Рецензии

Религијата како дел од медиумската пропаганда

на 6. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)

Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Челопек и за време на обраќањето, тој го прекинал говорот и почекал сè додека селскиот оџа не завршил со езанот и при тоа истакнал дека езанот треба да се почитува. Во продолжение можете да го проследите ексклузивниот видеозапис.  

[Рецензија: „Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)”]

Верата, односно религијата треба да биде нешто лично и кога се работи за јавни личности. Таа не смее да се употребува за производство на вести од јавен карактер, освен во случаи кога јавноста има интерес поврзан со оваа тема. Верувањето во Господ како лична особина не го дефинира присуството или,

Двоен удар за двојна манипулација

на 6. 12. 2016 | |

[Рецензија: Гласот за десно-центристичките коалиции е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата]

  Овој текст, всушност, е пропаганден материјал за позициите на власта која, пак, во последните денови од кампањата, најсилно што може игра на националистичката карта. Стратегијата е едноставна – „ние сме патриотската, а опозицијата е предавничката опција“. Очекувано е политичките партии да ги пласираат своите програми и тактики што е можно поагресивно, но она што никако не е прифатливо е валканата работа за нив медиумски да се одработува преку конструкција на изнасилени спин-написи. Таков е конкретниот случај.  Линк до оригиналниот напис: Гласот за десно-центристичките коалиции е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата Датум и

Тројански коњ

на 6. 12. 2016 | |
[Рецензија: Сорос ги мрази САД и ги саботира нивните интереси секаде во светот] Интересен документарен филм се појави деновиве во Република Македонија, во фокусот на изборната кампања. Филм со наслов „Светот по Сорос“. Емитуван на очекуван избор на национални и други телевизии. Кога велиме интересен, не го велиме тоа заради тоа што е добар или иновативен, или оригинален. Напротив, тој „документарец“ е спакувана рециклирана содржина од веќе познати поенти од кампањата против Џорџ Сорос, кој кај нас се идентификува со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија. Веќе многу пати џвакана и изџвакана гума за тегавење. И сега се најде некој си продуцент кој помислил дека ако на таа потрошена, бајата гума за тегавење, ѝ додаде арома од две-три изјави од декларирани

Оцрнувачки текст скаран со вистината

на 6. 12. 2016 | |

[Рецензија: Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е класичен пример за спин и за оцрнување на јавно познати личности, во случајов пејачи, само поради тоа што настапуваат на митинзите на опозицијата. Написот се обидува да го убеди читателот дека овие пејачи ги отворале митинзите на СДСМ со југословенската химна. Линк до оригиналниот написПејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ? Датум и време на објавување: 30.11.2016 Датум на рецензирање: 05.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

А ДОКАЗИ?

Самиот наслов на текстот „Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ

Непроверени информации за евтини изборни поени

на 6. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: Тепачка во штаб на ВМРО-ДПМНЕ Делчево – настрадал градоначалникот!]

  Текстот е шпекулативен, без никаква поткрепа на изнесените податоци, што остава простор за сомневање во валидноста на пренесената информација. Линк до оригиналниот напис: ТЕПАЧКА ВО ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО – НАСТРАДАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ!  Датум и време на објавување: 03.12. 2016 Датум на рецензирање: 04. 12. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   ВЕСТ ШТО НЕ Е ВЕСТ „Наместо свечено, во среда навечер вербално и со тупаници завршило отварањето на Месен Штаб во населбата Милково Брдо во Делчево, дознава Centarnews. Како што тврдат присутните граѓани, дошло до физичка пресметка помеѓу наставник во едно општинско училиште и градоначалникот на Општина Делчево, господинот Дарко Шехтански. Во текот на вечерашниот ден покрај тоа што не

„Ексклузивно“ подгревање тензии и немири

на 5. 12. 2016 | | sq

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НЕМИРИ ЗА НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДО 11-ТИ ДЕКЕМРИ]

