verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Два реда текст не секогаш е новинарство!

on 20 - 01 - 2020       

Новинарскиот напис мора да се заснова на факти за да се оправда главната цел, да се информира читателот. Во текстот што го разгледуваме, има само неколку реда што не даваат информации, туку обратно, се основа за предизвикување уште поголема забуна кај читателите

Линк до оригиналниот напис: „По дербито Вардар – Шкупи истепани 2 Албанци од комитите“ Pas ndeshjes Vardar-Shkupi rrihen 2 shqiptarë nga Komitat (FOTO)

Датум на објавување: 24.11.2019

Датум на рецензија: 30.11.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

Ова е текст со нешто повеќе од две реда, со бројни правописни грешки, неуреден  новинарски и пред сè непроверен за неговата автентичност. Авторот се ослободува од основната одговорност што ја има на начин што на крајот од текстот во заграда ставил потпис – „граѓанин“.

„Силни полициски мерки против комитите кои ги нападнаа овие двајца млади и им ги украдоа телефоните. Според информациите од терен, сторителите се фатени. Сето ова се случи во близина на хотелот „Холидеј Ин“ во центарот (граѓанин) “– ова е целата содржина на текстот.

Од клик бејт до поттикнување меѓуетничкото насилство

Авторот веројатно сакал да добие што повеќе кликања со оглед на чувствителноста на темата. Но, ваквите текстови, неаргументирани како што треба, можат да бидат поттикнувачки и опасни.

ЕТИЧКИ КОДЕКС

 „Ако информацијата не може да се потврди или ако се работи за претпоставка односно шпекулација, ова треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се докаже колку што е можно“се вели во еден член од Етичкиот кодекс на новинарите

„Новинарот нема свесно да создаде или да обработува информации што ги нарушуваат човековите права и слободи, нема да користи говор на омраза и нема да поттикне насилство или дискриминација од која било основа (национална, верска, расна, врз основа на пол, социјална, јазична, политичка, сексуална ориентација …)“ се вели во друг член од Етичкиот кодекс

Постои минимално ниво на сеопфатност

Новинарот треба да се залага вестите да бидат сеопфатни и да презентира што е можно повеќе потврдени, официјални и стручни извори, зависно од тоа колку тие се објективно достапни.

Авторот на овој текст не се ни обидел да оствари ниту еден повик кон некој извор. Тој не му доставува на читателот ниту еден вид на текстуална информација и не го исполнил ниту минималното ниво на инклузивност во самата вест од аспект на професионалните стандарди.

Концепт на манипулација „Ефект на двосмисленоста“

Ефектот на двосмисленост е манипулација што авторот ја користи при донесувањето одлуки, под влијание на недостаток на информации или „нејаснотија“. Ефектот подразбира дека луѓето имаат тенденција да избираат опции за кои е позната веројатноста за поволен исход, отколку за опција за која е непозната веројатноста за поволен исход.

Ако немате потврдени инормации – игнорирајте ги!

Читатели, и вие сте можеле да бидете на местото на граѓанинот кој испратил слика и текст. Се разбира, во таков случај нема да ви биде јасно за тоа што се случува и ќе започнете хипотетички да мислите дека ова може да биде ова или она, но секако веднаш ќе започнете да го барате одговорот во онлајн медиумите.

Никогаш не земајте нешто здраво за готово како вест ако не ви нуди вест. Барајте дали има извори и потврдувања во текстот. Во случаи слични како на овој текст, прашајте се дали има официјална потврда од надлежните институции. Ако нема, игнорирајте го!

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести