verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Доследност во пропагандата

на 13. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Џорџ Сорос пере раце од Македонија!] Многу е важно еден новинар или медиум да бидат доследни. Доследноста на ставовите се постигнува со претходно добро избрани извори, кои задолжително треба да ги инволвираат сите страни, добро и двојно или тројно проверени факти, кои ќе демонстрираат сеопфатност и избалансираност. Се разбира, доследноста не е догма. Може да се случи и да се погреши или околностите да покажат дека некој од изворите манипулирал… Тогаш е најдобро да се признае грешката и да се поправат нештата. Ако треба, не е страшно и извинувањето. Подолго време медиумот што ја објави медиумската содржина што ја рецензираме ја афирмираше тезата дека Џорџ Сорос ја генерира политичката криза во Македонија. Во недеогледната серија текстови, освен неговото име,

Кога медиумот крши ’рбет

на 8. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев повторно ја витка „кичмата“: Македонија ја провоцира Грција, мора да направиме отстапки]

Колку пати може да се скрши еден ’рбет. Со помош на пропагандата и со едностраното, пристрасно новинарство – илјадници пати. Колку пати сакаш! Пред нас е медиумска содржина која е изведена од интервју на лидерот на опозицијата во Македонија за една странска агенција. Освен што нема линк до интервјуто за да се види дека е реално и за да се добие можност читателите да добијат увид во сите аспекти опфатени во ова интервју, текстот што го рецензираме вади само една поента од тој разговор и го става во рамка со предумисла да ги прикаже како проблематични поентите на интервјуираниот. Како дојдовме до тој заклучок? Многу едноставно.

Нема да верувате: Се превртел во гробот неколкупати!

на 7. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Дедо му ќе се превртува во гробот да знае дека внук му бара бугарски корени] Животот и секојдневието на граѓаните се исполнети со теми кои заслужуваат новинарска опсервација. Еден од критериумите за нешто да биде вредно за новинарска сторија  е влијанието. Односно, влијанието и последиците од некој општествен феномен. Доколку тој феномен е поврзан со широка опфатеност меѓу граѓаните, имате легитимна и атрактивна тема за пишување. Но, ако на една таква приказна, која исполнува толку атрактивни критериуми како масовната побарувачка на бугарски пасоши, ѝ пријдете површно и еднострано, како прво ја упропастувате шансата што ви е дадена да напишете добра, влијателна новинарска приказна која засегнува голем дел од публиката, и, второ, се ставате во редот на непрофесионалците. Такви симптоми

Трите кода – ликот на претседателката на СЈО, лидерот на СДСМ и логото на партијата

на 6. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено] Првото укажување на недоследностите на оваа медиумска содржина се однесува на амбиентот во кој е создадена. Ако направите преглед на објавените текстови поврзани со прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство одржана на 3 јуни, веднаш ќе видите дека ниту една содржина не е информација, вест, извештај, за темата на таа прес-конференција. Ниту една. Наместо извештај од таа прес-конференција, објавени се десетина медиумски содржини кои на различни начини го проблематизираат и го поврзуваат работењето на оваа институција со теми кои, очигледно, имаат цел да го нарушат нејзиниот углед и целта што му е дадена. Линк до оригиналниот напис: СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено Датум

Демонизација и одмазда

на 3. 06. 2016 | | sq
  [Рецензија: Шарените почнаа да работат и против себе!]   Широк  е спектарот на манипулациите на пропагандата. Најстрашно е кога во нив учествуваат и медиумите Една од основните особини на новинарските содржини е да имаат во себе некоја новина. Кога веќе се објавуваат, да понудат нешто што било различно од вчера. Што донесува ново оваа медиумска содржина? Ништо. Најважните поенти во текстот се дека протестите на улиците во Скопје и во другите градови, се во организација на СДСМ и на „СОРОС“. Ова „СОРОС“ е интересно зашто секогаш се пишува со големи букви, а воопшто не е акроним, кратенка од нешто, и никогаш не е објаснето што значи тоа „СОРОС“. Официјалниот организатор, граѓанската иницијатива „Протестирам”, е само параван, додека вистинскиот организатор

Партијата – Нејзиниот крај

на 2. 06. 2016 | |
Од партиската колекција на ВМРО-ДПМНЕ во подготовка. Фото: НоваТВ   Пишува: Зоран Бојаровски   Во Македонија, како и во повеќе земји во Европа, „окупирај“ и „обоените“ револуции се одговор на немањето волја и на ароганцијата на лидерите на политичките партии на власт, да го прифатат компромисот како единствен функционален резултат во репрезентативните, парлементарните демократии, кои се соочуваат со крајот на нивната ера. Крајот на ерата која компромисот го претвори во

Сензационализам без причина и без чувствителност

на 1. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: ФОТО: Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија] Ако во оваа рецензија почнеме од насловот на оваа медиумска содржина: „Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија“, и ако потоа стигнеме, живи и здрави, до епилогот и на настанот и на текстот: „Тој не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале повреди, биле префрлени во клиниките, а потоа сите пуштени на домашно лекување“, на ова кратко патување ќе се соочиме со бескрајната провалија меѓу професионализмот и сензационализмот без причина. Навистина, воопшто не е за потценување сообраќајката и, за среќа, учесниците во неа поминале многу подобро отколку што можело да биде, ама вака да се надува наслов е – жива измама!

Медиумите во Потемкин-демократијата

на 31. 05. 2016 | |
Принцот Григориј Потемкин и неговиот поглед на „Скопје 2014“. Фото: Википедија/скриншот  

Демократските капацитети на поранешниот премиер не се истите како оние на Република Македонија и на еден сериозен дел од граѓаните на Македонија кои ја бојат „Шарената револуција“. Неосновано е да се тврди дека Македонија не може да биде модерна демократска и граѓанска држава

  Пишува: Зоран Бојаровски   Потемкин, Потемкинови села: Во политиката и во економијата, под Потемкинови

Навреди за сопствената публика!

на 27. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев и Шекеринска се посебни, ние другите сме стока] Едно од елементарните правила и една од првите лекции во новинарството е дека на прашањата на новинарите одговораат директно засегнатите, овластените, експертите или авторитетите. Изборот е токму по тој редослед. Текстот што го рецензираме не ги познава овие правила и лекции и си одговара сам себеси. Еве, повелете: „Дали појавувањето на Зоран Заев и Радмила Шеkеринска, првите две виолини во СДСМ, на завчерашниот протест во Скопје и фрлањето балони со боја врз Министерството за правда од нивна страна не е смислен потег со кој раководството на СДСМ сака да искористи уште една привилегија од македонските институции повикувајќи се на својата политичка позиција на предводници на опозицијата? „Нека ги казнат Зоран

Поттикнување омраза

на 25. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Хулиганите ги стигнува правдата за штетата од над 200.000 евра: Професорот Калајџиев повикан во полиција] Најмалку пет од 17 членови на Кодексот на новинарите се прекршени со оваа медиумска содржина. Кога ќе се земе предвид овој факт, станува збор за сериозна девијација од професионалните новинарски стандарди. На тоа треба јасно да се укаже и да се аргументираат нотираните отстапувања за да можат граѓаните, публиката, да добијат прецизна, контрастирана слика за медиумската содржина која, како таква, нема место во витрината на професионалното етички коректно новинарство. Првиот доминантен отскок од неопходниот минимум стандарди е политичката пристрасност. Почнувајќи од насловот, додавајќи ја отворената политичка обоеност во речиси сите реченици на овој текст. Во таа смисла, членот 14 од Кодексот е многу прецизен:

Претплатете се за најнови вести