verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Клуб на пингвини во новинарството

on 14 - 07 - 2015       

07142015-Infomax-CIA-crop-resize

[Рецензија: „Се формира православен сојуз: ЦИА исплашена дека Македонија, Грција, Србија И Бугарија ќе направат православен сојуз со Русија!“]

 

Дури и да ја исклучиме можноста оваа медиумска содржина да им припаѓа на оние вести од комплексот „теории на заговор“, таа не ги задоволува основните професионални стандарди како што се релевантен и потврден извор.

Наведените имиња, кои треба да сугерираат дека се работи за експерти на геостратегија и за интересите на големите сили во регионот, се ептен проблематични и без посериозни референци, со исклучок на некојси Чедомир Антиќ, кој нема некаква академска подлога, ама многу сомнителна перспектива.

07142015-Infomax-CIAЛинк до оригиналниот напис: Се формира православен сојуз: ЦИА исплашена дека Македонија, Грција, Србија И Бугарија ќе направат православен сојуз со Русија!

Датум и време на објавување: 14.05.2015

Датум на рецензирање: 14.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Оттаму, бидејќи го поставуваме прашањето за релевантноста на изворникот за оваа медиумска содржина, читателите треба да насетат дека споменувањето на името „Информер“ треба да значи дека е тоа изворот од кој се пренесува оваа информација, но тоа е ептен невешто, аматерски направено.

Освен тоа, кога ќе го отворите „Информер“, ќе ве заплисне невидено гласен, вриштечки таблоид од „жуто-пожуто“ гласило, кое како свој врховен принцип го има сензационализмот, а за вистината и за објективноста – пет пари не даваат.

Истото се однесува и на „Напредни клуб“ и на експертот Чедомир Антиќ. Значи, како и во претходниот случај за „Информер“, и за оваа адреса нема директен линк до статијата која треба да биде основа, инспирација или оригиналот на медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија. Освен што треба да сурфате „на невидено“, пристигнувате со веб-страница која изгледа посериозно, но кога малку ќе се задржите на неа, сфаќате дека се работи за една од оние нарцисоидни лични веб-страници кои сопственикот го прикажуваат како омнопотентен познавач на глоаблната и на регионалната политика, кој целосно и исклучиво е од позиции на српските национални интереси, а кои, пак, многу често забегуваат кон национализам. Впрочем, прашањето за релевантноста на оваа веб-страница како изворник за новинарски текст завршува тука, во описот на тоа што е „Народни клуб“ – се работи за политичко здружение.

Се разбира, не велиме дека една политичка партија не смее да биде извор, но никако не може да биде единствен и некритички опсервиран кога се обработува новинарски.

Понатаму, сосема е небитно како тоа овој портал има пристап до најновите извештаи на ЦИА? Од далеку се гледа дека таа конструкција, дека им биле достапни извештаи на ЦИА, е изведена од коментарите на аматери стратези и на стратези со пристрасен политички пристап.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести