verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Муслимански браќа во скопската чаршија

на 2. 12. 2013 | | sq
Многу е различна новинарската појдовна точка кога се пишува некој текст. Доколку има доволно нови и контроверзни елементи, кои во разработката на текстот ќе бидат поткпрепени со соодветни извори и аргументи, текстот самиот ќе си легне на хартијата, кога веќе зборуваме за новинарски текст објавен во печатен неделен магазин. Но, ако текстот се потпира само на желба и на мотиви без адекватни извори и докажливи аргументи, тогаш добивате текст кој

Рецензија: На Бразилците им е најмал, а на Хондурашаните најголем

на 26. 11. 2013 | | sq
За да изградиш нешто вредно за почит, нешто што служи за пример, нешто што инспирира и поттикнува нови исти такви нешта, нешто поради што зборот достоинствено се пишува со мали, ама силни букви, треба многу. Потребни се многу мисловни, доблесни, висококвалификувани жени и мажи. За некои дејности потребно е сето ова претходно да трае со години, десеттици години… Доблесните новинари веруваат дека новинарството што тие го практикуваат е наследство од

Рецензија: Џон Аран ни го чисти избирачкиот список со искуства од Kонго и од Замбија

на 20. 11. 2013 | |
Профилите, портретите, на познати личности, или на личности кои станале медиумски интересни, не се непознати во новинарската пракса, ниту, пак, како новинарски жанр. Но, како и за сите други новинарски форми, и пишувањето профил треба да ги задоволи општите професионални и етички новинарски стандарди, како и посебните кои се однесуваат на овој новинарски формат. Сѐ што излегува од новинарското перо, а не ги задоволува овие стандарди, е нешто друго. Не

Рецензија: ФОТО: На дрво во Струга се појави и ликот на Богородица и девојче со шамија

на 19. 11. 2013 | |
Ако се суди според искуствата од медиумското покривање на „чудата“ со фреските во црквата Свети Димитрија во Скопје, може да се заклучи дека вестите поврзани со натприродното и мистичното се атрактивни за медиумите и за нивната публика. Македонското новинарство нема некое посериозно искуство во однос на овие појави, но, кога се известува за овие деликатни прашања треба да се имаат предвид два многу важни аспекти: Прво, поради тоа што верското убедување и определување за припадност кон одредена вера е едно од најприватните и многу лични сфери на човекот и, второ, заради тоа што кај нас, во македонското новинарство степенот на стручна подготвеност на новинарите за овие прашања е многу ниско. Заради второто, медиумските извештаи на овие теми, на темите „религиозни

Рецензија: Вилма Трајковска бара комунизмот да се казнува

на 15. 11. 2013 | |
Намерни или ненамерни, заради немарност или со умисла, медиумските конструкции се пречесто и во голем број присутни во македонското новинарство. Навистина е неверојатна оваа појава. Еве ја најновата, еден портал пренесе/преведе текст од интернет страницата на „Форбс“, а еден друг македонски портал ја презеде. Токму таа вест, што ја рецензираме, како главната поента во насловот најавува дека сопругата на починатиот македонски претседатал Борис Трајкоски, Вилма, застапувала закон со кој „промовирањето и величењето на комунизмот ќе бидат санкционирани како казниво дело“. И се распишаа колумни, се разгореа дебати на интернет, заради нешто што не постои. Воопшто не е така како што беше објавено. Но, ајде да го видиме уште еднаш патот на оваа фикција. Линк до оригиналниот напис: Вилма

Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата

на 13. 11. 2013 | | sq

Човекот се најде во лапидариум од кој нема излез, како луѓето кога се во заложничка ситуација кога ништо друго не може да им помогне освен знаењето. Ова особено се однесува на новинарите и на нивните способности и знаење да ги препознаваат и да укажуваат на псевдонастаните, кои со помош на медиумите се претвораат во медиумска реалност, и да ја преземат улогата на деконструктори и „диверзанти“ за да ги извлечат луѓето

Рецензија: Јованистите од ПОА со своите лобисти од СПЦ ја обвинија Македонија за политизирање на религијата

на 13. 11. 2013 | |
Кога читателот ќе го прочита насловот и лидот, поднасловот на една новинарска вест, треба да ја добие првичната точна слика за она за што пишува или известува новинарот. Сите останати делови на веста или новинарскиот извештај, телото и завршницата, треба да имаат факти, податоци, цитати и изјави поткрепени од извори кои целосно ги поддржуваат насловот и лидот на веста. Тоа е првата и елементарна лекција по новинарство во делот на структурата на една новинарска сторија. Веста што ја рецензираме тука, за жал, не испочитувала ништо од основните новинарски правила. Линк до оригиналниот напис: Јованистите од ПОА со своите лобисти од СПЦ ја обвинија Македонија за политизирање на религијата Датум и време на објавување: 08.11.2013, 11:13 Датум на рецензирање: 11.11.2013 Рецензент:

Рецензија: На Гинекологија се родиле четири бебиња со неодреден пол

на 11. 11. 2013 | |
Овој новинарски текст ја заслужи оваа рецензија од повеќе причини: изборот на темата говори за креативноста на авторката во изборот и во генерирањето идеи за новинарски стории, бидејќи темата има интересен агол, таа е несекојдневна и интересна, и е обработена сеопфатно со интересни детали. Линк до оригиналниот напис: На Гинекологија се родиле четири бебиња со неодреден пол Датум и време на објавување: 07. 11. 2013 – 13:55 Датум на рецензирање: 09. 11. 2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Начинот на кој е изработена оваа новинарска мини истражувачка сторија не остава простор да се сомневаме во нејзината вистинитост. Извори на информации: Инспирирачкиот момент на оваа сторија е веста објавена во истиот медиум на 1 ноември оваа година под наслов: „Нема веќе или

Рецензија: Внимавајте: BOSCH i SIEMENS машините за садови предизвикуваат пожари

на 7. 11. 2013 | | sq
Оваа вест го има оној потенцијал да докаже дека спаѓа во онаа категорија новинарски содржини што ја демонстрираат моќта да предупредат, да информираат и да им помогнат на граѓаните да се соочат и да решат ситуации кои на некој начин ја загрозуваат нивната безбедност. За жал, овој потенцијал е упропастен зашто не се испочитувани елементарните правила за една вест. Линк до оригиналниот напис: Внимавајте: BOSCH i SIEMENS машините за садови предизвикуваат пожари Датум и време на објавување: 06.11.2013, 14:47 Датум на рецензирање: 07.11.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Веста е одложено вистинита. Нашата проверка на фактите кај овластениот дистрибутер и овластениот сервисер на домашните апарати од брендовите спомнати во текстот покажа дека на 1 септември имало официјално известување за корисниците на

Рецензија: Папуљас ја поддржува идејата за „Славо – албанска Македонија“?

на 6. 11. 2013 | | sq
Во оваа рецензија се сосредоточуваме на новинарски текст кој е заведен од наметната медиумска конструкција без да се применат заштитните професионални и етички механизми кои ќе го заштитат медиумот, редакцијата и новинарот од мултипликацијата на наводни настани, изјави или постапки и кои помагаат со соодветна светлина за да се издвојат псевдонастаните од фактите. Линк до оригиналниот напис: Папуљас ја поддржува идејата за „Славо – албанска Македонија“? Датум и време на објавување: 04.11.2013 во 15:25, обновено во 22:20 часот. Датум на рецензирање: 06.11.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Иако медиумот чија вест ја рецензираме тука, со тоа што се повика на албанскиот медиум и со нејасниот заклучок во последниот пасус кој го пренесуваме во целост „Оттука се отвора прашањето дали навистина станало

Претплатете се за најнови вести