Новинарски лекции

Игор Трајковски, Time.mk: Размислуваме да го преполовиме бројот на страниците што ги агрегираме

на 29. 06. 2015 | |
Д-р Игор Трајковски, основач и директор на Time.mk. Фото: Мартин Ивановски
 

За некоја веб-страницата да биде агрегирана на „Тајм.мк“, таа треба активно да работи минимум три месеци. Во моментот на аплицирање треба да достави извештаи од „Гугл аналитикс“ (Google Analytics ) за последните три месеци, а во последниот месец веб-страницата треба да има минимум 100.000 посети или во просек 3.000 посети дневно.

  Пишува: Владо Ѓорчев   „Тајм.мк“ (Time.mk)

ТВ-дневник: Проблеми? Кои проблеми?

на 27. 06. 2015 | |
Почни со Тунис, пушти го Груевски двапати со друг министер измеѓу, нареди два „успеси“, а главната вест спинувај ја и стави ја во средина за да не се забележи и си ја завршил својата пропагандистичка задача за тој ден. Фото: колаж СПФМ
 

[Критички осврт кон првиот ТВ-дневник на МРТ на 26 јуни 2015 година во 17 часот]

 

Кога американскиот стејт департмент ќе излезе со забелешки околу владеењето на

Медиумска измама и недемантирачки демант

на 26. 06. 2015 | |
Недостапно за демант, извинување нема. Веб-страницата на МРТ.  

Срамот за оваа постапка дополнително го сведочеше пораката „Access Denied“ на местото каде што беше објавена измамата, со што симболично и без да сакаат, одговорните во МРТ сосема јасно ѝ ставија на јавноста до знаење дека таа нема пристап до јавниот сервис, сервисот на граѓаните на Македонија.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Концептот „недемантирачки демант“ е една од вообичаените алатки во

Ако може претседателот да ја ревидира историјата, зошто да не и аматерот-историчар?

на 26. 06. 2015 | |
Владо Павлов – трибина за македонските пирамиди. Амфитеатар на Филозофскиот факултет, Скопје, 8 февруари, 2013. Фото: YouTube  

Претседателот на државата во гостувањето на „Ломоносов“, „им ги подари“ на Русите цивилизациските дострели на античките Македонци, без што тие не би биле тоа што се, а аматерите-историчари се натпреваруваат, во силна конкренција во која има и академици од МАНУ, за малку простор со „капиталци“ кои ќе привлечат внимание. Извесен Павлов на

Странските новинари со многу неофицијални информации за кумановските настани

на 25. 06. 2015 | | sq
  Куманово – на местото на настанот. Фото: Сања Атанасовска  

Секогаш сум имала впечаток дека новинарите, кога ќе се најдат во странска земја, во време на судири, известуваат поинаку отколку кога би биле во своја земја. Многу повеќе има процени, впечатоци, отколку точни информации, вели Гордана Бјелетиќ од „Н1“.

  Пишува: Сања Атанасовска   Од денешна перспектива, странските новинари што известуваа за кумановските настани од 9 и од 10

ТВ-дневник: Премиерот, барем во три прилози!

на 25. 06. 2015 | |
Груевски, Груевски и пак Груевски – три пати во еден Дневник. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“, на 22.06.2015 година во 17.30]

 

Во дневникот не се најде место за последниот извештај на „Хјуман рајтс воч“ за полициската бруталност на 5 мај оваа година

Пишува: Оливера Војновска   Организацијата за човекови права, „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) во својот Извештај за полициската интервенција за време на протестот пред Владата на 5 мај 2015 година, констатирала дека „полицијата употребила прекумерна сила против демонстрантите, случајните минувачи и еден новинар“. Сепак, оваа информација не беше доволно интересна за да стане вест во централниот дневник на телевизија „Алфа“ во понеделникот, на 22 јуни 2015 година. Како што беа, на пример, атрактивни трите

Педро Аграмунт, пропагандистот на Груевски, „жртва“ на кавијар-дипломатијата на Азербејџан

на 25. 06. 2015 | |
Режимот во Азербејџан му подарува уметнички портрет на Педро Аграмунт со неговиот лик. Фото: ЕСИ  

Шпанскиот сенатор од Советот на Европа, Педро Аграмунт, кој трипати со изјави и со декларации ја брани актуелната власт на Никола Груевски, „занаетот“ го испече вежбајќи врз еден друг недемократски режим – оној на диктаторот Илхам Алиев од Азебејџан

  Пишува: Владимир Петрески   Веднаш, истиот ден на објавувањето на првата „бомба“ на лидерот

ЕУ стави крај на владината пропаганда финансирана со народни пари

на 20. 06. 2015 | | sq, en
Јоханес Хан, главниот преговарач на ЕУ за решавање на македонската политичка криза. Фото: EPP, 2013    

Приоритетите на Европската унија во делот на медиумите, а особено препораките на експертскиот тим на Унијата за состојбите со медиумите во Македонија, во рамките на решавањето на актуелната криза, ставија јасни рамки преку кои не ќе може да се премине за и понатаму да се спроведуваат недемократските манипулативни политички и отворено криминални акробации

Марсовскиот поглед на Ѓорге Иванов врз медиумите во Македонија

на 18. 06. 2015 | |
Претседателот Ѓорге Иванов. Фото: „Телма“, скриншот  

За состојбата во медиумите, претседателот Иванов има гледишта на човек кој како да не бил присутен ни во Македонија, ни на планетата Земја изминативе пет-шест години

  Пишува: Владимир Петрески   Интервјуто на претседателот Ѓорге Иванов на „Телма“ со колегата Атанас Кировски, конкретно делот за медиумите, повторно ни покажа лик на човек кој е изместен од реалноста, кој мора да ја следи линијата

Клуб на новинари против новинарството

на 17. 06. 2015 | |
Новинарите досега објавиле само 0,5% од вкупниот број на документи кои Едвард Сноуден им ги доставил. Фото: Snowden via photopin (license)

Ниту еден македонски медиум, особено оние конвенционалните, не се обиде да го постави прашањето за нарушувањето на приватноста на оние 20.000 прислушувани граѓани. Никој не го објасни процесот на прислушување и речиси никој не праша што се случува или, можеби, што ќе се случува, со снимените материјали што не