verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Фото: Али Ахмети е Србин?

на 5. 11. 2013 | | sq
Во воведот на оваа рецензија ви ја пренесуваме целата вест што ја рецензираме тука. Таа има вкупно три реченици, од кои две се во прашална форма: Дали е ова монтажа или реалност? (Фотографија) Најдовме фотографија од познатиот политичар од Македонија од албанските редови, за која се запрашавме дали е ова монтажа или навистина познатиот политичар Ахмети имал бурно минато, како што може да се забележи и од фотографијата. Што мислите вие што се крие позади фотографијава? Главната „јадица„ на оваа новинарска „вест“ е, всушност, фотографијата од копија од наводната патна исправа или лична карта, сеедно, што му била издадена на Али Ахмети со име Александар Антиќ. Фотографијата и „досието Ибар“ каде што беше објавена, во 2010 година беа лиферувани во

Рецензија: Фото: Најлошиот случај на канибализам – човек јаде живо бебе пред камери!

на 4. 11. 2013 | |
Одамна е докажано, низ научни постапки, дека медиумите влијаат врз формирањето на мислењето, навиките и однесувањето на луѓето. Зборот, фотографијата, видеото, и другите графички содржини имаат моќ да предизвикаат неконтролирани емоции доколку исто неконтролирано се пласираат во средствата за јавно информирање. Треба сериозно да се земе предвид предупредувањето објавено на веб страницата на угледното списание „Сајколоџи Тудеј“ (Psychology Today) објавено во текстот „Мозокот, однесувањето и медиумите“ (Brain, Behavior, and Media). Во овој поучен текст се вели дека „вниманието на медиумската публика попушта под силната изложеност на вознемирувачките слики во медиумите. Тоа ја намалува чувствителноста кон насилството, па дури може и да предизвика насилно однесување. Насилството може да биде заразно…“ Звучи предимензионирано, но, релативизирањето на овие медиумски феномени може само да

Рецензија: Василакис предложил „Славјанско-албанска Македонија“!

на 30. 10. 2013 | | sq
Во земја со висок степен на медиумска култура вакви новинарски текстови каков што рецензираме сега не виреат. Но, со оглед на тоа дека медиумската култура стана нов бенчмарк на вреднување во извештаите на Европската унија за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, сосема е очекувано, дури и во еден весник за кој постои перцепција дека е угледен, да се појави текст кој е далеку под сите новинарски стандарди, на една

Рецензија: Македонски парадокс: субвенциите растат, производството опаѓа

на 29. 10. 2013 | | sq
Една од најважните особини на добриот новинар и добрите новинарски практики е „книшкиот“ јазик на извештаите, статистичките податоци и бирократската комуникација, да ја преобразува во разбирлив новинарски текст, достапен за широката публика. Линк до оригиналниот напис: Македонски парадокс: субвенциите растат, производството опаѓа Датум и време на објавување: 28.10.2013 Датум на рецензирање: 28.10.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Текстот во сите негови сегменти се повикува на релевантни пишани извори (Извештај на Комисијата на ЕУ),  и други извори со висок кредибилитет од кои се очекува да ја зборуваат вистината. Извори на информации: Никој не бара од новинарите да бидат експерти за некоја област. Она што го краси добриот новинар да пронаоѓа теми од јавен интерес дури и таму каде што тие, намерно или

Рецензија: Голи од Солунска глава пратеници на ВМРО-ДПМНЕ испратија честитка за денот на ВМРО

на 28. 10. 2013 | |
Дали секоја информација заслужува да биде медиумска вест. Одамна е утврдено, а добро е повремено да се потсетуваме на најважните критериуми кои определуваат една информација да биде медиумски вредна (newsworthy). Овие критериуми неодамна тука со нас ги сподeли и колешката Билјана Илиќ, која во новинарската лекција под наслов „Зошто шлицот на Груевски стана вест на денот?“ укажува дека за една информацијата да се „квалификува” да стане вест, таа треба да содржи новост, да има влијание врз луѓето (импакт што може да се одбрани и да се измери – колку повеќе луѓе се засегнати од веста, толку таа повеќе вреди), да се однесува на настан или на состојба која е што поблиску до нас (блискост), да се однесува на познати луѓе

Рецензија: И австриски медиуми ги прoчитаа вистинските мотиви за апсењето на Шиповиќ

на 24. 10. 2013 | |
Почит кон вистината и кон правото на публиката на таа вистина е темелниот принцип на едно професионално и одговорно новинарство. Новинарите пренесуваат информации, идеи и мислења. Откриваат и укажуваат. Во новинарите се инкарнира слободата на изразувањето, но и одговорноста таа слобода да не се злоупотребува. Без разлика дали работат во јавен или приватен медиум, сите делат иста јавна одговорност. За жал, овие основни етички принципи на новинарството некои припадници на професијата сѐ уште ги компромитираат. Линк до оригиналниот напис: И австриски медиуми ги прoчитаа вистинските мотиви за апсењето на Шиповиќ Датум и време на објавување: 20.10.2013 Датум на рецензирање: 21.10.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Непрофесионалното и неодговорно преземање на „вест“ од еден крајно нерелевантен извор и неговo неодговорно пренесување создал

Рецензија: Младоженецот се спасил во последен момент – нови детали за сообраќајката кај Рампа

на 21. 10. 2013 | | sq
Оваа рецензија има за цел да укаже на тоа како една умерена и одмерена новинарска сторија со наслов „Кобниот пат од Капиштец до Кисела Вода“ во еден наш печатен медиум (објавена и на електронското издание на медиумот), се претвора во сензационалистички во друг онлајн медиум и, соодветно да потсети на погубноста од феноменот копи-пејст новинарство кое го преплави македонскиот интернет простор, како и на уште една – можеби и поважна работа – дополнителната траума на жртвите и на најблиските на жртвите од новинските написи кога се известува за трагични настани. Линк до оригиналниот напис: Младоженецот се спасил во последен момент – нови детали за сообраќајката кај Рампа Датум и време на објавување: 15.10.2013 Датум на рецензирање: 17.10.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски

Рецензија: Патеки за велосипеди има, возачка култура нема

на 17. 10. 2013 | |
Има рубрики и места во структурата на еден медиум кои секојдневно треба да се исполнуваат со квалитетни новинарски содржини кои не се врзани за дневни важни настани, или за теми кои не се од особена егзистеннцијална или политичка важност. Но, и тие новинарски текстови, стории, репортажи, белешки… подлежат на истите професионални и етички новинарски стандарди. Мора да бидат исполнети сите принципи и правила. Линк до оригиналниот напис: Патеки за велосипеди има, возачка култура нема Датум и време на објавување: 14.10.2013 Датум на рецензирање: 16.10.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Текстот нема проблеми со вистинитоста, но таа не е целосна и за тоа повеќе пишуваме во делот за „Содржајност“. Извори на информации: Нема извор од Oпштина Центар, не се консултирани возачите на

Рецензија: ЕУ по примерот на НАТО: Решен спор за името, па интеграција

на 14. 10. 2013 | |
Лекциите по новинарство служат за нешто да се научи од нив. За жал, на лекцијата со наслов „Агенциите кон извештаите мора да пристапуваат со поголема одговорност“ не ѝ веруваат во јавната информативна агенција и ја игнорираат, иако таа лекција е поттикната од една претходна вест токму од оваа новинска агенција. И во овој текст има манипулација со вистината, односно пласирана е невистина и внесен е коментар кој не е соодветен на високите стандарди што треба да ги исполнува една новинарска вест или извештај. Особено кога доаѓа од новинска агенција, зашто, како што вели колегата Љубомир Костовски, „агенциските статии се пренесуваат од многу корисници, и новинарите, кои известуваат за настани за одредени агенции или нивни сервиси, секогаш имаат поголема одговорност кон

Рецензија: Што се подразбира под „медиумска култура“?

на 12. 10. 2013 | |
Според Даглас Келнер (“Media Culture”, Douglas Kellner, Routledge, 2003), „медиумската култура користи слики, звуци и претстави, кои ги формираат содржините на секојдневниот живот, доминираат со слободното време, ги оформуваат политичките гледишта, општественото однесување. Содржини што го обликуваат идентитетот на луѓето. Овие содржини преку филмот, радиото, телевизијата (електронските медиуми, м. з.) создаваат модели кои одредуваат како треба да изгледаат мажите, како жените, што е успех, а што неуспех. Со содржините на медиумската култура се формираат сфаќања за класите, етничката припадност, националност, сексуланост. Медумската култура ги формира општествените вредности, доминантните ставови – што е добро, а што е лошо, што е морално, а што неморално, позитивно или не. Сликите во медиумите се симболи или митови што ја прават општата културна клима. Со

Претплатете се за најнови вести