verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шекеринска не се подготвува да замине во САД како амбасадор

on 29 - 01 - 2020       

[Рецензија: Дали и Шекеринска го напушта бродот што тоне: Се спрема за амбасадор во САД?]

Текстот што го рецензираме е едностран и тенденциозен. Тој има за цел политички да поентира.

Линк до оригиналниот напис: Дали и Шекеринска го напушта бродот што тоне: Се спрема за амбасадор во САД?

Датум и време на објавување: 23.01.2020

Датум на рецензирање: 27.01.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот што е предмет на оваа рецензија се повикува на напис објавен на порталот „Ин7“. Текстот има бомбастичен наслов, алудира на тоа дека СДСМ ќе изгуби на изборите кои треба да се одржат на 12 април и пренесува информација дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе замине како амбасадор во САД.

Повикувајќи се на високи извори во СДСМ и владиниот кабинет, порталот на албански јазик „Ин7“ објави дека вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се подготвува за нова задача што ќе ја тргне од домашната политичка сцена. Една од клучните фигури на СДСМ во последните 20 години ќе биде амбасадорка на Македонија во САД, пишува порталот.

Тоа е „веста“ и толку, тука завршува приказната. Прво, не е објаснет делот од насловот во кој се вели дека „Шекеринска го напушта бродот кој тоне“. Очигледно е дека текстот алудира на тоа дека СДСМ ќе изгуби на изборите, но не нуди никакви сериозни наводи за такво нешто. Се манипулираат читателите со тоа што се наведуваат да мислат дека владејачката партија ќе биде поразена на 12 април.

Второ, информацијата дека Шекеринска ќе замине на позицијата амбасадор во САД, не е проверена, туку само е нафрлена. Тука е заобиколено основното новинарско правило, дека една информација пред да се објави, таа мора да биде проверена од што е можно повеќе извори. Во овој случај, доволно би било да се побара изјава од Шекеринска или од СДСМ.

Од владејачката партија, во изјава за порталот Плусинфо, ваквите информации ги оценуваат како чисти шпекулации.

Тоа е шпекулација, не е точно. Заменик-претседателката Радмила Шекеринска со својата политичка улога, но и како министерка за одбрана, дава значаен придонес во развојот на земјата, реализирање на партиската програма, а особено во исполнувањето на стратешките интереси како што е членството на земјава во НАТО. Очигледно политичките опоненти се плашат од нејзиниот ангажман, соочени со изборниот пораз на 12 април, па затоа пласираат невистини – велат од Центарот за комуникации на СДСМ за Плусинфо.

Во првиот член од Кодексот на новинарите е прецизно наведено дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

За жал во овој случај не е направена таква проверка.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести