verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Ова се случува после смртта: Открива жената на која и се појавил нејзиниот починат брат

на 19. 08. 2014 | | sq
Тривијализацијата на медиумите го спушти до невидени граници квалитетот на понудата на медиумски содржини, а потребата да се биде прв и ексклузивен ги обезвреди професионалните стандарди со кои се обработува една информација со потенцијал да биде медиумска содржина. Овој сериозен проблем го има медиумска содржина што ја рецензираме, а на која не упати еден наш читател со предлог на веб страницата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ). Нашиот читател вели дека авторите на оваа содржина „како самите да посведочиле, а не дека прераскажуваат некаков роман со приказни за духови.“ Проверката со методологијата на СПФМ не само што ја потврди констатацијата на нашиот читател, туку откри и неколку други недостатоци. Линк до оригиналниот напис: Ова

Рецензија: Каде летуваат македонските новинари?

на 17. 08. 2014 | | sq
Темата за приватноста на јавните личности и јавноста е стара колку и медиумите. Јавните личности отсекогаш се дел од интересот на медиумите, бидејки тие, особено политичките ѕвезди, со влегувањето во оваа професија се согласиле да отстапат дел од својата приватност заради интересот на јавноста. Тоа е начин јавноста да споредува колку декларираните принципи на политичарите ги применуваат и самите тие. Со текот на времето, и новинарите станаа дел од кругот „познати личности“.  Според тоа, ако се земат правилата за тоа што е вредно да биде вест, и нивните активности генерираат информации вредни да бидат вест. Но, дури и тогаш, важат истите правила: веста да не биде селективна, да има некаков јавен интерес, макар и забавен и да бидат коректно пренесени

Рецензија: Ја удрил со глава и и го скршил носот – Србинка долго ќе го памети патувњето низ Македонија

на 6. 08. 2014 | | sq
Точно е дека излогот продава, но точно е и тоа дека на тој начин продаваш само еднаш. После тоа, кога тоа во излогот не е исто со спакуваниот производ, купувачот секогаш два пати ќе размисли пред да влезе во истатата продавница, или никогаш повеќе нема да купува таму. Така е и во новинарството. Насловот и фотографијата продаваат, но тие мора да бидат соодветни, да бидат суштина на содржината на веста. Во случајот на текстот што го рецензираме, тоа не е случај. Затоа, реагирале и читателите на нашиот Сервис за проверка на фактите од медиумите и ни предложија да го рецензираме. Во својот предлог нашиот читател вели: „Дали новинарството во Македонија е толку очајно што ваков видлив медиум, чија бројка на

Подводаџиско новинарство

на 24. 07. 2014 | |

[Рецензија: ФОТО: Прилепчанка нуди секс масажа со „хепи-енд“ за 750 денари]

Тоа што го објавува некој медиум, содржините со кои ја исполнува својата форма, го дефинираат профилот на медиумот кој произлегува од уредувачката политика на редакцијата. Каков е профилот на медиумот што ја објавил оваа медиумска содржина што ја рецензираме? Каква уредувачка политика генерира објавување вакви вести? Читателот на Сервисот за проверка на фактите во медиумите (СПФМ), на чиј предлог

Листерија за новинарска хистерија

на 23. 07. 2014 | |

[Рецензија: Осомничени домашни месни производители како епицентар на смртоносната листерија]

Зошто пишувањето за бактеријата „листерија“ би се претворила во хистерија? Или, неодржило новинарство или новинарска постапка, која како краен ефект има вознемирување за публиката и неосновано обвинување. Зошто? Еве еден добар пример како се распаѓа неодржливото новинарство. Ќе го прикажеме тоа низ вивисекција на насловницата и најбитните пасуси на оваа медиумска содржина. Линк до оригиналниот напис: Осомничени домашни месни производители како епицентар на смртоносната листерија Датум и време на објавување: 22.07.2014, 11:18 Датум на рецензирање: 23.07.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Главната, неоснована, поента овој новинарски текст ја има уште во насловот во кој, за разлика од сите други медиуми што објавија информација истиот ден поврзан со појавата на бактеријата, е единствениот

Рецензија: Дивонаселените не го напуштаат центарот на градот

на 21. 07. 2014 | |
Една од препораките за професионалното известување на новинарите кога се во прашање ранливите групи во прирачникот „Етика во новинарството“ (Т.Чаусидис/З.Бојаровски, ЗНМ, 2012) вели: „Не учествувај во создавање негативен имиџ на одредена група или заедница! Да се биде различен, поинаков од мнозинството, да се биде малцинство многу често претставува голем товар за луѓето. Новинарот не смее да учествува во зголемувањето на тој товар. Никогаш не прави некоја заедница или група да се доживува како синоним за тероризам, граѓанска недисциплина, примитивизам, болести.“ Вака како што е стокмена сторијата што ја рецензираме, само заради тоа што нема изјава од ликовите што имаат главна ролја во оваа новинарска приказна, таа паднала на ова етичко и професионално правило. Линк до оригиналниот напис: Дивонаселените не го

Рецензија: СЗО: Експлозија на сида и ХИВ кај хомосексуалците

на 18. 07. 2014 | |
Во делот за предлози за рецензии од нашите читатели ни пристигна предлог за  рецензија на овој новинарски текст. Предлагачот на рецензијата вели: „Омраза, страв и дезинформирање, предизвикување чуство на несигурност.“ Го проверивме тексот, водејќи се од Методологијата за проверка на фактите од медиумите и видовме дека новинарски текстот е коректен: се повикува на релевантни извори, пренесува факти кои резултираат со трендови што ги констатира Светската здравствена организација (СЗО) и завршува со пасус посветен на статистиките за ситуацијата со ХИВ вирусот во Македонија. На тој дел ќе се осврнеме на крајот на оваа рецензија. Она што го натерало нашиот читател да предложи рецензија за овој текст е насловот, односно зборот „експлозија“ и дека таа експлозија се случува кај хомосексуалците.

Рецензија: Како ви се допаѓа вереницата на министерот Спасов?

на 17. 07. 2014 | |
Каков е овој наслов? Какво е ова прашање? Каква вредност има оваа медиумска содржина? Можеме да го сфатиме љубопитството на „рекла-кажала“ јавноста за вакви вести, ама и тие треба да имаат некаква содржина. И, на крајот, што сугерира насловот? На што се изложува приватноста на оваа девојка? Дали е доволно што оваа девојка, како што е објавено, ќе му биде идна брачна избраничка на министерот за труд и социјала, на ваков начин нејзината приватност да биде изложена пред јавноста. Освен тоа, да бидеме докрај доследни, од неа нема потврда дека таа го прифатила предлогот. Оваа новинарска творба го крши членот 7 од Кодексот на новинарите кој ја штити приватноста од непрофесионалното работење на новинарите: „Новинарот ќе ја почитува приватноста на

Рецензија: Луксузни мерцедеси фрчат низ Кавадарци

на 15. 07. 2014 | |
Тогаш кога новинарите од статистика сакаат да направат професионална новинарска сторија, правилата се неминовни, а тие се ригорозни: бројките мора да бидат точни – за приказната да биде вистинита, и споредливи – за да се забележат трендовите, позитивни или негативни, сеедно. Сето останато, игрите со бројките без тие правила, стануваат предмет на впечатоци и како такви лесно подложни на извитоперување, манипулација и на креирање на неверодостојни слики, а со тоа и на новинарски приказни кои оставаат впечаток на импровизација. Со таква ситуација се соочуваме во текстот што го рецензираме, а е поврзан со силен наслов кој сугерира слика дека Кавадарци е Монте Карло – фрчеле луксузни мерцедеси. Линк до оригиналниот напис: Луксузни мерцедеси фрчат низ Кавадарци Датум и време на

Интегрирана редакција: Не престанувај да мислиш на утре

на 15. 07. 2014 | |
  Философијата на новите конвергирани и интегрирани медиуми ја следи тезата на Чарлс Дарвин, кој не рекол дека најсилните опстануваат, туку оние кои најбрзо и најдобро се адаптираат. Тоа значи дека нема да опстанат најголемите медиуми (сетете се на диносаурусите), ниту, пак, оние кои сега имаат најголема гледаност или читаност. Ќе преживеат оние кои најбрзо ќе се прилагодат на брзите промени во технолошката и медиумската индустрија.   Пишува: Зоран Бојаровски

Претплатете се за најнови вести