verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационалистичко ширење паника за коронавирусот

on 29 - 01 - 2020       

[Рецензија: Медицинска сестра од Вухан: Не излегувајте, не одете по забави, не јадете надвор, со коронавирусот се заразени 90.000, а не 2.700]

Во битката за што поголема читаност, што, за жал, е сѐ уште примарниот, ако не и единствениот фактор што донесува пари од реклами за онлајн-медиумите, една од најприсутните појави е сензационалистичкото пишување, без разлика дали станува збор за целиот текст или само за насловот. Уште понепрофесионално и пострашно е кога станува збор за злоупотреба на сеприсутен страв и кога тоа го се прави без речиси никаква поткрепа, секако станува збор за едно од најтешките „гревови“ во новинарството. Токму таков случај имаме во објавата што ќе ја анализираме подолу.

Линк до оригиналниот напис: Медицинска сестра од Вухан: Не излегувајте, не одете по забави, не јадете надвор, со коронавирусот се заразени 90.000, а не 2.700

Датум и време на објавување: 28.1.2020

Датум на рецензирање: 29.1.2020

 

Ова мултимедијална статија несомнено, на прв поглед, претставува атрактивно четиво, поради преокупацијата на македонската јавност, паралелно со светската, за епидемијата која би можела да стаса насекаде. Главниот момент во текстот е дека некоја медицинска сестра од Вухан, каде е жариштето на епидемијата со новиот корона вирус, порачала дека бројот на заразени е повеќе од 30 пати од бројката што официјално ја соопштува кинеската влада.

Кинеска медицинска сестра од Вухан, која носи заштитно одело и маска и се грижи за заразените со корона вирусот во овој град, тврди дека во Кина се заразени веќе 90.000 луѓе, а не 2.700, според официјалните бројки.

Нејзиното предупредување од жариштето на епидемијата доаѓа во моментот откако кинеската влада се соочува со обвиненија за цензурирање на критичко размислување и за прикривање на правата вистина на кризата, вели текстот.

Познато е дека Кина е на врвот на листата  (поради бројноста на населението) кога станува збор за цензура на интернетот и задушување на критичкото мислење, но зошто медиумот што ја објавил оваа статија е сигурен дека медицинската сестра навистина ја кажува вистината? Можеби станува збор за злонамерна измислица на лицето што се појавува на видеото.

Исто така, во текот на вчерашниот ден (28.01.2020) официјалните бројки уште претпладнето беа околу 4.500 заразени во Кина, а не 2.700, како што се изнесува во статијата која е објавена попладне. Официјални бројки објавува американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, кој нема поврзаност со кинеската владина пропаганда и се обидува објективно да ја следи ситуацијата со епидемијата со новиот корона вирусо. Развојот на ситуацијата може да се следи тука.

Ако, претпоставиме друга ситуација, дека, сепак, оваа Кинезинка е искрено уверена во тоа што го кажува– од видеото гледаме дека станува збор за медицинско лице кое носи скафандер. Ама, пак, од друга страна,  тоа не значи дека таа жена ги има вистинските информации. Најверојатно работи со пациенти, но тоа е веројатно во една болница, па дури и да работи постојано на терен, не може да има целосни, туку само делумни согледувања. Дополнително, и да добива сознанија од колеги за оние работи што не ги посведочила самата, па потоа да ги комбинира податоците, повторно нема гаранција дека правилно „собрала два и два“. Оти можеби работи само во градот Вухан и нема контакти со колеги во самата провинција Хубеи, а да не зборуваме за цела Кина!

Релевантен извор за ситуација со епидемија е секогаш здравствена институција или оперативен штаб за борба со епидемијата, а никако поединец.

Објавувајќи го овој текст, медиумот непотребно шири паника, не ја проверил вистинитоста на тврдењето, туку само изнел поединечно мислење, создавајќи штетен сензационализам.

Со ширењето сензационализам е прекршен членот 8 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Дополнително, има пркршување и на членот 13, бидејќи нечие непоткрепено мислење е главна содржина на текстот.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести