Авторот на текстот умеел да нè привлече кон напишаното, ама кога ќе навлезете во темата, едноставно се чувствувате измамени. Линк до оригиналниот напис: При неколку правни факултети, се дисперзираат правни студии Датум на објавување: 06.07.2015 Датум на рецензирање: 07.07.2015 Рецензент: Љубомир Костовски И по пристојниот вовед во темата, сфаќате дека или некој драстично го скусил текстот

Видовити анонимци како извор

на 6. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Уцените на Заев во втор план, направете реформи нa терен]

  Текстот што можеше да се прочита на веб-страницата на дневниот весник, што е предмет на рецензија, и што осамна и следниот ден во дневното печатено издание е дел од вообичаената и непријатна ситуација во новинарството – што да се објави ако настанот, во случајов преговори во кои учествуваат четирите најголеми партии во РМ во Клубот на пратениците, не е завршен, а рокот поминува? Најголем број од извeстувачите ќе го нагласат тој факт и ќе се потпрат на претпоставки, нагласувајќи ја релеватноста на изворот, на изјави на експерти, евентуални најави од учесниците дадени пред седницата… Но, во овој текст, иако ситуаицјата е иста, имено состанокот не е завршен,

Деструкцијата на вистината преку претворање на црното во бело

на 28. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Стејт Департментот ги посочи слабостите, Владата најави решавање со планот реформи потребни за интеграцијата во ЕУ]

  Еден од поновите феномени на македонското новинарство е споменувањето на настан или документ, ама со негова брза транзиција во друга сфера, со што комплетно ќе се спречи суштинското осветлување на настанот (објавување документ или акт), а, по можност, дури ќе се впрегне во одредена пропагандна шема. При тоа, не е битно што таквата работа изгледа неостварливо или, да речеме, е целосно спротивна на основни принципи на информирањето.
Еден таков настан е објавувањето на извештајот на Стејт департментот во областа на човековите прва во светот. Прилогот кој го рецензираме, убаво видливо и од видеосеквенцата, од тој документ го има само насловот, содржината

Сатрапот во овој текст се преправа дека е жртва – волкот дека е јагне

на 27. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев со нелегално прислушкуваните материјали предизвика политичка криза]

  Рецензираниот текст пренесува извештај на МИА од Брисел, поконкретно од седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, со своја редакциска обработка. Насловот и поднасловот ја сокриваат содржината, односно извлекуваат нешто што не е толку значајно и доминантно во текстот. Во извештајот, инаку, онака како што е пренесен, има скриени факти (резултатот на собирањето на потписи за една декларација, наводно против македонскиот лидер на опозицијата, Зоран Заев, не го оддава расположението во ова политичко тело); текстот има и други карактеристики кои не се дозволиви. Така, еден член на Собранието, по кој знае кој пат, станува некаков известувач на македонските медиуми, во некаков манир кој не дозволува жанровско одредување на

Претплатете се за најнови вести