verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Седум секунди за политичка пресметка

на 2. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: За Заев изборите се „нус-продукт“]

  Познатиот автократ, кардиналот Ришелје, стана познат, меѓу другото, и по тоа што изјави дека ако му дадат кои било две реченици кои ги изговорил кој било човек, ќе направи тој да заврши на бесилка. Во основа, тој не демонстрираше само моќ, иако недвосмислено ја имаше, туку обвинителска еквилибристика, кога се може да се извртува до монструозни финалиња. Се чини дека некои актуелни текстопишувачи во медиумите се обидуваат тоа да го направат со далеку поголеми амбиции – да земеме истргнат збор од политички говор за да му направиме голема штета на говорникот. Во случајот се зема зборот „нус-продукт“ од говорот на Заев пред Собранието за да се направи една теза за тоа дека,

Расте спинот за „раст на поддршката за мнозинскиот изборен модел“

на 1. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Расте поддршката за мнозинскиот изборен модел]

  Еден од прилозите на актуелните прашања на оваа телевизија ни ја претставува поедноставената слика за дилемата околу изборниот модел по кој ќе гласа народот на следните парламентарни избори. Според овој прилог, моделот за кој е премиерот (мнозински) е тој кој добива сè поголема поддршка како меѓу политичките партии, така и меѓу експертите и политичките аналитичари. Од прилогот не можеме да добиеме каква било основа за таков заклучок кој се сугерира со насловот. Линк до оригиналниот напис: Расте поддршката за мнозинскиот изборен модел Датум на објавување: 28.08.2015, 14:29 Датум на рецензирање: 31.08.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „За мнозинскиот изборен модел како што предлага премиерот Никола Груевски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ се изјаснија

Јавните функционери имаaт и јавни годишни одмори, другите политичари се „отвораат“ по избор

на 19. 08. 2015 | |
Функционерскиот одмор и медиумите. Фото: СПФМ-колаж  

Постојат дузина причини зошто јавните функционери мора да кажуваат сè за своите одмори – со кого одат, каде престојуваат, кој тоа го плаќа, кој ја плаќа придружбата… Ако се плаќа од јавни пари, треба да се знае и есапот. Опозициските политичари имаат право на избор – дали ова прашање постојано ќе го претвораат во кавга со медиумите или во своја предност со отвореноста

Етичкиот момент при објавување фотографии на тешко болни пациенти

на 18. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Потресна исповед на Уснија Реџепова: Не давајте да умрам!]

  Веста дека нам познатата фолк-ѕвезда која живееше и работеше во Белград, Уснија Реџепова, е во терминална фаза на канцер на белите дробови, разбирливо предизвика внимание во земјава. Реџепова е родена во Скопје, целото нејзино семејство е тука, а како дел од југословенската сцена си имаше свое значајно место во фолк-спомените. Македонските медиуми пренесуваат речиси сè што ќе се појави во белградскиот печат за нејзиниот престој во болницата, а неодамна дури и објавија фотографии кои за сите што го знаеја нејзиниот лик се шокатни и би се рекло надвор од добриот вкус, ама и надвор од црвените линии кои значат чување на достоинството на ѕвездата. Линк до оригиналниот напис:

Кога се зголемува дефицитот на наша штета, трговската размена не е „стабилна“

на 12. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Македонската размена со Русија е стабилна]

  Како да се извлече поволна слика за нешто што континуирано, со децении е лошо за нас како земја? Таков е случајот и со нашиот извоз во Русија, земјата која поради санкциите на ЕУ можеше, наводно, да биде македонска шанса. Аме не стана, но од тоа, сепак, треба да се направи позитивна приказна. За тавко нешто останува една шанса – да нè фати во миг на невнимание и да смета воопшто дека летните жештини нè прават расеани читатели, па таму каде работите стојат катастрофално, да мислиме дека кај нас сè „цвета“. Линк до оригиналниот напис: Утрински весник: Македонската размена со Русија е стабилна Датум на објавување: 09.08.2015 16:33 Датум на рецензирање: 10..08.2015

Коњаници кои веруваат дека се Гоце и Даме и напис кој верува дека ја прави историјата

на 11. 08. 2015 | |
 

[Скандал: Свештениците на црквата „Светите Апостоли Петар и Павле“ во Кичево не ги пречекаа родољубите од коњаницата „Бигорски манастир – патот на Црешовото топче“]

  Постојат случаи кога актери кои долго играле во некоја специфична ролја, толку се соживеале со неа што и во животот почнале да се однесуваат како ликот што го толкуваат. Ова, се чини, им се случува и на нам извесните коњаници од скопско Лисиче, кои пред Илинден, со децении наназад, тргнуваат со атовите кон Крушево и таму пристигнуваат непосредно пред празничните манифестации за Илинден. Тие очигледно се стопиле со костимите што ги носат и го очекуваат истото и од публиката (тоа е сепак, нели, една историска реминисценција, еден вид подвижна драмолетка, која во време на

ТВ-прилог против празничните порции страв

на 8. 08. 2015 | |

[Рецензија: Ловџиско медиумската паника во Липково]

  Почетокот на тридневниот продолжен празничен викенд за малку можеше да се претвори во неодамна видена траума, кога многумина граѓани се исплашија за својата безбедност. По јавување на малку познатиот портал со карактеристично име „Фронт“ во раните утрински часови на 1 август, дека на подрачјето на Липковско и, пред сè, околу Ваксинце полицијата презела акција на чистење, веста или „веста“ ја презеде најгледаната телевизија кај нас „Сител“, а од неа многу бројни портали и дури сериозни медиуми! И викендот беше на работ да се претвори во непријатно исчекување – за ова се говорело на плажите, излетничките места, во кафеаните каде се собираат саботните друштва… Линк до оригиналниот напис: Ловџиско – медиумска паника во Липково

Доба во која блогерите станаа колумнисти

на 4. 08. 2015 | | sq
За сериозно пишување – новата блог-платформа Медиум, прилагодена за десктоп и мобилни уреди, едноставна за работа, нуди можност напишаното и да се слуша со само едно притискање на копче. Фото: medium.com, скриншот  

Ако блогерите беа нова револуција на слободната мисла, сега тие повторно го креираат своето место, влегувајќи како релативно стандардни колумнисти во мејнстрим-медиумите. Овој премин се совпаѓа со новите социјални движења кај нас, со интензивните барања за демократија

Официјалната верзија не секогаш е доволна

на 3. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Руската „Кранфилд Фаундри“ ќе гради леарница во Пробиштип]

  Новинарите што присуствуваат на официјални, промотивни настани, каде ги чекаат извори (извор) кои се релевантни или официјални, не се должни да ги проверуваат информациите. Се разбира, ако од тој настан даваат само извештај во кој е нагласено кој стои зад информациите.
Во принцип, тоа би важело и за извештајот кој е предмет на рецензијата, на телевизијата која испратила екипа во Пробиштип, каде премиерот и министерот за странски инвестиции потпишуваа договор за изградба на леарница. Екипата, односно новинарот, ги пренел сегментите од говорите на присутните од двете страни-потписнички. Притоа, издвоени се порелеватните делови од говорите. Проблемот со овој прилог е што екипата оди на место меѓу актери кои уште минатата

Cum grano salis или како да се чита еден политички текст

на 30. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ ќе постави свој шеф на Сорос фондацијата]

  Ако за најголем дел од јавноста преговорите меѓу четирите партии, како дел од обврските преземени од т.н. Договор од Пржино, се следени со зголемен интерес, загриженост и со очекување дека тие ќе минат со брзина која е очекувана, ама и е зададена од странските набљудувачи на процесот, преку текстот кој е предмет на рецензирање, се уверуваме дека за некои новинари тој процес треба да биде предмет на условувања што со голема леснотија ѝ се поставуваат на „својата партија“. Онаа партија која е на власт, да нема забуна, при што занаетот се претвора во „дупнување желба“ во филџанот на семоќта. Линк до оригиналниот напис: Вечер: ВМРО-ДПМНЕ ќе постави свој шеф

Претплатете се за најнови вести