verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Тајна средба за договор за подбуцнување тензии?!

на 14. 07. 2014 | |
Во лекцијата „Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата“, објавена на Сервисот за проверка на фактите од медиумите, се вели дека медиумските конструкции тендираат да бидат дел од реалноста или да создаваат псевдореалност. Овие феномени го узурпираат јавниот простор и во судир со објективната реалност создаваат конфузија и мимикрија кога станува нејасно што е реално, а што е псевдореално. Еден таков новинарски текст, текст што креира псевдонастан, или медиумска контсрукција, рецензираме

Рецензија: Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќарќите биле од ќерпич

на 9. 07. 2014 | |
Текстот што го рецензираме се повикува на стручните извори што ги користи, ги пренесува директно ставовите, не поставува многу прашања… Резултат на тоа е едностран, фактички и временски асинхрон текст кој не ја крие намерата за политичко контекстуализирање на една археолошка приказна. Линк до оригиналниот напис: Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќарќите биле од ќерпич Датум и време на објавување: 04.07.2014 Датум на рецензирање: 08.07.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Освен овие општи и не многу суштествени забелешки, има неколку многу битни. Како прво, оние задолжени да изведат наслов за сторијата, формирале наслов за кој немаат ниту еден аргумент видлив во самиот текст. Да изведете наслов од ништо дека во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќите биле

Рецензија: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?!

на 7. 07. 2014 | | sq
Како да се упропасти новинарски извештај во три чекори? Прв чекор: ставаш во наднасловот прашање како теза. Втор чекор: ставаш наслов кој иронизира и дополнително прашува. Трет чекор: Го отвораш текстот со коментари и пристрасни констатации со кои се нафрлаш врз носителот на темата на новинарскиот извештај и – си завршил работа. Сѐ што потоа следува е врамено во овие први три чекори. Тоа во пропагандата се нарекува фрејмување – кога авторот ја определува рамката на текстот во која „влегува“ содржина која е определена од таа рамка. Тоа, накусо е случајот со текстот што го рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?! Датум и време на објавување: 04.07.2014 Датум на рецензирање: 07.07.2014 Рецензент: Зоран

Рецензија: Македонија во топ 8 светски туристички дестинации

на 7. 07. 2014 | | sq
Сосема е во право нашиот читател кога побара „третман“ од Сервисот за проверка на факти во медиумите за медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија. „Нема линк од оригиналната вест ниту информација за тоа кој портал го направил рангирањето и врз основа на кои критериуми. Како читател се чувствувам измамено бидејќи потрошив 5 минути од своето време мислејќи дека ќе прочитам атрактивна и релевантна информација.“ Освен што веќе стануваат сѐ почести реакциите на корисниците кога станува збор за вакви непрофесионално срочени текстови, што зборува за една медиумски еманципирана публика, нашиот читател е во право за сите точки во неговиот приговор на овој текст. Линк до оригиналниот напис: Македонија во топ 8 светски туристички дестинации Датум и време на објавување:

Рецензија: (Напомена: Насловот е намерно изоставен*)

на 2. 07. 2014 | | sq
*Насловот и целиот напис можете да го најдете на овој линк  Уште на стартот на оваа рецензија сакаме веднаш да укажеме дека за известувањето за децата во медиумите, освен во новинарскиот Кодекс, регулирани се принципи и со Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и со општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето. Оваа врвна препорака не ја  испочитувал текстот што го рецензираме, како и серија други медиуми кои објавија свои стории за овој настан на ист начин. Имено, објавувањето или недоволната заштита на идентитетот на малолетниците (интервју со роднините, снимки од куќата или непосредното окружување ), информирањето за детали од злоставување на

Рецензија: Англичаните повеќе од половина век лажеле за потеклото на Стоунхенџ!!!

на 27. 06. 2014 | |
Во светот, кој денес претставува глобално село кога е во прашање пристапот и користењето на информациите, едно е да ја користите таа привилегија и можност за да бидете први, ексклузивни, интересни, но мора да бидете свесни дека рака подрака со овие привилегии оди и одговорноста тие информации да бидат точни. Значи, мора да се проверат, и уште еднаш да се проверат, па дури потоа да се објават. Привилегијата да имате пристап до информациите кои ви се чинат ексклузивни и сензационални се мери со истиот степен на отворени можности тие информации веродостојно да ги проверите. Текстот што го рецензираме се послужил само со привилегиите, а не и со обврските да провери само зашто привилегиите се брзи и лесни, достапни на тацна

Рецензија: Нивес Целзиус – морска сирена со цицки до колена

на 25. 06. 2014 | |
Повеќе пати во различни рецензии, анализи и новинарски лекции овде на Сервисот за проверка на фактите од медиумите е констатирано дека добриот вкус и професионално одговорниот говор се веќе заминати од поголем дел на актуелната журналистика. Тие доблести се заменети со вулгарности, па дури и со простачки говор, кој често пати или граничи или ја преминува границата на говор на омраза, или, пак, е говор кој освен што го дискриминира добриот вкус ги дискриминира и луѓето за кој пишуваат новинарите. На таков еден, простачки и сексистички текст, е посветена и оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Нивес Целзиус – морска сирена со цицки до колена Датум и време на објавување: 18.06.2014 Датум на рецензирање: 23.06.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Тука веднаш

Новинарите и известувањето од трауматични настани

на 24. 06. 2014 | |
 

Луѓето инволвирани, директно или индиректно, во трауматични настани ги преживеале тие настани и секогаш ги преживуваат кога за нив треба да зборуваат со странци, особено со странци со диктафони, камери, новинарски бележници…

  Пишува: Зоран Бојаровски   Кога се случуваат трауматични настани за една заедница или општество, на сцената, заедно со полицијата, лекарите и спасувачите, се и новинарите. Тие настани се сами по себе вест. Многу често, трагичните настани,

Инфективно новинарство: Ширење зараза и интригантство без извори

на 20. 06. 2014 | |

[Рецензија: Зошто Заев оди пеш за Грција наместо со автомобилот од 80.000 евра?]

Има еден вид новинарство за кое нема да најдете лекции во учебниците, ниту, пак, во теориите за  медиумските жанрови и формати. Се вика инфективно новинарство, или инфективни новинарски текстови. Тоа се оние текстови што се интересни и интригантни, но во нив нема елементи кои можат да ја потврдат нивната вистинитост, најчесто се без извори, или во најдобар

Рецензија: Македонците решија: Време е да исчезнеме!

на 17. 06. 2014 | |
Прашање на уредувачката политика и прашање на избор е од кој агол медиумот ќе обработи некоја тема, но секако дури и тогаш, темата мора да биде сеопфатна; поткпрепена со податоци кои ќе бидат недвосмислени и ставени во соодветниот контекст; нив треба да ги толкуваат стручни лица, докажани експерти. И уште нешто е многу важно: Секоја новинарска тема треба да биде пренесена и спакувана со наслов и со друга графичка опрема пропорционално на импликациите што може да ги има пораката или поентата на новинарскиот текст. Од овие аспекти сакаме да ја разгледаме оваа медиумска содржина соодветно на методологијата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите. Линк до оригиналниот напис: Македонците решија: Време е да исчезнеме! Датум и време на објавување:

Претплатете се за најнови вести