verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Ќе те вознемирувам за да кликаш

на 12. 09. 2016 | | sq
[Рецензија: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси] Преземањето текстови од други медиуми не е нешто непознато, ниту невообичаено. Иако тоа зборува за одредена мрзеливост и за неинвентивност, сепак, додека преземањето се прави коректно, тоа е во ред. Под коректно подразбираме првенствено да се објави изворникот на текстот, со оригинален наслов и со датум и време кога е објавена содржината. Уште повеќе, кога се преземаат само одредени делови од „позајмената“ содржина, тогаш треба да се биде особено внимателен за да не се измести контекстот на преземениот дел и со тоа да се злоупотреби.   Линк до оригиналниот напис: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси Датум и време на објавување: 11.09.2016 –

Експертска алхемија за политички договор

на 8. 09. 2016 | |
Медиумите и изборите низ лупа. Фотошоп: СПФМ  

„Козметички“ интервенции не го отстранија преовладувачкото чувство во јавноста дека Привремената комисијата за следење на медиумското известување на изборниот процес ќе се занимава со една, најблаго речено, сизифовска работа, која ќе се сведе на броење минути и на тегавење меѓу членовите на тоа тело за тонот, аголот, речникот, кога ќе се оценува квалитатетот на новинарските извештаи за изборниот процес

  Пишува: Зоран

Патриотметар со единици мерки за патриотизам

на 7. 09. 2016 | | sq

 

[Рецензија: „RESPECT KOSOVA!!!“: На овие избори СДСМ ќе настапи како навивачка група]

    Ајде ставете се во улога на одговорен во некој медиум и замислете ситуација во која некоја позната личност, со македонски етнички идентитет, граѓанин на соседна Бугарија, развие македонско знаме и објави текст на некоја социјална мрежа со кој упатува навивачки поттик за некоја македонска спортска репрезентација. Нашите медиуми тоа веднаш ќе го „воспејат“, а бугарските ќе го осудат. Познати шеми. Веќе видени. Но, тоа е само една од многу варијанти на оваа приказна. Познавам многу пријатели и познаници кои навиваат за спортските репрезентации на Италија, Шпанија, Англија, Германија… Дури сум видел и нивни фотографии со знамиња на тие земји. И што? Дали тие се предавници?

Медиумска милитантна мобилизација

на 5. 09. 2016 | | sq
[Рецензија: 113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово]     Пред нас е еден типичен пример за манипулативно врамување, односно ставање на одредена медиумска содржина во контекст, со што таа добива сосема друго значење од нејзиното автентично. Во овој случај, содржината е една сосема небитна информација, меморабилија за активностите на ОВК (УЧК) на Косово од 1999 година, а рамката е вонредните парламентарни избори во Република Македонија. Значи, на денот кога почна одбројувањето на стоте дена до вонредните парламентарни избори, медиумот избрал да врами информација која суштински е определена во насловот „113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово“ за да предизвика вознемиреност, заплашување кај граѓаните од една страна, и, од друга страна да

Медиумски ќор-фишек за „Макпетрол“

на 2. 09. 2016 | | sq
[Рецензија: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда]     Да, сосема е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога ни ја предлага оваа медиумска содржина за рецензија. Си дозволуваме да напишеме уште на самиот почеток на овој осврт, дека овој текст е типичен пример за оној тип препораки „како да упропастиш добра новинарска идеја во четири чекори“. Навистина, темата што ја обработува оваа новинарска содржина е актуелна, контроверзна, обвитката со мистерија… Значи ги има сите атрибути да биде медиумски вредна информација од која се прави добра новинарска сторија. Но, наместо тоа, во овој случај е избран еден крајно несоодветен, непрофесионален начин.     Линк до оригиналниот напис: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда

Новинарски воајеризам

на 31. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: ФОТО: Цеца ќе стане македонска снаа?]     Се осврнуваме на медиумска содржина со малку поодминат датум, но бидејќи доаѓа како предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ и затоа што опфаќа важни прашања, времето на објавување на сторијата е од минорно значење во однос на сериозните пропусти во неа од професионален и од етички аспект. Една од општите сугестии на сите правила, учебници, прирачници, кодекси…, кога станува збор за известување на животот на славните, популарни личности, е дека и ова новинарство мора да ги почитува и понатаму основните начела и стандарди за вистинитост, новинарска вредност и за непристрасност.   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Цеца ќе стане македонска снаа? Датум и време на објавување: 

Шпекулацијата без додадена вредност останува шпекулација

на 26. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев во паника повторно ги повика „продавачите на магла“ (фото+ видео)] Дури и да е точно сето ова, сепак останува шпекулација која со ништо не може да се потврди, ако го земеме само текстот за да ни послужи за тоа. Шпекулација е зашто нема ниту еден извор, ниту една посредна или непосредна логична низа од елементи што одат во прилог. Не е лесно да се направи тоа, но не е ни оправдано да се направи медиумска содржина само врз основа на шпекулации и на претпоставки. Таквата шпекулативна информација е атрактивна и собира кликнувања, но зад завесата на атракцијата нема содржина и аргументи кои ја прават додадената вредност во професионалното новинарство. Линк до оригиналниот напис: Заев во паника повторно ги

Синдромот „Салиери“ во новинарството

на 23. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: СE ПОВЕЌЕ ПРОПУСТИ ВО РАБОТАТА НА СЈО]

За добро новинарство има пишани и непишани правила. Има учебници, теоретчари, искусни колеги кои споделуваат знаење, од кое можат да се научат многу работи. Но, постои нешто што не се учи. Тоа е новинарскиот инстикт. Или го имаш, или го немаш. Ако го имаш, а не го храниш, инстиктот многу бргу ќе рудиментира и ќе стане – слепо црево. Сѐ што можете да добиете од таквите „слепи црева“ е новинарство што страда од синдромот „Салиери“. Тоа е новинарство кое произлегува од тие што наместо да го развиваат сопствениот талент и од него да продуцираат добри резултати, ги опструираат, осуетуваат, им штетат, ги кодошат своите колеги. И тоа тие што си ги извлекуваат

Безусловно тврдење – аргументи нула

на 22. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: Сорос вгнезден на факултетите – Нов список на платеници во Србија] Убаво е кога некој друг ќе ви ја одработи работата да му оддадете признание, да го спомнете на некој начин, да се заблагодарите. Тоа е особено битно, професионално и фер постапка во новинарството, бидејки изворите во оваа професија се најважни. Во однос на оваа медиумска содржина, можеме само да претпоставиме дека овој текст, објавен некаде којзнае каде, е еден од серијата што се конструираат врз основа на наводната провала на мејл-преписката на фондацииите на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос. Велиме „наводна“ зашто сега засега никој не потврди дека објавените содржини од преписката се автентични. Зашто, да бидеме чесни во професијата докрај, дури и кога се работи за шпекулации,

Вирус во медиумската содржина

на 18. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: Луксузниот џип во кој  се возеше Шеќеринска уништен на грчката граница] Да имаше пулс од срце на одговорно и професиоално новинарство, оваа медиумска содржина немаше го привлече внимателното око на рецензентите на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“. Наместо да биде и да остане непристрасна техничка информација за една сообраќајна несреќа, само со еден пасус оваа информација прекрши дури 4 членови од Кодексот на новинарите. Ќе почнеме со непочитувањето на принципот за информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки, кој налага известување ослободено од сензационализам (член 8 од Кодексот) Не порекнуваме дека во овој случај, бидејќи се работи за позната јавна личност како еден од учесниците во сообраќајката, интересот на јавноста е

Претплатете се за најнови вести