verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Провидна и нерелевантна слика од Грција

on 6 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

07032015-Netpres-Grcija-crop-resize

[Рецензија: Грчки граѓани: останете подалеку од бандата наречена ЕУ]

 

Едноставно не е за верување дека новинар, кој патем речено – не е потпишан, може да отиде на терен во странство и за известува за еден особено важен настан, а сепак да направи толку површен, пристрасен и тенденциозен извештај.

Текстот што го реценизраме е извештај од терен, по одлуката на грчката влада да спроведе референдум за тоа дали Грција треба да ја прифати понудата на меѓународните кредитори за излез од длабоката финансиска криза.

Драмата со која се соочува нашиот јужен сосед заслужува многу сериозно внимание, а не само една површна презентација на расположението на граѓаните кое е многу еднострано, крајно неизбалансирано.

07032015-Netpres-GrcijaЛинк до оригиналниот напис: Грчки граѓани: останете подалеку од бандата наречена ЕУ

Датум и време на објавување: 29.06.2015, 18:07

Датум на рецензирање: 03.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Категоричните ставови од воведот на оваа рецензија произлегуваат од пристапот на новинарот кој, кога веќе бил на терен, многу повнимателно и потемелно требало да ја опише ситуацијата со која се соочуваат граѓаните на Грција пред финансискиот амбис пред кој се најде нивната земја, а со тоа и секој граѓанин одделно.

Наместо тоа, пред нас имаме една плитка приказна која, освен емотивните реакции на неколкумина граѓани на Грција, целосно е еднострана. Нема ниту еден граѓанин во „анкетата“ на медиумот кој застапува друга страна, а општо е познато дека јавноста во Грција по прашањето на референдумот е поделена пола-пола. Значи, има и граѓани кои мислат дека земјата треба да се соочи со кризата, граѓаните да го стегнат ременот, а политичарите да си ја преземат одговорноста.

Не е објавен ниту градот каде што е правена оваа новинарска сторија и анкета.

Наместо избалансирана и сеопфатна слика за тоа што се случува во Грција, медиумот и авторот на текстот што го рецензираме, нуди еден пристрасен текст кој не може да ја скрие тенденциозноста и намерата ситуацијата во Грција да се искористи за „пресметка“ со Европската унија и со меѓународна заедница.

Многу провидно и сосема нерелевантно за една професионална новинарска опсервација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести