verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не треба да се објави ништо ако во настапот на премиерот има – ништо!

on 22 - 07 - 2015       

07212015-Press24-Grujocrop-resize

[Рецензија: Владата со засилено темпо ќе се фокусира на проектите и реализација на ветеното – СДСМ без програма]

 

Ништо ново во оваа рецензија, но додека медиумските стражи за проверка на фактите се будни, нема да помине. Нема да помине незабележан еден пристрасен, навивачки текст врз основа на едно интервју на премиерот и на толкувањата или списокот на желби на еден експерт.

Но, да тргнеме по ред, од насловот, медиумот и од датумот на објавувањето, а потоа и со аргументите кои треба да го елаборираат почетокот од оваа рецензија.

07212015-Press24-GrujoЛинк до оригиналниот напис: Владата со засилено темпо ќе се фокусира на проектите и реализација на ветеното – СДСМ без програма

Датум и време на објавување: 20.07.2015, 14:12

Датум на рецензирање: 21.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

На почетокот да процениме дали надвор од оваа новинарска содржина има информација вредна да биде вест – да биде нешто што е новина, нешто што првпат се објавува, нешто што е различно од претходниот ден.

Да бидеме чесни и да се согласиме дека нема нешто такво.

Тогаш, логично следува прашањето зошто некој би правел медиумска содржина ако таа содржина нема новина?

Можеби заради тоа што се пренесува мислење на некоја важна личност? Да, навистина, во текстот што го рецензираме се пренесуваат мислења од претседател на влада од интервју дадено за друг медиум. Но, дали е тоа доволно? Дали сѐ што ќе каже премиерот, секој негов јавен настап, заслужува медиумска содржина. Не. Тој во таквите настапи мора да донесе новина. Простете, но тука јавноста не препознава такво нешто.

Кога нема новина, кога нема ексклузивност, појавата на која било важна личност, не носи сама по себе информација вредна за објавување. Тоа, новинарот, медиумот, треба да го процени и да не објави ништо ако во настапот на премиерот има ништо.

Спротивната постапка веднаш наведува на тоа да помислиме дека се работи за пристрасност. За застапување во полза на само една страна. На еднострано информирање. Зашто, мора да има нешто што вели дека не е во ред, по толку критики на адреса на премиерот, да му отстапите простор за ништо.

И во Кодексот на новинарите има член кој укажува токму на тоа, на политичката пристрасност. Член 14 вели:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Овде, таква неопходна, професионална дистанца, не гледаме.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести