Рецензии

Пропаганда и антипропаганда „без ракавици“

на 2. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Откриен валканиот калемџија на „Журнал“

Задача на секој медиум е реалното и правилно информирање на неговите читатели, но некои медиуми оваа улога ја играат преку уценување и неаргументирани написи. На пример, „Журнал“ е медиум за кој се зборува дека е многу близок до Муса Џафери од ДУИ и, општо, до цела ДУИ, додека како што се сомнева, зборува и претпоставува, „главата“ на највалканите, најнечовечките и уценувачки написи се пишуваат лично од раката на Реџеп Адеми за сите тие што ги сметаат за „непријатели“?! Зачудувачки е како Реџеп Адеми е истовремено вработен и во државната администрација, но и во „Журнал“, што претставува класичен конфликт на интереси. Дури, се шпекулира дека токму Адеми е врската меѓу Муса Џафери и „Журнал“,

Убаво сработена важна информација од јавен интерес

на 1. 12. 2016 | |

[Рецензија: Нема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата]

  Tекстот пред нас претставува добар пример за тоа како треба да изгледа еден професионално изработен новинарски напис и токму затоа заслужува позитивна рецензија. Написот содржи информација која е од јавен инетрес, ги има основните елементи на коректна вест и користи извори кои не се еднострани. Линк до оригиналниот написНема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата Датум и време на објавување: 22.11.2016 Датум на рецензирање: 01.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДОБАР ПРИМЕР

Главната вест, која е во фокусот на овој материјал, е содржана во првиот дел од текстот, односно уште на почетокот читателите се информирани за проблемот кој подолу е обработен. „Нема веќе електронски здравствени картички

Со леснотија истурени навреди, клевети и омраза

на 1. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: Охриѓани до Шеќеринска: Мрш шиптарко една, замини си – кои сте Вие да наметнувате двојазичност]

  Овој материјал со невидена леснотија се „расфрла“ со навреди, клевети и со обвинувања. Во него има сè што никако не смее да содржи еден професионално сработен текст: недоличен говор со елементи на дискриминација и на омраза, непроверени информации, пристрасност, коментар… На читателите не им се нуди ниту еден саглам аргумент или доказ дека „настанот“ за кој се пишува навистина се случил. Линк до оригиналниот напис: Охриѓани до Шеќеринска: Мрш шиптарко една, замини си – кои сте Вие да наметнувате двојазичност Датум и време на објавување: 26.11.2016, 15:50 Датум на рецензирање: 30.11.2016 Рецензент: Владимир Мирчески    

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Сериозен проблем во текстот се

Тенденциозен напис за Руфи Османи – фотографија без елементи на вест

на 1. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ

Поранешниот претседател на НДП и градоначалник на Општина Гостивар, Руфи Османи, по неговото повлекување од НДП изјави дека веќе нема да се ангажира во политиката. Но, оваа слика до која стигна порталот „Шќипмедиа“, на која се гледа Руфи Османи со министерката од ДУИ, Шухрете Елези, и со потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, по сè изгледа го докажува спротивното. Иако нема информации дали Руфи Османи ќе се врати во политиката, едно е сигурно: неговите симпатии веќе не се за НДП, туку за ДУИ. Кој знае, можеби по изборите и ДУИ ќе го награди со нешто…  

 [Рецензија: Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ]

Новинарството може

Изнасилени фалби за власта

на 1. 12. 2016 | |

[Рецензија: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален (ВИДЕО)]

  Кратка вест од два пасуса под коментаторски наслов која се повикува на блокиран видеозапис. Кога се прикажува видеоматеријал, во согласност со професионалните практики, впечатоците треба да ѝ се препуштат на публиката. Во конкретниот случај, авторот на видеозаписот му ја одзел дозволата на интернет-медиумот да ја реемитува дебатата, па гледачот нема никаков извор на информации освен туѓите впечатоци. Линк до оригиналниот напис: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 30.11.2016 Датум на рецензирање: 30.11.2016 Рецензент: Александар Пешев    

НАМЕСТО ФАКТИ – ВПЕЧАТОЦИ

Наместо публиката самата да процени, написот  уште во самиот наслов споделува впечатоци. Кој утврдил дека Попоски е маестрален, а Пендаровски е катастрофален? По кој критериум

Само едната страна на паричката

на 1. 12. 2016 | |

[Рецензија: ПОПОВСКИ СИ ГО „ГАЗИ“ ПЕНДАРОВСКИ: Ако Заев беше толку голем демократ, ќе излезеше и ќе ги презентираше своите политички разговори!]

