Вилма Русковска не си го вработила внукот во скопското обвинителство
Објавено во Рецензии
on 27 - 01 - 2020 Автор: Админ[Рецензија: САМО ВИЛМА ИМА ВНУК КОЈ НЕ И Е РОДНИНА: Русковска си го вработува внукот во ОЈО Скопје, Антикорупциска не гледа судир на интереси]
Насловот на текстот што го рецензираме шири дезинформации бидејќи шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска, не си го вработила внукот Зоран Маркоски во ОЈО Скопје. Маркоски веќе десет години работи во Основното јавно обвинителство во Куманово.
Линк до оригиналниот напис: САМО ВИЛМА ИМА ВНУК КОЈ НЕ И Е РОДНИНА: Русковска си го вработува внукот во ОЈО Скопје, Антикорупциска не гледа судир на интереси
Датум и време на објавување: 23.1.2020
Датум на рецензија: 27.1.2020
Рецензира: Силвана Жежова
Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција не успеала да одолее на можноста која, благодарение на моментот, и се отворила, па нејзината позиција ја искористила да си го вработи нејзиниот внук како обвинител во Основното Јавно обвинителство Скопје.
Овој текст ја дезинформира јавноста, бидејќи внукот на Русковска, Зоран Маркоски не работи како обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје. Маркоски за „КриТинк“ потврди дека веќе 10 години работи во ОЈО Куманово и дека воопшто не е дел од ОЈО Скопје. Тој е обвинител уште пред Русковска да биде назначена за шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За овие 10 години сум конкурирал 10 пати, вели Маркоски за „КриТинк“.
Работната позиција на Маркоски останува непроменета, независно од тоа што неговата тетка Русковска доби професионално унапредување од јавен обвинител во Основно јавно обвинителство во Основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Обвинителите ги избира Советот на јавни обвинители и од соопштението од 85. седница (17.01.2020) на Советот, на која се расправаше и за изборот на Маркоски, може да се види дека во Основното јавно обвинителство во Скопје, се избрани обвинителите: Адела Бојчевиќ, Александар Давчевски и Гаврил Ристовски. Помеѓу имињата на овие обвинители, не е внукот на Русковска.
Инаку, според мислењето на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кое патем, е објавено во текстот што го рецензираме, не постои судир на интереси тоа што „син на сестрата на Русковска кој е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово, конкурира за јавен обвинител во ОЈО Скопје, во кое Русковска пред нејзиното именување за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извршува функцијата јавен обвинител, а која и е ставена во мирување“. Сепак, иако е дадено позитивно мислење од ДКСК, Маркоски не е избран за јавен обвинител во Скопје и останува да работи како јавен обвинител во Куманово.
И, наспроти тоа што фактите говорат дека Русковска не си го вработила внукот во ОЈО Скопје, текстот пласира невистини и има за цел да прикаже непотизам при вработувањето, таму каде што го нема.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови