verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шнајдерајот е работа на шнајдерите, новинарските текстови известуваат целосно

on 20 - 05 - 2015       

МИА-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Орав: Последните недели видовме неколку позитивни нешта]

 

Ако го прочитавте извештајот на „А1 он“ од едно обраќање на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, во Скопје, можевте да забележите дека клучна сентенца на неговиот говор е „Државата има сериозни проблеми во поглед на вредностите за демократија, слобода и правда кои ги промовира Европската унија“. На дебатата на која учествуваше (Европската унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан) на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Орав истакна дека мирните антивладини протести се една од ретките позитивни работи што се случиле во земјава. Ако во исто време го читате извештајот на агенцијата МИА и таму ова со протестите е извлечено од контекстот на „позитивните работи кои се случиле“, но затоа насловот со „позитивата“, сепак, останува. Тоа е веќе креирање вест со фактите од говорот на Орав.

МИА-09876-098Линк до оригиналниот напис: Орав: Последните недели видовме неколку позитивни нешта

Датум и време на објавување: 19.05.2015, 14:57

Датум на рецензирање: 19.05.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Европската Комисија веќе шест пати даде препорака да се почнат преговорите со вашата земја, за жал, тоа не беше возможно бидејќи немаше консензус меѓу земјите членки. Во последните неколку месеци се обидуваме да најдеме позитивни нешта, бидејќи веќе го пишуваме извештајот за напредокот. Крајниот рок е 31 август и потоа извештајот е затворен … Ако нема ништо позитивно, не можеме вештачки да создадеме нешто. Во последните недели видовме неколку позитивни нешта. Како прво, претседателот го свика Советот за безбедност на кој сите политички партии беа застапени. Второ, протестите во текот на викендот беа мирни. Имаше доста ризици дека нема да бидат мирни, но беа мирни. Ви честитам“.

Ова е централниот и суштинскиот дел од извештајот на МИА, а во него нема да видите никаква оцена за состојбите во земјава. На пример, според извештајот на „А1 он“:

„Денес има сериозни проблеми во вашата земја, сакавме да го свртиме вниманието во октомврискиот извештај кога се обидовме да ги апострофираме проблемите во судството, правдата, корупцијата и слободата на говор. Оваа земја е кандидат и сакаме да биде подготвена за членство“, рече Орав.

Постојат и други забелешки, ама суштински е дека ако го читате извештајот на МИА, нема да сфатите дека документот на Европската унија за Македонија за 2015 година е пред катастрофални заклучоци, а место тоа можете да бидете преплавени со емоции дека „живеете во вистинската земја“, онаа на демократските вредности и на политичкиот дијалог. Насловот не ја одразува суштината на тој говор, а тоа е креативност во давањето еднаков простор на говорот на министерот Бесими со еден клучен фактор на меѓународната заедница и тоа во овој политички момент кога странците добиваат пресудна улога. Сето тоа е во функција на затапување на пораката на Орав.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

извештај од лице место

извештајот балансира со изнесените факти во говорот - неко иги акцентира, други ги потиснува

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

ја селектира важноста на клучните изјави

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести