verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Нема да ви се верува што гатаат новинарските „баба Ванѓи“

на 29. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Баба Ванѓа предвиде: Европа исчезнува во 2016!] Со каков „новинарски“ текст си имате работа ќе ви стане јасно уште по првиот негов пасус. Еве, уверете се сами: „Во Европа во 2016 година речиси да ќе нема никаков живот, континетото ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде речиси ненанселена, а пред тоа ќе се случат низа катастрофи, предвиде пророчицата Ванѓа чии визии се сотваруваа во скоро 85 проценти од случаите.“ И внимавајте сега! Не само што Европа не е опустошена и ненаселена, што е општо познат факт дури и за „новинарите гатачи“, истите тие и во завршницата на реченицата не отстапуваат од нивната идеја дека визиите на Ванѓа се „остваруваат во 85 проценти од случаите“. Оваa констатација, дека 85

Новинарството не е алхемија

на 28. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Османлиските архиви докажаа: Македонија никогаш не била грчка!]

  Новинарите не мора да знаат сѐ и сешто. Најважно е да бараат на вистинските места, а кога ќе најдат индиции, факти, документи, приказни… што било што во себе содржи некоја интригантна информација, таа информација треба да се претвори во медиумски вредна содржина. Значи, не е секоја информација со потенцијал да биде вест, да биде медиумски вредна содржина. Дури и кога ќе наиде на таква информација, новинарот треба да ја совлада сопствената суета и да побара мислење од некој експерт, познавач, кој ќе му потврди дека информацијата може да метаморофозира во вест. И уште повеќе, во атрактивна, релевантна вест која е од интерес за медиумската публика. Кога новинарите немаат таква

Корумпирање на новинарските стандарди

на 27. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Комуњари и соросоиди, засрамете се!]

Почнувајќи од наднасловот и од насловот и вклучувајќи ги сите други елементи од содржината на овој текст, тој ги има сите елементи на мислење или коментар. Но, со оглед на тоа дека не е така означен, истите тие елементи повторно го прават овој извештај, ретроспекција, што и да е, политички едностран и определен и со тоа е доведен во прашање неговиот интегритет како професионален новинарски продукт. Но, „што и да е“ не е доволно кога станува збор за определувањето на новинарските жанрови. Се разбира, тие не се догма, еднаш засекогаш дадени, но постојат одредени правила кои мора да се следат, дури и во практикувањето на слободата. Тие, по правило, произлегуваат од кодексите на новинарите.

Oд гoвoр нa oмрaзa дo нaсилствo имa сaмo еден чекoр

на 24. 06. 2016 | | en
Говорот на омраза не е слобода на говор. Фото: „Гугл“
 

Судот и обвинителството востановија феномен на неказнивост, кој создаде правна несигурност кај граѓаните и висок степен на недоверба кон органите надлежни за спроведување на правдата во Република Македонија. Зборуваме за говор на омраза, мошне сериозна појава која продуцира насилство и дела од омраза

  Пишува: Зоран Бојаровски   Одлуката на Вишото јавно обвинителство, со која се изнесува мислење дека

Ќе се изненадите колку неписмен текст…

на 22. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Ќе се изненадите – еве што гледаат Македонците на Јутјуб најмногу] Дури е и неверојатно дека мораме да пишуваме рецензија заради елементарна неписменост изразена во толкаво количество во еден новинарски текст. Написот се иснпирирал од една нова алатка на видеоканалот „Ју тјуб“, „трендинг“, која нуди преглед на најгледаните видеозаписи во една земја. Еве ја реченицата од текстот што го објаснува концептот на „Јутјуб“: „Тој овозможува луѓето со креативни идеји и видео клипови а потпишат договор и нивната работа да биде наплатен во склад со бројот на прегледи“. Навистина премногу правописни, синтаксички и логички грешки во само една реченица. Ова само покажува до кој степен потфрлил целосниот систем на проверки што е елементарна обврска на редакциската структура. Од новинар, преку

Малициозна и спинерска намера

на 21. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Шарената револуција до своите членови: Денес не се дрогирајте] Многу е сериозна, одговорна и, над сè, значајна новинарската професија. Она, автентичното, добронамерно и професионално новинарство. Овие негови димензии се содржани во преамбулата на Кодексот на новинарите: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Но, само во три реченици, од колку што се состои медиумската содржина што ја рецензираме, се прекршени најмалку три одредби од Kодексот. Во само три реченици се саморазоткриваат малициозноста и спинерската намера на оваа

Скепсата е составен дел на новинарството

на 20. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Самоуправувачки велосипед што го фасцинираше светот] Што ви говори за професионалноста и за посвeтеноста кога еден медиум ќе објави првопарилска шега на 9 јуни и тоа како вистина? Во океанот од медиуми и од информации денес, треба да се биде прилично вешт за да не се проголта јадицата на која има убава, шарена, мирислива мамка која ветува многу кликнувања. Понекогаш за да се избегне таквата мамка, потребно е малку повеќе знаење, вештина, професионалност и – љубопитност и скепса. Овие две последни особини денеска најмногу им недостигаат на медиумските професионалци и на нивните медиуми. Првоаприлската корпоративна шега на „Гугл“ за самоуправувачкиот велосипед со далечинска контрола е толку добра што навистина ја исполни својата намена. Да се пошегува на 1 април.

Каде видоа повик на крвопролевање?

на 16. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Американска телевизија повикува на крвопролевање на Балканот] Во механизмите на пропагандата има еден познат принцип кога „сто пати повторената лага, станува вистина“. Раководено од една таква максима, пропагандистичкото новинарство упорствува на позицијата на непрофесионализам, односно, многу поточно, на слугувањето на пропагандата. Но, тој принцип на пропагандата има и свои контраефеткти, нуспроизводи, кога изворот на пропагандата почнува да верува во сопствените лаги. Тоа е таа забегана фаза, чии симптоми ги препознаваме во медиумската содржина што ја рецензираме. Како прво, неколку лажни факти изнесени во овој текст: N1 не е американска компанија. Се работи за мултинационална ТВ-компанија, регистрирана како регионална и локална ТВ-платформа (ТВ, веб, мобилна) со интернационален капитал, во кој удел има и Европската банка за обнова и развој. Мрежата

Од другата страна на црвената линија на пристрасноста

на 15. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: ЕУ и САД тргнаа да го уриваат Вучиќ] Во својата работа новинарите треба да се потпираат на две од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите, и избалансираност, односно да се обезбеди сеопфатност на информацијата ако таа има повеќе засегнати страни. Концептот за објективност во новинарската професија не подразбира дека новинарите се лишени од предрасуди. Но, објективноста и избалансираноста се неопходни како методологија во нивната секојдневна практика за да не се доведе во прашање точноста на информацијата заради културните и личните предрасуди на новинарите. Методологијата е објективна, а не новинарот. Овој принцип е наведен во поглавјето „Принципи на новинарството“, во „Прирачникот за етика во новинарството“. Оттаму, она што медиумската содржина што ја рецензираме ќе

Шпионот поранешен, вознемирувач сегашен

на 14. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Мејер: Ќе има менување на границите на Балканот] Додека се пишуваат новинарските текстови, секогаш треба да се имаат на ум последиците што еден напис може да ги предизвика. Колку се поголеми потенцијланите последици од една медиумска содржина, толку поголема треба да биде одговорноста на новинарите. Тоа особено се однесува на содржини, теми, што можат да предизвикаат вознемиреност. Таков е текстот што го рецензираме. Самиот негов наслов, „Ќе има менување на границите на Балканот“, веднаш укажува дека оваа тема бара посебен третман. Ништо не треба да се подложи на цензура или автоцензура, но кога веќе до таа мера ни е дадена слободата, дотолку повеќе нам, новинарите, ни се наложува одговорноста. Линк до оригиналниот напис: Мејер: Ќе има менување на

Претплатете се за најнови вести