verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Тања Милевска бара Македонија да го послуша ултиматумот од Грција

на 30. 01. 2014 | |
Во чиј интерес се тривијалните и безначајни информации, освен што стануваат еден од генераторите на тривијалните општества? Во таквите тривијални медиумски содржини спаѓаат и оние кои без аргументи, најчесто вперени против приватноста на одредени личности, се прикажуваат како суштински за да учествуваат во вреднувањето на општествените феномени. Во таа насока, кога е новинарството во прашање, членот 10 од Кодексот на новинарите е јасен: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува

Рецензија: Македонска новинарска геј афера: Ударните тупаници со спуштени гаќи до коленици!

на 29. 01. 2014 | |
Уште тоа ни недостасуваше – стихоклепци во нашево новинарство. И насловот и поднасловот на оваа медиумска конструкција се изделкани во стихови. Штета што авторот на ова „новинарско“ делкање на стихови не додржал докрај. Штета, навистина. Така ќе беше запаметен како прв „новинарски“ текст во стихови. Авторот и уредникот на медиумот ќе беа запаметени како основачи на еден нов жанр – „шпекулација во стихови“. Но, настрана шегата. Веднаш да кажеме дека боли до коска кога мора да рецензираме вакви содржини. Боли зашто посветуваме време на нешто што со ништо не заслужува внимание, а мора да се биде професионален и доследен на методологијата за објективно вреднување на еден новинарски труд. Текстот што го рецензираме прекршува повеќе членови од Кодексот на новинарите. Во

Рецензија: На бебиња ќе им се вградуваат ГПС-чипови

на 26. 01. 2014 | | sq, en
Има некоја чудна потреба кај некои новинари и уредници постојано да бидат во некaков грч дека од секоја информација треба да направат читана, гледана, слушана вест, иако честопати тие информации немаат таков потенцијал. Многу од нив имаат лажлив, заводлив сјај и, најчесто, ако новинарот не им оддолее, а уредникот не го препознае тоа, се претвораат во сензационализам. Текстот што го рецензираме овде е таков: не е „препознат“ лажниот сјај на оваа вест како вреден за објавување и е направен текст со наслов и содржина која воопшто не одговара на реалноста. Да, треба да се каже дека на темата вградување микрочипови со лични податоци и ГПС карактеристики нашироко се дебатира во светот, но самата дебата е сѐ уште многу, многу далеку

Рецензија: Форбс: Македонија е одлична!

на 23. 01. 2014 | | sq
Во што се претвора медиумот кога без јасно означување објавува пи-ар, односно, спонзорирани текстови? Во рекламно табло! Дури и тогаш кога се пренесуваат спонзорирани страници објавени во други медиуми, во случајот на текстот што го рецензирамe, во странски медиум, мимикријата на пренесување на нарачан текст се претвора во двојна измама за публиката на медиумот – ем скриен пи-ар, ем извртување на вистината за да се прикаже дека реномиран странски магазин

Граѓанско новинарство – Во потрага по изгубениот рај

на 20. 01. 2014 | | sq
 

Од онаа страна на „црвените линии“ на традиционалното, корпоративно и партизирано новинарство е јавноста и граѓаните кои, доколку се осмелат да ги направат првите чекори во партиципирањето во демократијата, во овој случај и низ медиумите ќе докажат дека јавноста е многу повеќе од пазар за информации. Застапувајки го овој принцип, граѓанското новинарство ги претвора читателите, гледачите и слушателите како членови на заедницата, а не како потрошувачи.

  Пишува: Зоран

Рецензија: Досие-Милчин и Сорос ја создадоја новинарската проституција во Македонија

на 20. 01. 2014 | | sq
Има новинарски текстови кои кога ќе ги прочитате се прашувате: Зошто? Зошто е напишан овој новинарски текст? Дали открива нешто ново? Кого го засега? Може ли да предизвика некакви промени? Зошто? Можел ли авторот, наместо еден таков текст, да напише нешто што е вредно и достојно за вниманието на читателот? Внимателната рецензија на овој текст, според утврдената методологија на објективна евалуација, сугерира дека тој нема одговори на овие прашања. Рецензијата укажува дека овој текст е одговор на некои други прашања кои не се новинарски. Да видиме како го докажува тоа нашата постапка на деконструкција. Линк до оригиналниот напис: Досие-Милчин и СОРОС ја создадоја новинарската проституција во македонија Датум и време на објавување: 16.01.2014, 12:26 Датум на рецензирање: 17.01.2014 Рецензент: Зоран

Рецензија: Што откриваат задолжителните превентивни прегледи?

на 17. 01. 2014 | |
Еден од гуруата на онлајн медиумите, кој многу се занимава со навиките на корисниците на интернет, Јакоб Нилсен , вели дека читателите веб содржините прво ги скенираат, па дури потоа ги читаат. Тоа значи дека погледот на корисниците на медиумските содржини пред компјутерире „шетаат“ со очите на насловите, поднасловите, издвоените поенти во антерфилеата, фотографиите и другите графички содржини, па дури потоа одлучуваат дали ќе го прочитаат целиот текст или ќе одат на друга интернет страница. Така вели и колегата Писарев во неговата лекција „Опрема на текст – наднаслов, наслов, поднаслов,“ каде што истакнува дека: „Читателите најчесто се задржуваат на оние вести и информации кои имаат добра опрема и кои најмногу им го привлекуваат вниманието. Некои текстови веројатно никогаш не ги

Рецензија: Премиерот Груевски со сопругата и ќерките на прошетка на Водно

на 16. 01. 2014 | |
Фото веста што е предмет на оваа рецензија ја отвора темата на познатите, проминентните личности во вестите. Уште поконкретно, веста е поврзана со премиерот на Република Македонија, но во оваа вест и со дел од неговиот приватен живот. Таа позната личност, заедно со своето семејство бил на Водно за да ги избегне скопската магла и загаден воздух и тоа, за медиумот што ја објавил оваа вест, станало медиумски важно и е објавено како вест. Потоа, таа вест е преземена од повеќе интернет портали. Ајде да видиме кои се етичките стандарди кои се налагаат кога новинарите известуваат за познати личности. Повеќе образовни институции за новинарство и искусни медиумски куќи укажуваат дека кога новинарите тргнуваат да пишуваат вакви вести, треба да си

Рецензија: Стоилов на Фејсбук: Се моли маглата да не ја прави циганската, некои имаат меч утре!

на 13. 01. 2014 | |
Една можна небрежност, од една навидум едноставна новинарска постапка, создаде ситуација во која на површина излезе нагласување на еден стереотип, односно структурна дискриминација. За да бидеме веднаш конкретни и појасни, посегаме по анализата на проф. д-р Мирјана Најчевска под наслов „Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна (1 и 2)“, во која е дадена прилично јасна претстава за тоа што претставува таа дискриминација: „Кога индивидуа или институција постапува согласно со прифатените норми на одредена заедница во однос на конкретни групи (етнички, религиозни, возрасни, родови) со негативни последици за членовите на овие групи, може да претпоставиме дека станува збор за структурна дискриминација.“ Во случајот на новинарската содржина што ја рецензираме, заклучуваме дека таа многу точно се вклопува во

Рецензија: Експертите: Напуштањето на принципиелните ставови за името значи договор за негова промена

на 10. 01. 2014 | |
Пред нас е напис кој, едноставно, мора да се рецензира зашто отскокнува од повеќе правила за пишување професионален новинарски текст според неопходните стандарди и зашто е пример за текст што се гради на тези што авторот, или редакцијата, сами си ги поставуваат и самите се обидуваат да ги докажат со неименувани „познавачи” и „експерти”. Најинтересно во овој текст е што „познавачите”, „експертите”, „добро упатените дипоматски извори” недипломатски и неекспертски коментираат и користат јазик непримерен за нив како „…овие запаленковци…”, на пример. Линк до оригиналниот напис: Експертите: Напуштањето на принципиелните ставови за името значи договор за негова промена Датум и време на објавување: 07.01.2014 Датум на рецензирање: 09.01.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Кога новинарот нема доволно елементи за новинарска сторија не

Претплатете се за најнови вести