verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Симон Трпчески не го прекина концертот во Штип

on 20 - 01 - 2020       

[Симон Трпчевски прекина концерт во Штип]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи не е вистина дека светски познатиот пијанист Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип. Најпрво, Трпчески немаше самостоен концерт за да го прекине, туку тој беше гостин на новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, при што имаше два настапa на концертите на 25 декември, од 17 и 19 часот.

Линк до оригиналниот напис: Симон Трпчевски прекина концерт во Штип

Датум и време на објавување: 17.1.2020

Датум на рецензија: 18.1.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски после пауза долга од 11 години повторно настапи во Штип. Трпчевски за време на концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ се обрати на публиката поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а исто така и имало проблеми и со струјата.

Првата реченица од текстот што го рецензираме алудира на тоа дека Трпчески имал свој самостоен концерт во Штип. Во текстот никаде не се споменува новогодишниот концерт на учениците од нижото и средното музичко училиште, во рамките на кои, Трпчески настапи.

Дека Трпчески не го напуштил концертот, демант имаше и од директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков.

Станува збор за лажна вест дека Симон Трпчески го прекинал концертот, сведок за тоа е преполната сала публика која беше фасцинирана од досега најдобриот новогодишен концерт на учениците и наставниците на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов,, Штип. Јасна е целта на оние кои ја шират оваа лажна вест, меѓутоа ние како уметници остануваме да работиме професионално во интерес на учениците и самото училиште. Несовесно е на трудот на учениците и за еден таков прекрасен настан да се измислуваат невистини и сето тоа да се користи за било какви нечесни цели“, вели Кавраков во демантот.

Лажната вест дека Трпчески го прекинал концертот во Штип, се појавува речиси еден месец по одржувањето на концертот во Штип. Новогодишниот концерт на учениците од нижото и средното музичко училиште се случи на 25 декември, а оркестрираните објави се случија на 17 јануари. Вистина е дека Трпчески на концертот говореше за студената сала во Домот на културата „Ацо Шопов“ и воопшто за условите во кои работат и творат македонските уметници, потенцирајќи дека треба да се одвојуваат повеќе средства, бидејќи тие се нашите амбасадори во светот. Но, тој критиките ги упати по завршувањето на неговиот настап на сцената со учениците.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести