verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Николовски не забранува одење во кафеани,  туку говори за претпазливост на социјални мрежи

on 21 - 01 - 2020       

[Рецензија: Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ]

Текстот што е предмет на оваа рецензија во голема мера е тенденциозен и има за цел да ја оцрни владејачката СДСМ и нејзините членови.

Линк до оригиналниот напис: Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ

Датум и време на објавување: 17.01.2020

Датум на рецензирање: 20.01.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Написот, како повод за ваквата тенденција, го користи писмото од генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, испратено до партиските функционери и претседатели на општински организации. Во писмото, Николовски бара од нив во периодот пред изборите, да бидат максимално посветени на партиските активности и на социјалните мрежи да не објавуваат приватни фотографии од кафеани, одмори и слично.

Ваквото барање на Николовски е злоупотребено во написот и извртено, односно во текстот се дава своеволно толкување, дека членовите на СДСМ „не смеат да се пијанчат“. Па оттука следи и бомбастичниот наслов „Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ.

По предупредувачкото писмо на ген-секот Љупчо Николовски, на сите функционери на СДСМ, на сите нивоа, им претстои бурен викенд. Зашто, имаат уште два дена до апстинирањето од кафеани.

Според предупредувањето на ген-секот, партиската „прохибиција“ почнува од 20 јануари и ќе трае до денот на предвремените парламентарни избори 12 април. А, потоа, пак се по старо! Значи, овој викенд функционерите на СДСМ ќе пеат нова „партиска“ химна.

Се користи термин како „партиска прохибиција“ наведувајќи дека на партиските членови на СДСМ ќе им било забрането да се пијанчат по 20 јануари. Ваквите тврдења немаат никаква врска со реалноста и со барањето на Николовски. Имено, тој никаде не спомнува дека им е забрането одење по кафеани, а уште помалку пак, зборува за некакво пијанчење. Николовски само ги советува партиските функционери да не објавуваат  на социјалните мрежи приватни фотографии, туку службени, односно фотографии од партиски активности.

Понатаму, написот продолжува со потсмевањето и оцрнувањето на социјалдемократите.

Ако по дочекот на Новата година таа беше стариот хит на Дино Мерлин-„Све је лаж, само пуста лаж“ (преводот на македонски е излишен, зашто тие српскиот го разбираат и познаваат подобро од македонскиот, од кафеани, нели), викендов ќе го пеат Харис Џиновиќ и неговиот рефрен „…И тебе сам сит кафано, да Богда се запалила…“.

Повторно се алудира на тоа дека членовите на СДСМ не излегувале од кафеани.

На крајот, за текстот да „остави поголем впечаток“, се прави паралела меѓу СДСМ и Николовски,  и режим и диктатори. Со други зборови, имаме мешање „баби и жаби“.

Од писмото на ген-секот Николовски остана нејасно дали досега објавените фотографии на партиските функционери ќе мораат да ги отстранат или, пак, ќе ги ретушираат. Модерната технологија тоа го овозможува.

Историски гледано, пак, фотошопот не е никаков модерен изум. Напротив, со него се служеле сите режими откако постои фотографијата. Кога некој од моќниците би паднал во немилост, едноставно го бришеле од фотографијата како никогаш и да не бил на неа. Во тоа предничеле Сталин, Хитлер, Мусолини…

Во поново време фотошоп користат и многу естрадни ѕвезди, инфлуенсери и слично. Споредбата со Сталин, Мусолини и Хитлер нема никаква логична врска со писмото на Николовски. Целта очигледно е само една. Да се поентира дека СДСМ наводно е фашистичка партија која се служи со диктаторски методи.

Целиот напис е гола вода и е чист пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст. Написот, исто така, е пример за тоа како се изработуваат наменски текстови кои имаат за цел да манипулираат со јавноста и да перат мозок на читателите.

Во текстот е испуштено основното новинарско правило, а тоа е да се праша втората страна. Штом некого напаѓате, нормално и професионално е да побарате став од него. Но, очигледно целта на овој напис не е да демонстрира новинарство, туку пропаганда.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

 

 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести