verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Салса со грешка

на 17. 08. 2015 | | sq

[Рецензија: Автентично кубанско доживување во Македонија – Хола Охрид]

  Дали ќе имаме автентично кубанско доживување во Охрид за време на меѓународниот салса-фестивал, останува да се види за време на фестивалот. Но, она што може сега да се „види“ е неавтентичноста во промотивната најава за овој настан, кој истакнува дека „Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија“. Тој факт, едноставно не е точен. На тоа ни укажа наш читател на „Сервис за проверка на фактите“. Во неговото писмо до нас тој вели: „Ви пишувам како би посочил на објави во врска со настан кој се најавува како: Прв меѓународен Салса фествал во Охрид и тоа крајот на август 2015. Всушност истите портали имаат објавувано

Подалеку партиските раце од телевизијата на народот

на 25. 07. 2015 | |
Временската прогноза на МТВ по партиската поделба на ТВ-каналите. Фото: МРТ. Колаж: СПФМ   Крајно апсурдна и бесмислена е идејата дека МРТВ, односно нејзините ТВ-канали, треба да си ги поделат позицијата и опозицијата. Тоа е недоветна опција која е во спротивност со сите принципи за радиодифузните сервиси што ги застапува ЕУ, како и УНЕСКО.   Пишува: Зоран Бојаровски   Јавниот радиодифузен сервис и според Законот за медиуми и Законот за

„Врескачки“ тенденциозно

на 25. 07. 2015 | | sq

[Рецензија: Чувајте се! Албанец се обидел да ограби македонско семејство во Парга]

  Ова е еден од оние гранични примери на неетичко новинарство. Колку е важна националната или етничката припадност на крадецот, на ограбените или на тој што го пријавил грабежот или предупредил за него? Воопшто не е важна. Но, пред да преминеме на елаборација на нашата констатација од претходниот став на оваа рецензија на новинарскиот извештај за тој настан, ќе се повикаме на членот 10 од Кодексот на новинарите, кој вели: Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна,

„Свиркач“ на покривот – граѓанинот против власта

на 24. 07. 2015 | | sq
Едвард Сноуден. Фото: Thierry Ehrmann, од уметничката инсталација „Abode of Chaos“ (Резиденција на хаосот), 2013   Тој покажа дека НСА и нејзе сличните владини баук-агенции, не се непобедливи. Нивниот криминал треба, и може, да биде изложен пред очите на јавноста. Тој застана простум пред најмоќната влада на светот и донесе одлука да не биде исплашен поданик, туку одговорен граѓанин.   Пишува: Зоран Бојаровски   Во јуни 2013 година, името Едвард

Не треба да се објави ништо ако во настапот на премиерот има – ништо!

на 22. 07. 2015 | |

[Рецензија: Владата со засилено темпо ќе се фокусира на проектите и реализација на ветеното – СДСМ без програма]

  Ништо ново во оваа рецензија, но додека медиумските стражи за проверка на фактите се будни, нема да помине. Нема да помине незабележан еден пристрасен, навивачки текст врз основа на едно интервју на премиерот и на толкувањата или списокот на желби на еден експерт. Но, да тргнеме по ред, од насловот, медиумот и од датумот на објавувањето, а потоа и со аргументите кои треба да го елаборираат почетокот од оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Владата со засилено темпо ќе се фокусира на проектите и реализација на ветеното – СДСМ без програма Датум и време на објавување: 20.07.2015, 14:12 Датум на рецензирање:

Брутална манипулација со една анкета

на 17. 07. 2015 | |

 

[Рецензија: Македонците имаат позитивно мислење за работата на премиерот]

  Најбруталната манипулција во медиумското изветување за резултатите од една анкета е селективниот пристап и објавување на само еден дел од резултатите, со што се создава нереална, конструирана слика, која наводно произлегува од анкетата. Медиумот, пак, што го прави тоа се става во улога на поданик, на субмисивна флотантна маса, која налогодавецот за такво известување го употребува како свој мегафон. Се чини дека имаме една таква ситуација и со оваа медиумска содржина која известува за резултатите од испитувањето на јавното мислење на граѓаните на Република Македонија за многу суштествени прашања, како и за оние што произлегуваат од актуелната политичка криза. Анкетата е изработена од агенцијата „Брима“, по нарачка на американскиот

Клуб на пингвини во новинарството

на 14. 07. 2015 | |

[Рецензија: „Се формира православен сојуз: ЦИА исплашена дека Македонија, Грција, Србија И Бугарија ќе направат православен сојуз со Русија!“]

  Дури и да ја исклучиме можноста оваа медиумска содржина да им припаѓа на оние вести од комплексот „теории на заговор“, таа не ги задоволува основните професионални стандарди како што се релевантен и потврден извор. Наведените имиња, кои треба да сугерираат дека се работи за експерти на геостратегија и за интересите на големите сили во регионот, се ептен проблематични и без посериозни референци, со исклучок на некојси Чедомир Антиќ, кој нема некаква академска подлога, ама многу сомнителна перспектива. Линк до оригиналниот напис: Се формира православен сојуз: ЦИА исплашена дека Македонија, Грција, Србија И Бугарија ќе направат православен сојуз со Русија! Датум

News laundering или перење вести

на 11. 07. 2015 | |

[Рецензија: Стабилна економија]

  Една од препораките во учебниците по новинарство, кога новинарите треба да известуваат од прес-конференции, е да знаат да ги разликуваат битните од небитните информации, новостите од службите за односи со јавноста од суштинските новости од јавен интерес и најважно од сѐ, меѓу другото, да не им потклекнуваат на притисоците и на самоцензурата и да ги скријат сите суштински информации – без разлика дали тоа му се допаѓало или не. Наместо едно такво толкување на прес-конференцијата и на соопштението на канцеларијата на Меѓунарордниот монетарен фонд во Скопје (ММФ), пред нас е еден пристрасен, неодмерен телевиски прилог во кој се акцентирани и селектирани само оние оцени во кои има поволно мислење на тимот на ММФ за некои процеси

Шегата не може да биде замена за вистината

на 7. 07. 2015 | | sq

[Рецензија: Заврши референдумот: Грција премина на драхма]

  Две невистини има во медиумската содржина што ја рецензираме. Првата е во насловот, бидејќи не може да се изведе наслов кој категорично тврди дека Грција премина на драхма, а втората е текстот и тврдењата во него, изведени врз основа на една фотографија на фискална сметка. Од неа може да се види дека во моментот кога е фотографијата направена (5 јули, 12.13 часот) референдумот ниту бил завршен, ниту, пак, дека сметката е наплатена во старата грчка валута. Линк до оригиналниот напис: Заврши референдумот: Грција премина на драхма (фото) Датум и време на објавување: 05.07.2015, 22:53 Датум на рецензирање: 07.07.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Да, точно е дека новинарите можат да се „зезаат“ или да

Провидна и нерелевантна слика од Грција

на 6. 07. 2015 | | sq

[Рецензија: Грчки граѓани: останете подалеку од бандата наречена ЕУ]

  Едноставно не е за верување дека новинар, кој патем речено – не е потпишан, може да отиде на терен во странство и за известува за еден особено важен настан, а сепак да направи толку површен, пристрасен и тенденциозен извештај. Текстот што го реценизраме е извештај од терен, по одлуката на грчката влада да спроведе референдум за тоа дали Грција треба да ја прифати понудата на меѓународните кредитори за излез од длабоката финансиска криза. Драмата со која се соочува нашиот јужен сосед заслужува многу сериозно внимание, а не само една површна презентација на расположението на граѓаните кое е многу еднострано, крајно неизбалансирано. Линк до оригиналниот напис: Грчки граѓани: останете подалеку од

Претплатете се за најнови вести