verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бесмислена новинарска сторија

on 25 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vecher

[Рецензија: Зошто сите предмети на СЈО започнуваат на буквата Т?]

Наместо да прочитаме разложен текст за тоа зошто сите досегашни предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат на буквата „Т“, доживуваме разочарување зашто целата новинарска сторија на оваа тема се потпира на шпекулација и на дополнителна мистификација.

Штета! Зашто прашањето е навистина занимливо и скокотливо, и, секако, тоа го прави од интерес за јавноста. Легитимно прашање за новинарска љубопитност бидејки, колку што е рецензентот информиран, досега не сме сретнале новинарски текст што се занимава со него.

За жал, ќе си дозволиме да оцениме дека пристапот што го има овој текст, го прави бесмислен од повеќе аспекти кога станува збор за стандардните новинарски постапки кога треба да се добијат одговори за прашања од интерес на јавноста.

Првата постапка е сосема едноставна и сосема логична – да се праша во СЈО.

04252016 Vecer TЛинк до оригиналниот напис: Зошто сите предмети на СЈО започнуваат на буквата Т?

Датум и време на објавување: 22.04.2016 – 17:30

Датум на рецензирање: 25.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„Т“ КАКО ТРИ ОБВИНИТЕЛКИ!

Тоа е логичниот прв чекор за кој не би требало да има некои пречки, со оглед на тоа дека не веруваме дека таа тема, зошто предметите на СЈО се именуваат со буквата „Т“, секако не е предмет на истрага.

Наместо тоа, авторот на овој текст се свртел кон езотеријата, односно, тргнал да го истражува симболот „Т“ во речникот на езотериските термини и оттаму е изведено ова толкување: „ зборот Тријада е на Т и ги означува трите обвинителки“!

„Тријатада, меѓу другото, означува постојана тројка на еволуциски атоми и молекули кои ја подржуваат монадата (едновалентна супстанца)…“

Сметаме дека овој клучен цитат од текстот не заслужува одговор, зашто нема методологија која може да препознае во кои рамки и според кој кодекс на професионалното новинарство ќе вреднува еден ваков заклучок.

Сепак, не смееме да пропуштиме да се повикаме на членот 14 од Кодексот на новинарите кој вели:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Има тука уште и коментари кои се неиздвоени, а се вградени во текстот, има спинување…

И, на крајот, но не како најмалку важно, туку, напротив, како особено важно, рецензијата на овој текст е направена по сугестија на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести