verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Нема шизик без ризик

на 14. 04. 2016 | |
[Рецензија: Одлуката на Иванов била детално договарана?] Што е спорно во овој текст? Анонимниот извор од ВМРО-ДПМНЕ. Иако не се исклучени како легитимни извори во новинарството, лекциите велат вакви извори да се користат само во исклучителни ситуации и тоагш кога се исцрпени сите можности и убедувања изворот да зборува со име и со презиме. Две причини, како исклучок, го потврдуваат ова правило. Прво, одете и убедете некој од една крајно контролирана партиска структура да зборува јавно. Невозможно. Второ, имаме пред нас медиум кој заради својата репутација и заради својот углед никогаш нема да дозволи анонимниот извор да биде виртуелен, измислен. Можам да тврдам дека уредниците на медиумот инсистирале да знаат кој е анонимниот извор и да биде „ковертиран“. Такви се

Непотребен и безобразен сексизам

на 11. 04. 2016 | |
[Рецензија: Стоилов: Игравме како п..ки!] Поместувањето на границите на слободата на изразувањето не нешто што е апсолутно дозволено. Секогаш оди со духот на времето, но, исто така, секогаш погледнува наоколу за да провери дали следниот чекор во освојувањето на слободата нарушува некоја друга слобода и достоинство. Во новинарството зборовите се атоми на комуникацијата. Тие не се секогаш еднозначни,  а историјата, искуството, контекстот, стереотипите, културните разлики, дискриминацијата и нетолеранцијата, направиле некои зборови да се злоупотребуваат и да им се дава значење кое навредува. Таков збор е употребен во насловот и во пренесената изјава во дел од медиумите денеска. Тој збор со право предизвика реакции зашто е навредлив, сексистички и шовинистички кон жените. Дали новинарите и медиумите треба да пренесуваат сè и

Ширење стравови со предумисла

на 8. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Врие полиција во Скопје, дел од улиците затворени – надлетуваат хеликоптери] Еве го коментарот на нашиот читател придружен на предлогот да го рецензираме овој текст: „Овие евтини трикови ги поминуваат сите граници на просто изживување со нервите на нормалните читатели. Врие од полиција веќе секој втор ден, но тоа го знае секој што живее или бил во Скопје последниот месец поради „спектаклот“ за судењето околу Диво насеље. Ваков наслов да ставиш денес, во таква зовриена атмосфера е изживување, потсмејување, море д… во здрав мозок“. Сосема е во право нашиот читател. Насловот е навистина сензационалистички и воопшто не е соодветен на заклучокот што некој може да го изведе од него, со реалната ситуација. Чиста манипулација заради читаност. Препораките за добро

Гајба, пиво и „чанче муабет“

на 7. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции] Како прво, не се знае дали е ова анализа, извештај, коментар, мислење… Многу повеќе личи на вторите наведени жанрови.   Линк до оригиналниот напис: Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции Датум и време на објавување: 05.04.2016, 22:17 Датум на рецензирање: 07.04.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

БРОЈКИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ

Коментарите извираат речиси во секој пасус и се интегрирани во текстот. Всушност, целиот текст е коментар. Како второ, манипулира со бројки како истресени од ракав, што не е никако дозволиво ако станува збор за сериозен медиум: „Заев и т.н. здружена опозиција, составена од ситни партии кои заедно не тежат ниту 1000 гласа на македонската политичка сцена

Мутант од новинарски текст

на 6. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Бејли: Сега е најдобро време да се реши името!]

  Повторно се мешаат лончиња. Треба да се запамети: во лончиња за млеко не се става вино. Следствено, во формат на извештај не се ставаат коментари. Па, уште така „франкенштајнски“ накалемени. На ништо не личи тоа! Едно од основните правила во новинарството е еден настан – еден извештај! Во извештајот може да се навести секундарна или друга тема, но таа тема е за друг извештај, сторија, коментар… Што и да е, во зависност од одлуката на новинарот или уредникот, или од самата содржина која си ја бара најсоодветната форма.  Значи, ние, вусшност, од овој текст, како извешатј од настан, треба(ше) да добиеме информација за најважните пораки и поенти од тој

Линч во живо: Медиумите и презумцијата на невиност

на 29. 03. 2016 | | sq
При снимање на приведување на осомничени, лицата треба да бидат затемнети. Фото: МВР – од вежба на полицијата  

Каде се спојуваат почитувањето на правата на осомничените и правото на јавноста на знае? Дали медиумите се асистенти на џелатите за политичка егзекуција?

  Пишува: Зоран Бојаровски   Полумрак е. Само што не осамнало… На местото на настанот се препознаваат сенките на полициските специјалци. Лицата им се покриени со маски. Заштитни

„Келнерот“ ја испорача реклама-нарачката

на 25. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски фаворизиран од еден од најтиражните дневни весници во САД]

  Два непобтни факти ја почнуваат и ја завршуваат оваа рецензија. Како прво, фактот дека овој текст е објавен на страницата „Мислења“ (Opinion), што е видливо во горниот десен агол на принтскринот објавен во весникот каде што е пренесено ова мислење. Како второ, фактот дека Џејсон Кац (Jason Katz), авторот на ова мислење, не е вработен во „Вашингтон тајмс“. Џејсон Кац е директор на компанијата за односи со јавноста „Тул Шед груп“, експерт за стратегиски комуникации и политички советник и поранешен извршен директор за односи со јавноста на Американскиот Еврејски комитет. Сето ова го пишува во дисклејмерот на крајот од текстот, мислењето на Кац за политичката ситуација, објавено во

Како да се препознаат медиумски с’скачи

на 17. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Филип Петровски: „Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација“]

  Нема премногу да се задржуваме на медиумската содржина што ја рецензираме. Таа ги поништува сите, буквално сите новинарски професионални стандарди. Оваа рецензија се прави само за да им се овозможи на читателите уште еднаш да ги препознаат (не)новинарските постапки на една пропагандистичка, пристрасна, клеветничка и с’скачка медиумска објава. Впрочем, дека тоа публиката веќе го препознава, сведочи и фактот што оваа рецензија е на предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите во медиумите“. Линк до оригиналниот напис: Филип Петровски: „Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација“ Датум и време на објавување: 14.03.2016, 06:35 Датум на рецензирање: 17.03.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски

Новинарите не треба да го заборават Холокаустот

на 17. 03. 2016 | | en
Меморијалниот музеј на Холокаустот во Берлин. Од фото-архивата на авторот
 

Историјата нè учи дека злото триумфира тогаш кога добрите луѓе молчат. Вусшност, тој што молчи, а го препознава злото, и не е добар човек. Следствено, новинарите што молчат – не се добри новинари

  Пишува: Зоран Бојаровски   Од само ним познати причини, во светот постојат организации, групи и поединци, кои би сакале или целосно да ја искриват вистината

Изместен фокус

на 11. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: За СДСМ, сите спорни адреси веќе се фантоми-гласачи]

  Една од класичните постапки на пропагандата е изместувањето на фокусот. Најприменлив амбиент за оваа постапка се медиумите. Тие можат вниманието на јавноста да го пренасочат, да го дефокусираат од клучната точка на проблемот кон нешто друго. Нешто што е по мерка на тие што нарачуваат вакви постапки од медиумите. Неколку елементи од медиумската содржина што ја рецензираме укажуваат на тоа дека и во неа препознаваме таква постапка. Имено, главната теза на овој текст е дека опозицијата треба да ја докаже реалноста на фантомските гласачи, што е класично изместување на фокусот. Масовната бројка на фантомски гласачи што овие денови испливаа на површина, откако беше објавена апликацијата за проверка на избирачкиот список,

Претплатете се за најнови вести