verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Порака до неистомислениците на власта – ако многу скокаш, казна ќе следи

on 7 - 07 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-07-06T23-14-44.475Z-crop-resize

 

[Рецензија: Гуштеров со сомнително стекнатите пари – со лаги одработува за СДСМ]

 

Плукачко, дури и гневно четиво. Бесот е насочен кон личност-бизнисмен, кој барем досега, во голема мера, беше поштеден од медиумските хајки, кои, најверојатно, се спроведуваа по нарачка од одреден центар. Но, така беше досега, зашто и овој човек некој го зеде на „пик“, претпоставувам поради неговата гласност за спорните плацови на Водно.

Firefox_Screenshot_2015-07-06T23-14-44.475ZЛинк до оригиналниот напис: Гуштеров со сомнително стекнатите пари – со лаги одработува за СДСМ

Датум и време на објавување: 03.07.2015, 15:48

Датум на рецензирање: 06.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КОГА КОМЕНТАРОТ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ВЕСТА

Ова е текст што сака да прати порака до неистомислениците на власта – ако многу скокаш, казна ќе следи. Намерачено е на човек кој буквално е распнат, почнувајќи од А па сè до Ш. Ако само малку се проанализира, ќе се дојде до заклучокот дека ваквото бележење се должи на фактот што конкретниот човек е многу вокален во јавноста, објаснувајќи што се случува со Водно со идејата за негово дополнително урбанизирање. Значи, неговото зборување за нечии планови, како што обелоденија дел од опозициските „бомби“, некому ептен му пречело, па ги впрегнал медиумските загари и диригирано бил спроведен линчот. Намерата е јасна: оцрни го човекот и со тоа, барем за пред дел од јавноста, намали го ефектот или дискредитирај ги неговите настапи за случувањата на Водно. Ова е, да бидеме искрени, проверен и стотици пати испробан рецепт. Не знам дали сè уште „поминува“, ама тоа бездруго не ја намалува неговата фрекевентна употреба. Прво нешто што паѓа в очи е дека ова е коментар што е „залутан“ во рубриката „Македонија“. Никаде не е наведено дека на читателите им се сервира некаков си осврт.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.

Јасно е дека ова правило не е испочитувано и дека е подметнато „кукавичко јајце“ – коментар наместо вест. Ова е утврдено. Ако би зеле подетално да го анализираме „стилистичкиот“ пристап во коментирањето, би ни требале не една, туку барем три рецензии. Кусо ќе речеме дека пристапот е обоен, пристрасен, со политички, а не со новинарски мотиви, на моменти навредлив и, секако, со елементи на одмаздољубивост:

„Гуштеров не вработи никого, ниту инвестираше во нешто позначително во Македонија. Неговата најголема инвестиција е инвестицијата во неговиот личен комодитет, огромна хациенда на Водно со гаражи дивоградба, а во однос на вработувањето, Гуштеров единствено е работодавач на неговиот градинар и послуга во служба на семејството Гуштерови…“

Толку за ова, ајде малку за вистинитоста. Се тврди дека конкретниот бизнисмен спаѓа во категоријата „најлоши“, оние кои на грбот на другите направиле милиони, кои со злоупотреби дошле до пари. Во ред, можеби е така, но ајде да видиме аргументи, факти, кредибилни информации. Наместо тоа, имаме бројни муабети познати од вечерните излегувања во тогашно, а и во сегашно транзициско Скопје и раскажувања од пред маалското гранапче. Сепак, издржаноста на одредени тврдења и нивната кредибилност е она што, меѓу другото, го разликува новинарскиот од другите изрази. Не може да се раскажува нешто без притоа да биде соодветно аргументирано и тоа да се пласира како апсолутна вистина. Сиурно се можело, се разбира, ако се сакало, да се обезбедат некои извори на информации, од типот на изјави од соговорници, мислења на поранешни вработени во старата компанија на бизнисменот, линкови од стари текстови итн. со кои би се поткрепиле тврдењата за „расипаноста“ на овој човек и со тоа да ѝ се даде поинаков лик на приказната. Не е моја работа некого да бранам, но од новинарска гледна точка, не се нуди ништо повеќе од споменатите маалски муабети. Нема истражување што и како поседува овој бизнисмен, дали инвестирал во земјава или не, дали донел странски инвестиции или не… Содржајноста на целиот материјал е оскатена токму поради таквиот плиток ангажман, кој е далеку од професионален. Плус, неговиот кус политички ангажман и фактичкиот неуспех е искористен за серија навреди од типот:Не само што народот не го избра, туку со таквото негласање му покажа што мисли за овој арогантен, самовљубен и фрустиран лик со сомнително  и според некои показатели  криминално стекнат капитал“. Е ајде да ги видиме тие показатели!

 

САМО „ОЧИГЛЕДНО“ НЕ ВРШИ РАБОТА

Но, сето ова не треба да нè заведе во погрешна насока зашто од финишот на текстот се гледа која е основната цел за неговото создавање. Бизнисменот е само искористен како алатка за да се зададе конечниот удар – и тоа кон опозицијата. Неговите настапи се злоупотребуваат и намерно, без факти, се припишуваат на некакво опозициско сценарио.

„Очигледно милионите на Гуштеров палат единствено кај СДСМ и нивното раководство кој го ангажираат самиот Гуштеров да одработува за нивната агенда. Заев и Гуштеров имаат многу слични животни патишта.“

Но, „очигледно“ не врши работа за напис што треба да се нарече новинарски, зашто „очигледни“ се серијата прекршувања на професионалните стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести