verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Лекција за уредниците: Негувајте го огнот

на 10. 10. 2013 | | sq

Уредниците не треба да го палат огнот, тие треба да го одржуваат и да му додаваат гориво. Една од најважните задачи на уредниците е да ги инспирираат новинарите. Успехот на медиумите зависи од новинарите. Новинарите, доколку имаат таков уредник, се огледало на енергијата на ентузијастичкиот лидер или на летаргијата на обезличениот, обездуховен уредник.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Работата во редакцијата треба да биде високо професионална, одговорна и пред сѐ

Рецензија: Миланскиот едик не важи за МПЦ-ОА

на 7. 10. 2013 | |
Оваа вест има сериозен проблем зашто целата своја теза ја гради на невистини и неточности во врска со устројството и односите меѓу канонските православни цркви од што произлегуваат правилата според кои една црква се стекнува статус на автономност или автокефалност. Оваа тема е една од оние отворените во врска со статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и затоа е важна за јавноста во Македонија. Но, не на начин

Рецензија: Совети за девојките како среќно да се омажат

на 3. 10. 2013 | | sq
Иако оваа сторија, објавена во рубриката „Магазин“ на порталот, не спаѓа во новинарските жанровски стандарди кои се предмет на анализа на проектот „Сервис за проверка на факти од медиумите“ во делот на рецензии, сепак одлучивме да ја земеме предвид зашто има една тенденција, овој и слични вакви текстови да се промовираат како вести. И во овој случај, како и во неколку претходни, правиме исклучок од правилото и рецензираме напис од друг жанр со цел преку типски примери да им укажеме на граѓаните како се манипулира со нив. Линк до оригиналниот напис: Совети за девојките како среќно да се омажат Датум и време на објавување: 01.10.2013 Датум на рецензирање: 02.10.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост:  Оваа сторија не може да претендира на

Рецензија: Филмски и вооружен грабеж во „Кам маркет“ во Скопје

на 1. 10. 2013 | |
Оваа вест, и покрај тоа  што е техничка, го нема минималниот степен на медиумски стандарди. Линк до оригиналниот напис: Филмски и вооружен грабеж на „Кам Маркет“ во Скопје Датум и време на објавување: 28.09.2013, 12:42 Датум на рецензирање: 30.09.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Веста може, и најверојатно е вистинита, зашто е препис на полициски извештај. Но, многу лош препис. Извори на информации: Со оглед на тоа што е препис, има само еден извор на информации. Другите извори се во маркетот во населбата Чаир, каде што е извршен грабежот за кој се пишува во веста. Чаир мора да е многу далеку? И, како сега да се побара контакт или да се оди во компанијата што е сопственик на синџирот маркети „Кам

Како да се известува за сексуалните работници реално и без сензационализам

на 29. 09. 2013 | | sq
Загрижувачки е фактот (…) што новинарите ретко се обидуваат да ги преиспитаат полициските извештаи во кои корисниците на дрога и сексуалните работници се претставуваат како криминалци, дури и кога тие бараат заштита токму од страна на полицијата во случаи на повреда на нивните права.   Пишува: Зоран Бојаровски   Еден од првите големи чекори што треба да го направат новинарите е да се сообразат на новиот и соодветниот речник и

Рецензија: Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле

на 26. 09. 2013 | | sq
  Дали може да се поврзе тоа што не се поврзува? Може ли врската да е природна и да им дава нова димензија на две неповрзливи работи. Ако не е таква врската, тогаш сте поврзале нешто што не се поврзува и добивате мутант. Таков мутант од новинарски текст, или новинарски текст без врска, е токму овој. Линк до оригиналниот напис: Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле Датум и време на објавување: 24.09.2013, 21:45:14 Датум на рецензирање: 26.09.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Овој текст можеби и нема проблеми со вистинитоста зашто сосема е можно „најпознатата балканска јасновидка“, според критериумите на овој интернет портал, да предвидела смрт на некоја ѕвезда од македонската естрада. Но, ниту има линк до таа изјава дадена „неодамна“ како

Рецензија: Буџетот за 2014 година – стабилна основа за економски развој

на 25. 09. 2013 | | sq
Оваа „вест“ предизвика внимание за рецензија затоа што претставува рециклажа на извештај на истиот медиум објавена 24 часа претходно како новинарски резултат од презентацијата на проекцијата за буџетот на Република Македонија за 2014 година пред членовите на Стопанската комора на Македонија. Од информацијата што ја читаме нема никаков друг нов повод, ниту нов извор или факт, кој ќе го оправда повторното новинарско навраќање на настан што се случил пред 48 часа и за кој веќе еднаш е пишувано. Напротив, сѐ што е направено е парафраза на претходниот извештај, па дури и единствената директна изјава во двата текста е идентична.  Линк до оригиналниот напис: Буџетот за 2014 година- стабилна основа за економски развој Датум и време на објавување: 24.09.2013 – 12:09:19

Претплатете се за најнови вести