  Имаме транскрипт од ТВ-дебата, ама едностран. Пренесен е настапот само на еден од учесниците, без притоа да се води сметка за објективноста. Тогаш, за каков пристап зборуваме? Пристрасен, би бил одговорот. Друг, но не помал проблем е и фотографијата искористена за илустрација. Класична фотомонтажа која нема информативна, туку партиско-политичка намена. Линк до оригиналниот напис: ПОПОВСКИ СИ ГО „ГАЗИ“ ПЕНДАРОВСКИ: Ако Заев беше толку голем демократ, ќе излезеше и ќе ги презентираше своите политички разговори! Датум и време на објавување: 29.11.2016 Датум на рецензирање: 30.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

НИТУ „О“ ОД ОБЈЕКТИВНОСТ

 Еднострано, еднострано, еднострано…. Што да заклучиме за

Наменски сечена и кроена анкета

на 30. 11. 2016 | |

[Рецензија: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ дури и според анкетата на Телма]

  Злоупотреба на бројки од анкета за партиски цели, притоа силно потпирајќи се на етнички компоненти. Тоа ни се „продава“ во ова четиво кое преку игра на проценти сака да пласира тези кои, за жал, кумуваат со реториката на владејачката партија во оваа предизборна кампања – за некакво си велепредавство на опозицијата. Селективно и строго наменски се пренесуваат само одредени делови од опсежното истражување, заради, прептоставувам, нечии преференци.  Линк до оригиналниот напис: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ дури и според анкетата на Телма Датум и време на објавување: 25.11.2016,  21:37 Датум на рецензирање: 28.11.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   

 ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА

Непристоен плагијат со обид за создавање мешаница 

Есапот во новинарството се расипува од коментари пласирани во вест

на 30. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Усеини од ДПА ѝ го расипа есапот на ДУИ во Делогожди

Адвокатот Адриан Усеини, кој ќе се трка за ДПА во петтата изборна единица, уште од неговиот прв говор, ја нагласи гордоста за неговото потекло и место на раѓање Делогожди, придобивајќи ја симпатијата на неговите соселани, кои долго време очекувале еден кандидат за пратеник од нивното село. Структурите на ДУИ континуирано „инвестирале“ во ова населено место давајќи им функции на неколку поединци од ова село, но освен личните придобивки, општиот интерес и особено инфраструктурата во ова населено место, стагнирале со времето останувајќи целосно надвор од вниманието на власта, пишува порталот „Дрини“. Кандидатурата на адвокатот Усеини, имајќи ги предвид горенаведените информации, но и неговиот семеен круг, изгледа овојпат

Мал текст со епски наслов – за голема пропаганда за ДУИ!

на 30. 11. 2016 | | sq

 

Напис: Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ

Демократската унија за интеграција е готова за почнување на промотивната конвенција. Салата „Борис Трајковски“ во Скопје е мала за активистите и за поддржувачите на ДУИ. Промотивната конвенција на ДУИ ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, известува „Тетова сот“. На конвенцијата на ДУИ ќе се промовираат кандидатите за пратеници од седумте изборни единици.  

[Рецензија: Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ]

Бомбастичните или, да ги наречеме „епски“ наслови, се адекватен вовед за пропагандните текстови. Ова изгледа му е добро познато на авторот на текстот што го рецензираме. За оваа цел веста ја насловил „малата сала за големата ДУИ“. Пропагандната цел се докажува уште во првиот ред (од малкуте

Информација без извори и без докази е „трач“, но не и вест

на 28. 11. 2016 | |
  [Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ИВИЦА КОНЕВСКИ НАПАДНАТ ВО ЛИСИЧЕ ОД СВОИТЕ!]   Написот повеќе наликува на чаршиски муабет отколку на сериозен новинарски текст, имајќи предвид дека изнесените податоци не се поткрепени. Нема наведено извори ниту, пак, изјави од очевидци или од владејачката партија и од градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.   Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ИВИЦА КОНЕВСКИ НАПАДНАТ ВО ЛИСИЧЕ ОД СВОИТЕ!  Датум и време на објавување: 22.11. 2016 Датум на рецензирање: 25. 08. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   СЕНЗАЦИЈА НАСЕКАДЕ, А ПОТВРДА НЕМА
„Вистинска драма се случувала во населбата Лисиче каде за влакно се спасил залижаниот градоначалник Ивица Коневски. Според информациите, пред три дена членството на ВМРО-ДПМНЕ од Лисиче на средбата со Ивица Коневски вербално го нападнале бидејќи
СТРАНА 22 of 324« ПРВА...10...2021222324...304050...ПОСЛЕДНА »