Рецензии

Информацијата „се бетонира“ кога ќе се официјализира, инаку е манипулација

на 12. 12. 2019 | |

Техничката влада или поинаку позната како влада од форматот Пржино треба да се формира на 3 јануари, точно 100 дена пред предвремените парламентарни избори за кои партиите се согласија да се одржат на 12 април 2020 година. Кој ќе ја води оваа влада со состав измешан од власта и опозицијата, сè уште не е познато. Веста што ја разгледуваме се отфрла сè додека ништо навистина не е „бетонирано“

Линк до

Бомбастичен наслов и манипулација со фотографија

на 12. 12. 2019 | |

Во време кога на повидок е изборен циклус, повеќе од кога и да е се појавува можност да се видат текстови што одат во прилог на одредена личност или субјект и „напаѓаат“ лице или друг политички субјект. Во такви текстови ќе се најде се, само информација не. Манипулација со видео, манипулација со наслов, недостиг на факти за потврдување на она што е напишано и многу коментари. Овие се најчестите елементи

Субјективно толкување, Заев не го предупредил Зекири

на 11. 12. 2019 | |

Отворените политички судири меѓу два субјекта ја тестираат будноста на медиумите со цел да го зачуваат професионалниот однос и да не бидат пристрасни кон ниедна страна. Овој предизвик го надминуваат само новинарите кои се придржуваат кон стандардите за професионално информирање. Другите не го положуваат тестот. Еве еден пример кога судирот меѓу два субјекти или меѓу одредени експоненти во тие субјекти го истакнал непрофесионалниот однос на новинарот во информирањето за ова

Камчев не призна дека Филипче е вмешан во рекетот

на 10. 12. 2019 | |
[ФИЛИПЧЕ ВМЕШАН ВО PEKETOT: Ckандалозно признание на Орце Камчев во cyдницата] Погрешен наслов што ја дезинформира публиката го „краси“ овој текст. Донесен е целосно погрешен заклучок од исказот на еден од сведоците за време на судењето за случајот „Рекет“, еден од најголемите скандали во независна Македонија. Линк до оригиналниот напис: ФИЛИПЧЕ ВМЕШАН ВО PEKETOT: Ckандалозно признание на Орце Камчев во cyдницата Датум и време на објавување: 06.12.2019 Датум на рецензија:

Плагијатот често ги носи во бездна проверените информации

на 6. 12. 2019 | |

Пренесувањето на вестите, присвојувајќи ги истите и не кажувајќи кој е авторот, е плагијат. Како резултат на тоа, точните информации честопати биле однесени во бездна. Кога на ова шема ќе се додаде и елементот „актуализирање на старите настани“, тогаш се создава идеално опкружување за јавна дезинформација. Таква е веста што ја разгледувавме, а која стигна до Радио телевизија на Косово

Линк до оригиналниот напис: „СЕ ОТКРИВА ДЕКА ЗАЕВ И СЕЛА

Наместо вест или информација, пропаганда против Села

на 4. 12. 2019 | |
Предизборната фаза во Република Северна Македонија, заедно со политичарите, ги мобилизира и медиумите, посебно оние он-лајн, главно со претворање на информациите во пропаганда против одредени политички фигури. Ова се прави толку грубо, што не се почитува ниту еден новинарски принцип или стандард. Таков е написот што го разгледуваме. Линк до оригиналниот напис: „Како ја загуби Зијадин Села симпатијата кај Албанците по 27 Април“ “Si Ziadin Sela e humbi simpatinë e

Цунами од конфузија во насловот

на 4. 12. 2019 | |
[Рецензија: ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Заканувачките бранови на само неколку километри од Македонија може да достигнат висина и до еден метар ] Кога на интервју на „Сан“ со грчки сеизмолог ќе му накалемите македонска траекторија лесно ќе добиете една кармакаша. Ама тоа не е важно, бидејќи нели, заради интересот за темата ќе добиете кликови. Порталот „Курир“ пренесува интервју што за британски „Сан“ го дал грчки сеизмолог, после серијата земјотреси

Животот на бебињата во инкубатор на ГАК не бил во опасност

на 4. 12. 2019 | |
[Рецензија: Животот на бебињата во инкубатор во опасност – на ГАК снемало струја, агрегатот не се вклучил] Текстот што го рецензираме уште во насловот шири паника и ја дезинформира јавноста дека животот на бебињата кои се во инкубатор на Клиниката за гинекологија и акушерство, наводно, бил во опасност бидејќи снемало струја. Но, наспроти ваквото тврдење, од Клиниката испратија демант до медиумите во кој се нагласува дека „ниту едно од критичните

Не е потврдено дека лажната Грета има било каква врска со претходните пранкери

на 29. 11. 2019 | |
[Рецензија: Пранкерите се зажелеле за Заев, па пак му се јавиле: „Порошенко“ се претставил како Грета] Насловот на написот што го рецензираме е наведувачки и нема врска, односно не соодветствува со текстот, ниту пак, со информацијата. Едноставно, никаде во текстот, или во расположливите информации за овој случај не се вели дека станува збор за истите руски пранкери, кои претходно му се јавија на премиерот. Линк до оригиналниот напис: Пранкерите се

Насловот го нагрдил текстот

на 28. 11. 2019 | |
[Рецензија: Државата во распад Пендаровски за „ланскиот снег“: Бара да се инвестира во подигнување на свеста за климатските промени] Насловот не соодветствува со самата содржина внатре во текстот. Кога ќе почнете да го читате написот, сфаќате дека тој нема никаква врска со насловната конструкција. Имено она што насловот се обидува да им го наметне на читателите, не е поткрепено на ниту еден начин подолу во написот. Линк до оригиналниот напис: