verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Гневот и чувството „до ѕид набиени“ не љубат објективност

на 17. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев рика од Африка: Избори на 5-ти јуни нема да има] Многу лаги, гнев и навреди во само две реченици (поднасловот) и во насловната конструкција на оваа медиумска содржина. Како прво, наднасловот „Интервју за Франс прес кое го пренесе само дивината“, ја најавува лагата дека интервјуто на Зоран Заев за француската новинска агенција било пренесено само на „Франс Прес Африка“, односно на „афричкото издание на Франс Прес“. Порталот на кој е пронајдена како единствено објавена веста на агенцијата за интервјуто со лидерот на македонската опозиција, воопшто не се вика „Франс Прес Африка“. Ниту, пак, е „афричкото издание на Франс Прес“. Внимателната проверка која не одзема многу време, укажува на тоа дека веста е објавена

Пулсот на манипулацијата и на срамот

на 16. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Ескпонентите работат за Албанец премиер] Еден од врвните прогресивни принципи на новинарството е вграден во преамбулата на Кодексот на новинарите. Тој им укажува на новинарите каква е нивната улога во едно демократско општество: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Во медиумската содржина што ја рецензираме не може да се препознае ниту најмала трага од вредностите што ги налага оваа препорака од Кодексот. Напротив, текстот оддишува со исклучивост и со отфрлање на слободата на изразувањето, како едно

Медиумите и спомениците на културата со политички припејд

на 12. 05. 2016 | | sq
  Фото: Ванчо Џамбаски, 2016  

Шарениот народ на улиците во Македонија, не „шмрка“ гипс-картон

  Пишува: Зоран Бојаровски   Кога беше најавен грандиозниот проект „Скопје 2014“, малкумина претпоставија дека оваа идеја ќе добие особини на идентитетски инжинеринг и на културен геноцид. Во политички контекст, промоцијата и почетокот на проектот „Скопје 2014“ се совпаѓа со серијата разочарувања од НАТО и од Европската Унија, кои упатуваа на неодредено одложување на влезот

Сите бои на манипулацијата

на 6. 05. 2016 | |
[Рецензија: Обвинителското „признај за да не лежиш во затвор“ е директна закана] Навистина е широк спектарот на манипулациите на пропагандата. Најстрашно е кога во нив учествуваат и медиумите. Еве една од боите од спектарот на манипулацијата. Извлечена од оваа медиумска содржина, зашто толку многу има прекршено од новинарските професионални и етички принципи, што не заслужува да се нарече новинарски текст. Во принцип, оваа медиумска содржина е направена врз основа на разговор со претседателот на Советот на јавните обвинители и во неа нема директно посочување дека некој вршел притисок и закани врз некоја личност. Манипулацијата е фотографијата и контекстот на настаните. Таа фотографија и контекстот на настаните, меѓу кои и наводното самоубиство на еден од клучните ликови во аферата со прислушувањето,

Заробените и контролирани медиуми се погубни за тоталитарниот режим

на 5. 05. 2016 | |
Во менгеме. Фото: pixabay  

Ако продолжи репресијата во однос на слободата на изразувањето и на медиумите, ќе продолжи притисокот од улицата. Ненасилно, имплозија на системот изграден врз медиумска магла

  Пишува: Зоран Бојаровски   Денот на слободата на изразувањето, 3 мај, освен со чесните исклучоци на Здружението на новинарите на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници, оваа година речиси воопшто не беше одбележан. И како

Селото гори, бабата изгорела исчешлана

на 3. 05. 2016 | |
[Рецензија: Животот на село се поатрактивен – погледнете кои градски личности се одлучија за живот во село]   Сосема е јасно дека оваа медиумска содржина има намера да учествува во ветерот во едрата на новиот проект што е најавен деновиве – „Од град во село за нов почеток“. Впрочем текстот тоа не го крие:

„Градските гужви луѓето се почесто сакаат да ги надминат на село. На чист воздух, во мир, спокој и тишина. “Од град во село за нов почеток“ е насловот на новиот мега проект што го најави Никола Груевски.“

И велиме, добро, не е спорно дека на креаторите на оваа содржина им се допаѓа овој проект. Но, сепак, бидејќи се работи за медиум, текстот треба да почитува некои

Низ ситото на пропагандата

на 28. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Еве која увезена банда стои зад Шарената револуција на СДСМ и Заев] Она што го разликува овој текст од една професионална, аргументирано образложена постапка на оваа тема е однапред поставената цел: да се влијае на мислењето и на однесувањето на колку што е можно поголем дел од публиката за да се предизвика негативна реакција во однос на политичките процеси. Кога имате однапред поставена цел, сè што треба да се направи е рамката на таа цел да се пополни со содржина што ќе ја оправда целта. Но, таа постапка не e новинарска. Линк до оригиналниот напис: Еве која увезена банда стои зад Шарената револуција на СДСМ и Заев Датум и време на објавување: 25.04.2016 Датум на рецензирање: 28.04.2016 Рецензент: Зоран

Бесмислена новинарска сторија

на 25. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Зошто сите предмети на СЈО започнуваат на буквата Т?] Наместо да прочитаме разложен текст за тоа зошто сите досегашни предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат на буквата „Т“, доживуваме разочарување зашто целата новинарска сторија на оваа тема се потпира на шпекулација и на дополнителна мистификација. Штета! Зашто прашањето е навистина занимливо и скокотливо, и, секако, тоа го прави од интерес за јавноста. Легитимно прашање за новинарска љубопитност бидејки, колку што е рецензентот информиран, досега не сме сретнале новинарски текст што се занимава со него. За жал, ќе си дозволиме да оцениме дека пристапот што го има овој текст, го прави бесмислен од повеќе аспекти кога станува збор за стандардните новинарски постапки кога треба да се добијат одговори за

Брзината ги убива веста и довербата

на 22. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: МВР ја наполни зградата на МРТ со оружје]

  Новинарите се потпираат на една од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите. Објективноста и избалансираноста се неопходни за да не се доведе во прашање точноста на информацијата, заради потребата од брзина. Да се биде прв. Таа особина е човечката слабост кај новинарите. Затое се вели дека методологијата е објективна, а не новинарот. Ова е особено, суштински важно, кога станува збор за информации што произлегуваат или се поврзани од настани во кризни ситуации, од конфликти и од војни. Никогаш не смее да се злоупотребуваат емоциите или чувствата на луѓето, нивниото незнаење или неспособност за расудување. Не смее да се заборави дека луѓето во состојба на шок

Еден Грк и „магија се стори“

на 20. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола]

  Како „еден Грк“ да стане „Грци во подршка на насилните протести во Битола“? Едноставно: Земаш „еден Грк“, го мултиплицираш во „Грци“ и го ставаш во новинарска приказна во која ги додаваш сите други „мирудии“ за да ги увериш читателите дека Грција и нејзините граѓани се скриената сила зад протестите во Битола! Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола Датум и време на објавување: 18.04.2016 Датум на рецензирање: 20.04.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ

„Грци во поддршка на насилните протести во Битола. Марвакис Атанасиос 54 годишен жител на Солун е најредовен на насилните протести кои ги организира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во

Претплатете се за најнови вести