verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Естрадата се обедини со Тони Михајловски – погледнете ја оваа „гужва” на неговиот профил на Facebook

на 8. 01. 2014 | |
Неодамна во новинарската лекција под наслов „Тролови насекаде – коментарите на интернет“ го цитиравме заклучокот во истражувањето Еarly comments on stories affect what later readers believe, and what they say, за навиките на интернет корисниците кога се коментарите во прашање, Џеф Сондерман за Институтот Поинтер, кој вели дека „корисниците на интернет сѐ почесто прво ’ѕиркаат’ во коментарите, па дури потоа да го читаат текстот”. Напишавме дека тоа крие една сериозна опасност оние што практикуваат такво читање на изворниот текст да му пристапат веќе инфицирани – без разлика дали инфекцијата е позитивна или негативна. Но, изненадувањата во македонското новинарство, особено она онлајн, продолжуваат непријатно да изненадуваат. Сега коментарите се сервираат како новинарска содржина на која „авторот” додава само наслов кој, обично,

Рецензија: Мистериозно откритие за проектот Скопје 2014

на 4. 01. 2014 | |
Веќе неколкупати, различни колеги вклучени во овој проект како рецензенти, констатираа дека секојдневно се среќаваме со новинарски продукти кои не секогаш можат да се изедначат со стандардите на востановените новинарски жанрови или форми. И оваа рецензија е посветена на еден таков новинарски производ, објавен на еден од порталите на македонската дијаспора. Велиме производ зашто се работи за содржина составена од текст од неколку реченици, кои го наведуваат читателот да проследи

Рецензија: Една година од црниот 24 декември

на 25. 12. 2013 | | en
Има многу новинарски текстови кои не заслужуваат внимание. Од најразлични причини. Но, оние што се служат со невистини, сериозни невистини, не смеат да се премолчат. Зашто, каков и да е, секој новинарски текст остава трага. Интернетот и новите дигитални технологии ги направија широко достапни и со можност да останат архивирани. Ако не се проговори за нив, ако не се укаже на невистините што ги шират, ја делиме одговорноста дека некој,

Рецензија: Ексклузивно: СОРОС со буџет од неверојатни 5 милиони евра ставени на располагање на опозицијата

на 23. 12. 2013 | |
Меѓу повеќето автохтони феномени во современото новинарство во Република Македонија е и појавата на замаглување (односно замачкување, анг. blurring), релативизирање на разликите меѓу одделните новинарски жанрови и формати. Оваа постапка се прави за да се протурка нешто што се објавува како „ексклузивно“ или како „истражувачко“ новинараство, а, всушност, не е тоа. Не може да биде „истражувачко“ или „ексклузивно“ анализа на достапни и транспарентни документи како што се Годишниот програмски наративен

Рецензија: Стара вест за починато бебе пред три години го потресе Балканот

на 20. 12. 2013 | |
Новинарската сторија што ја рецензираме тука, почнувајки од насловот, а потоа и во еден дел на текстот, го проблематизира објавувањето на стари вести кое во последно време зачести, особено во онлајн медиумите во Македонија. Тоа, би рекле, е добра новинарска тема, но авторката на текстот освен во насловните напомени и првите два пасуси каде што се задржува на оваа тема, потоа веднаш отвора нова тема: дали вакцините се корисни или штетни. Една исклучително важна тема, тема која допира сериозен број родители, деца и нивни роднини, во овој текст станува второстепена. Линк до оригиналниот напис: Стара вест за починато бебе пред три години го потресе Балканот Датум и време на објавување: 18.12.2013 Датум на рецензирање: 19.12.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Интересно,

Тролови насекаде – коментарите на интернет

на 20. 12. 2013 | |
 

Техничките платформи и уредувачките политики за дискусии и коментари на интернет треба да бидат инклузивни и безбедни за да обезбедат амбиент за жива, забавна, продуктивна и над сѐ, фер и интелигентна дискусија и коментари.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Голем дел од коментарите на читателите на онлајн медиумите се исполнети со примитивизам, безобразен воајеризам, омраза, сеирџиство… Неодамна Хафингтон Пост објави дека нема повеќе да објавува коментари без име и

Рецензија: Порака до СДСМ: Ова не е „Х Фактор”, ова се избори

на 17. 12. 2013 | |
Овој телевизиски новинарски прилог, за жал, има многу слабости: има проблеми со вистинитоста; на неа се надодава концептот на користење на анонимни извори без да има причина за тоа. Текстот е, вусшност, полн со коментари, почнувајки од насловот и пристрасен без ниту најмал обид да го скрие тоа. Но, да ги видиме аргументите за еден ваков категоричен вовед. Линк до оригиналниот напис: Порака до СДСМ: Ова не е „Х Фактор”,

Рецензија: Уништени пластеници во с. Грчец

на 16. 12. 2013 | |
Во услови на нагласено изострена атмосфера во поглед на меѓуетничките односи, етичкиот и професионалниот кодекс на однесување, на новинарите им налага посебна одговорност за јавно искажаниот збор. Нивните ставови се важни фактори во обликувањето на јавното мислење поради што говорот на омразата е неспоив со новинарската етика. Во таа смисла членот 10. од Кодексот на новинарите нагласува: „Новинарот нема … да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација врз која било основа” Оттаму, медиумите и новинарите имаат посебна одговорност и да внимаваат кога треба да објавуваат материјали (информација, слика, мислење, коментар), кои во себе кријат непријателство или омраза, или доколку постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика дополнителни тензии кон друга етничка заедница

Рецензија: Згодната Марјана продолжува да провоцира (фото)

на 13. 12. 2013 | |
Речиси невидлива е линијата, или линиите, што ги раздвојуваат приватноста на јавните личности, (особено оние од шоу бизнисот), нивниот скриен пи-ар и правото на медиумите да ѕиркаат и да преземаат дел од таа приватност заради интересот на нивната публика. Заради таа „пропустливост“ на границите новинарите се соочуваат со искушението да ја преминат и границата на дозволеното. Ова е уште еден осврт на темата користењето на фотографии од приватни профили на Фејсбук. Иако во овој случај се работи за јавна личност од шоу бизнисот, поентата која со оваа рецензија сакаме да ја потврдиме е дека, дури и тогаш новинарите треба да внимаваат што земаат од „самопослугата“ на естрадните ѕвезди. Во ред е селебрити личностите да имаат посебна стратегија за медиумите. Но,

Рецензија: Од денеска 1600-те на работа

на 5. 12. 2013 | |
Простете, но ова не може да се игнорира. Овој текст ги уништува и последните надежи и на најбрутален начин ја потврдува медиумската (не)култура и (не)писменост за која зборува Европската Комисија во својот извештај во однос на еден дел од медиумите во Македонија. Ова, што го рецензираме тука, е навреда за новинарството. Овде нема само медиумска неписменост, туку и елементарна неписменост. Линк до оригиналниот напис: Од денеска 1600-те на работа Датум и време на објавување: 02.12.2013 12:56 Датум на рецензирање: 04.12.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Дури и сето ова да е вистинито и неспорно, вака како што се известува за оваа „вистина“ е навреда и за таа вистина, потсмевање, непочитување на проектот, на луѓето кои се споменуваат. Прво тоа, а второ

Претплатете се за најнови вести