  Текст кој во клучен и кревок период пред изборите закажани за 11 декември, тенденциозно подгрева насилна атмосфера и тензии преку ширење шпекулации кои ги претставува како ексклузивна информација. Во написот се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, наводно,  подготвува насилно сценарио откако ќе загуби на изборите на 11 декември. Според напишаното, целта на ова сценарио, кое вклучува крв и немири, ни помалку ни повеќе била бегство на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА НЕМИРИ ЗА НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДО 11-ТИ ДЕКЕМРИ Датум и време на објавување: 30.11.2016 Датум на рецензирање: 04.12.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ШПЕКУЛАЦИИ

„Во ВМРО-ДПМНЕ се спрема сценарио за уфрлање на радикално насилни структури кои

Жесток напад врз опозицијата, непоткрепен со докази

на 5. 12. 2016 | |

 

[Рецензија: СДСМ продолжува со старата практика на евтино купување гласови (ФОТО)]

    Серијата коментари за актуелни и минати настани во рецензираниот текст се спротивност на професионалните стандарди. Неспоменувањето на однесувањето на други партии во предизборната кампања го прави текстот едностран и, во комбинација со коментирањето, создава сомнежи за политичка пристрасност. Линк до оригиналниот напис: СДСМ продолжува со старата практика на евтино купување гласови (ФОТО) Датум и време на објавување: 01.12.2016 Датум на рецензирање: 03.12.2016 Рецензент: Александар Пешев   Воведот на текстот претставува коментар со печатна грешка. Се тврди дека „…СДСМ исто како во минатот продолжува со старата практика за евтино купување гласови од граѓаните…“. Ваквиот вовед, инаку, во нормални околности значи почеток на

Навредлива и оцрнувачка содржина

на 5. 12. 2016 | |

[Рецензија: Илче Гебелсче пола Велес го лапнал. што уста е-гејска ќе беше бре бре]

  Текстот е пишуван со навредлив речник, преполн е со непроверени информации и наликува на кафеански муабет. Во него нема изјави ниту, пак, се наведени прецизни извори на информации, што само потврдува дека целта е да се дискредитира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Линк до оригиналниот напис: Илче Гебелсче пола Велес го лапнал. што уста е-гејска ќе беше бре бре Датум и време на објавување: 29.11. 2016 Датум на рецензирање: 03. 12. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ДИСКРЕДИТИРАЊЕ

Уште самиот наслов кој користи недоличен речник, навестува дека на читателите им се нуди материјал со оцрнувачка содржина. Во него, освен што Димовски  се наркува „Илче Гебелсче“, дополнително

Без ронка новинарска скепса за „епохалното“ откритие

на 5. 12. 2016 | |
[Рецензија: Геоглифот во близина на Свети Николе, најверојатно, ќе ја потврди теоријата дека Македонија е лулката на светот] На авторот на оваа рецензија му требаа четири часа за, некако, да ги провери и да ги вкрсти сите референтни точки што се спомнуваат во овој текст за да покаже најдобра намера и пристап во критичката елаборација на напишаниот новинарски текст. Воопшто не е едноставно да седнете на компјутер и да пребарувате за геоглифи, археоакустика, за астрономијата и повраноста на геоглифите со ѕвездите, за митовите и за верувањата на Античките Македонци, за личните определби на Александар Велики во однос на религијата… Не е тоа така едноставно. Не е едноставно зашто одговорноста на новинарите (би) треба(ло) да виде многу голема и видлива кога

Tолкување резултати за да се фали ДУИ

на 5. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Пораките од анкетите

Независните агенции за истражување на јавноста ја посочија ДУИ како евентуален победник на идните избори. Овие резултати го изразуваат вкупниот број достигнувања на ДУИ и би било наивно да се игнорираат. Стерилната пропаганда против ДУИ доби заслужен одговор со последните истражувања на јавноста. Повторно се потврди довербата во ДУИ, како релевентна и влијателна сила која ќе раководи уште четири години со политичките и со институционалните процеси во земјава. Силата на оваа доверба не е никаква мистерија, но таа најдобро ја изразува  поврзаноста меѓу политичките каузи и работите извршени на терен. ДУИ е синоним за постигнувања во овие 14 години и Албанците не можат да бидат индиферентни кон овој факт. Забелешките што може да се направат
СТРАНА 21 of 324« ПРВА...10...1920212223...304050...ПОСЛЕДНА »