Новинарството не е судски орган за да суди
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: СДСМ во параноја и недостиг на капацитет креира лажни профили]
Оваа вест делумно е точна. Навистина постои лажен твитер-профил на Мартин Протоѓер. Сепак, пристапот како е пласирана веста е непримерен и непрофесионален. Написот е напишан само за да ја нападне опозициската партија и тоа е направено без основа. Згора на тоа, веста е необјективна и несодржајна. Затоа е и денеска на рецензија.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ во параноја и недостиг на капацитет креира лажни профили
Датум и време на објавување: 5.07.2015, 22:15
Датум на рецензирање: 07.07.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Твитер-профил со вакво име навистина постои. И сите се согласни дека профилот е лажен. Единствено што е непознато, а тоа ниту текстот не се труди убедливо да го објасни, е кој го направил. Тоа е работа на полицијата, ако „вистинскиот“ Мартин Протоѓер го пријави лажниот во МВР. Ако, пак, тоа не е сторено, најмалку имаат право за тоа да шпекулираат медиумите, особено ако тоа е направено на ваков начин.
Овде имаме напис кој напаѓа и обвинува без основа.
Зошто некој би се посомневал дека СДСМ го направил лажниот профили? Низ социјалните мрежи постојано се појавуваат лажни профили. Такви има за луѓе и од власта и од опозицијата. Но, без доказ не смее да се обвинува некој дека го сторил тоа. Овој текст не нуди таков факт. Има само напаѓање.
Исто така, нема ниту изјава од полициски служби за потврда на тезата на авторот.
Затоа ова е само текст кој има цел да нападне опозициска партија. Новинарството не е судски орган за да суди. Тоа може да придонесе да се открие вистината, ама тоа треба да го стори со познати и транспарентни методи. Мора да се има факти за да се објави вакво тврдeње. Затоа, ова е текст кој е непримерен и необјективен и не му е место во професионален медиум.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови