verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Мултиплицирање на невистината

на 21. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ова ли е масовност? Заев нервозен се расправал со сопартијците бидејќи протестите пропаднале и доживеале фијаско]

  Доколку е потребно и со документ да се потврди дека примарната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и да известуваат за неа, го нудиме првиот став од преамбулата на Кодексот на новинарите на Македонија во кој се вели: Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. Дека вистината е врвна задача во новинарството, пишува и во сите други национални и меѓународни кодекси и принципи со кои се утврдуваат професионалните стандарди и етичките норми на оваа професија. Зошто на почетокот на оваа

Бомбастична новинарска петарда

на 17. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: Автомобил-бомба на терористите од Куманово]

  Треба да се знае: новинарот не е извор на информации. Одредени исклучоци можат да се изведат кога редакцијата одлучува и организирано известува за настанот од самото место и во текот на неговото траење. Преноси во живo, вклучувања од местото на настанот… Дури и тогаш, многу поуверливо и поголема веродостојност се постигнува кога за некои специфични фази и поенти од тие преноси и живи вклучувања, се ангажира соговорник, како извор со стручност за одредена област, со искуство од слични ситуации, или овластени извори кои во името на некоја институција толкуваат одредени собитија од настанот. Во однос на медиумската содржина што ја рецензираме тука, ниту има таква ситуација, и повторно нема ниту еден извор за

Уа, шнајдери!*

на 15. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт]

  Уште еден шнајдерај и „перење“ информација. Борисов, како прво, му порача на Груевски да си поднесе оставка, а дури потоа, на нови и фер избори да побара народот да му ја врати довербата. Еве линк до оригиналната вест на електронското издание на бугарскиот медиум – Борисов съветва премиера на Македония да даде оставка. Во изворната вест бугарскиот премиер го потсетува Груевски дека тој се одлучил на оставка зашто била преголема цената што Бугарија ќе требаше да ја плати, доколку не го направеше тоа. Линк до оригиналниот напис: Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт Датум и време на објавување: 12.05.2015, 15:34 Датум на

Сѐ е дозволено додека има цел

на 12. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: Адвокатот на убиецот на Нешковски, го брани Заев во „Пуч“]

  Што прават адвокатите освен да пружаат правна помош, односно да ги нудат своите стручни знаења кога некој од нив ќе го побара тоа или кога тоа од нив ќе биде услуга по службена должност? Кога некој адвокат го прави тоа, тој врши сосема вообичаена – адвокатска работа. Таквата работа по ништо не е нешто што отскокнува од нивната вообичаена професионална дејност и поради тоа нема зошто да биде од медиумски интерес. Одредени исклучоци можат да се направата кога адвокатите се бранители на познати личности или на контроверзни случаи за кои јавноста покажува особен интерес. Но, дури и тогаш, адвокатот врши работи кои се строго определени од законски регулативи,

Ако нема верификација, има пристрасност

на 11. 05. 2015 | | sq

[Рецензија: ШОКАНТНО ВИДЕО: Вандалите на СДСМ напднаа автобус на ЈСП и недолжни патници]

  Кој верификува настани и активности за кои треба да известуваат новинарите? Самите новинари, доколку се на лице место, организатори и учесниците на тие настани и овластените лица кои, соодветно на природата на настанот, се во некаква врска со нив, портпаролите или другите задолжени за комуникација со медиумите и со јавноста во полицијата, болниците, пожарните служби, центрите за менаџирање кризни ситуации… Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО ВИДЕО: Вандалите на СДСМ напднаа автобус на ЈСП и недолжни патници Датум и време на објавување: 07.05.2015, 00:14 Датум на рецензирање: 08.04.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Ниту еден од наведените начини за верификација на настани, дејства, луѓе… за кои известуваат новинарите, во

Новинарство во политички чевли

на 4. 05. 2015 | |

(Рецензија: „Прислушување во Германија: Меркел и шефот на БНД ќе поднесат оставка?!“ и „Аферите со прислушување во Македонија и Германија, сфаќање на криминалот по потреба“ како два дела од еден текст)

  Разликата меѓу професионалната и партизираната јавна и државна администрација е дека онаа првата, без разлика на моментот, политичката ситуација и на партиската превласт, секогаш може да искаже мислење и принципи кои не зависат од тој момент или од идеолошко-политичката номенклатура. Имајќи го предвид реномето на германската дипломатија, како и искуството од слични ситуации, со голема сигурност може да се каже дека германската амбасадорка во Скопје, Кристине Алтхаузер, ги имала предвид токму тие принципи кога одлучила во јавен настап да искаже мислење за актуелната политичка ситуација на нашата земја,

Франкенштајн од новинарска содржина

на 2. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: „Сите тирании и напади врз новинарите од опозицијата“]

  Во манџата турлитава има многу различни состојки, но сите заедно прават едно вкусно јадење кое посакуваш да се повторува почесто. Ова традиционална тава е добра и поради тоа што некои состојки се задолжителни. Затоа оваа медиумска содржина не може да се нарече турлитава. Со тоа, рецензентот се обврзува отсега па натаму, во иднина, да не го злоупотребува симболичното значење на оваа манџа. Прво заради форматот. Веројатно никој не може со сигурност да потврди за каков новинарски жанр станува збор. Освен тоа дека овој текст е ставен во рубриката „Македонија“, со ништо друго не е обележан во смисла на тоа да се определи во кој жанр спаѓа. Дали е извештај,

Програмата „dick pics“, сикрет-сервисот и приватноста на граѓаните

на 28. 04. 2015 | |
Едврард Сноуден и Џон Оливер во текот на интервјуто во шоуто Last Week Tonight. Фото: HBO. Колаж: СПФМ  

Целиот, крајно сериозен случај „Сноуден и НСА“, за безбедноста на САД и за приватноста на огромен број граѓани, водителот на вечерното шоу Џон Оливер, го доведе до апсурд за да ја покаже немоќта на народот и на институциите да ги контролираат тајните служби. Џон Оливер употреби една класична новинарска форма –

40 лица во 2 автомобила, нов рекорд во Гинисовата книга

на 27. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Напаѓачите на Гошинце дошле со автомобили од Косово и избегале таму]

  Дури трипати во текстот што го рецензираме, од страна на кососвките власти, не е потврдена веста, која на 21 април ги вознемири граѓаните на Република Македонија, дека околу 40 лица во униформи на УЧК ја нападнале граничната караула во близината на селото Гошинце, на граничната линија со Косово. Еднаш во првичното соопштение на косовската полиција, вторпат во изјавата на портпаролката на МВР на Косово и третпат, директно и на новинарот на медиумот и автор на оваа медиумска содржина што ја рецензираме. Зошто ја рецензираме? Зашто освен овие контрадикторности кои не се расчистени, во оваа информација има една прилично чудна новина – дека 40-тината лица во униформи на

Новинарска мимикрија за пристрасност

на 22. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Одлична вест: Владата ќе им овозможи право на пензија на оние на кои има фали стаж]

  Уште во насловот на оваа вест е нарушен членот 13 од Кодексот на новинарите кој нагласува: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Значи, мора да биде јасно дека „одлична вест“ во насловот е коментар. Може да има исклучок ако е тоа мислење на некој овластен или експерт кому публиката му верува. Но, тогаш, бездруго, дури и ако е во насловницата на медиумската содржина, мора да биде атрибуирано, односно на мислењето да му се придодаде авторот. Новинарот и медиумот треба да бидат објективни и да заземаат неутрална позиција. Кој било друг став определува пристрасност. Било кон

Претплатете се за најнови вести