verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шегата не може да биде замена за вистината

on 7 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

07072015-Republika-Drahmi-crop-resize

[Рецензија: Заврши референдумот: Грција премина на драхма]

 

Две невистини има во медиумската содржина што ја рецензираме. Првата е во насловот, бидејќи не може да се изведе наслов кој категорично тврди дека Грција премина на драхма, а втората е текстот и тврдењата во него, изведени врз основа на една фотографија на фискална сметка. Од неа може да се види дека во моментот кога е фотографијата направена (5 јули, 12.13 часот) референдумот ниту бил завршен, ниту, пак, дека сметката е наплатена во старата грчка валута.

07072015-Republika-DrahmiЛинк до оригиналниот напис: Заврши референдумот: Грција премина на драхма (фото)

Датум и време на објавување: 05.07.2015, 22:53

Датум на рецензирање: 07.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Да, точно е дека новинарите можат да се „зезаат“ или да преземаат содржини кои се сатира и слично, но тоа мора да биде јасно назначено.

Во овој случај, наместо таков наслов, кој е невистинит, можело да се „игра“ со иронија и со сатира соодветна на менталитетот и на расположението на граѓаните на соседната земја, но, велиме уште еднаш, тоа треба да биде јасно маркирано.

Зашто, и според Кодексот на новинарите, вистината и точноста се врвни принципи на новинарството. Така вели и членот 1 од Кодексот:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Се разбира, во новинарството секогаш има место за шеги и за добар хумор, но тие никако не смеат да ја заменат вистината или да бидат употребени во недостиг на креативност или заради желбата да се биде по секоја цена сензационалистички настроен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести